Во Аеродром е поликлиниката. Можеш да отидеш таму со 5, 23, 15. Има уште 2 автобуси, ама не ми текнува кои се.
На Тобако 2, втората станица после железничка. После ќе мора да прашаш некој да те упати за правецот бидејќи е помеѓу зградите и имаш уште 5мин пешки.
Се молат шоферите на автобусот со број 22 да внимаваат како возат. Нека имаат в предвид дека возат луѓе, а не вреќа компири. Да се немало осет.
Не е само автобусот со број 22 има и во останатите автобуси возачи оперирани од чувство за притискање на сопирачката. На еден дедо во 23 му ги растури портокалите низ автобус кога нагло закочи .
Хахаха. Без осет се. Пред извесно време ја имав таа чест да ме вози несовесен шофер. Малку фалеше да се стркалам по скалите. Двокатен беше автобусот. Една жена се изнервира и почна да му се дере. А он абер нема да вози поспоро.
На постојката кај Институтот за медицина на трудот. Во тој правец на неколку метри се наоѓа и клиниката.
Здраво, Не знам точно колку станици има зошто не сум се возела, но нема теорија да не го видиш студентскиот, голема стара зграда/повеќе исти згради, има автобуска пред него, а и следната е подоле после раскрсницата. Тој е долг булевар и не знам колку станици има, а ако некој има кој се вози и знае нека пише.
@jagotka123 Ако знаеш како изгледа објектот (стара и висока зграда), нема потреба да броиш станици. На самата постојка каде што треба да се симнеш пишува Студентски дом Гоце Делчев. Се наоѓа на неколку метри од зградата и се гледа од автобус.
Си наополнив 105 денари на картичката и коа ми дадоа фискална и едно лифче видов дека ми го згрешиле презимето?(на тоа лифчето пишеше, колку пари ставаш, дата, име и други податоци) Има ли некаква врска, да им кажам да поправат или?