Вртиш на 185 и го доближуваш телефонот до апаратчето (она на кое се куцаат картичките). Тоа ќе отчита и ќе покаже дека било успешно плаќањето, а и ти ќе добиеш потврдна СМС порака која ќе треба да ја чуваш во целиот тек на возењето за да ја покажеш доколку влезе контрола.
Појди на http://info.skopska.mk/lines внеси линија број 60, лево отвори ја drop down листата на станици, смени насока по избор, скролај до саканата станица, по бројот и името на станицата десно, има две опции, претставени како мали икони, едната е пин - таа ќе ти отвори на мапа каде се наоѓа кликнатата станица и по неа има календарче - тоа е распоред.
Пробав да платам во автобус од телефон и ми пишува "Одбиено" под тоа имаше некој нејасен текст дека не е одобрено и на крајот "Грешка:6" знаете ли за што се работи?
Дали сабота работат таму јсп кај железничка што е? За следна сабота прашувам, 1ви септември ќе е, ваљда ќе може слободните да ги активираме веќе?
Дали на некој му се случило ова?Два дена е океј после 3 недели ова ми се дешава.Не можам да проверам 5ка кога има а итно ми е
Батали тоа, користи http://info.skopska.mk работи и на мобилен и на компјутер и не треба да инсталираш ништо додатно.
Индекс со запишан семестар и потврда за редовен студент ти треба, 200 денари за да те сликаат, друго не се плаќа