Ужас...искрено на стари лица можеби не секогаш ама на трудници секогаш станувам.Јас така би му отишла на шоферот напред и ќе го отерам во неповрат, бунтовна сум како личност и секогаш се карам во автобус бидејќи има ликови кои мислат дека автобусот е на татко им.Епа тоа кај мене не проаѓа.Не преќутувам ни на млад ни на стар ни наш ни на никој.Никој не е дужен да трпи исфрустрирани карактери, има псхилози психијатри нека си побараат помош ако им треба.Кога можам пешки да одам или со такси максимално гледам да избегнам автобуси.Треба да се стави РЕД.А и контролорите се за НИГДЕ.
Да на трудници секогаш али на стари не секогаш бидејки секој ден шетат од автобус во автобус и скитат по цел ден и на крај се жалат дека неможеле да стојат болни биле,а цел ден може да скитат. Па ние младите сме поболни и по измачени од нив по цел ден работиме 10-12 сати и едвај чекаме бус за да седнеме . Ќутам во бус али ми се има случено на старка да и се изнавикам бидејки пред фаца од позади ми го затвара прозорот а не се диши во него сред лето па чекај бе застани имаш уста прашај може лошо ми е а не како куче некое ми затвара прозор и многу уште вакви ги има,за контролорите да не правиме муабет незнам од каде ги нашле и вработиле али треба прво на психолошки тест да ги стават па после да ги вработуват.
Мене колку пати на влагање ме имаат избуткано со торбите да фатат место...ама бројам до десет пошто ако отворам уста јас цел автобус ќе си искочи.Значи се знае ПРЕДНА врата е за ВЛЕЗ, ЗАДНА за ИЗЛЕЗ мислам дека треба да пишува на вратите пошто изгледа народов е ГЛУПАВ.И нешто што највеќе ме нервира сега не седнуваат до прозор туку поред патот за проаѓање и така никој не седнува, или торбите ги ставаат на почесно место Мислиш дијаманти пренесува низ Скопјево.Јас на една фино лепо торбите за рачка симнување доле на земја, и си седнав и уште вака ме зјапа се чуди госпожата..мене може битно да ми паѓа кичмата од ранецот со тетратки и книги, а компирите и кромидот на почесно место?Епа не може.
Народот не е глуп. Автобусите се глупи. Оди во најголемата гужва и истуркај се до задна врата на двокатен да те видам. Споменик ќе ти направам. И крајно непристојно е да фаќаш туѓи торби. Имаш уста, ќе речеш - може да ги тргнете торбите за да седнам? Ако ти рече дека не може, тогаш е друга работа. Може во торбата носи јајца или јагоди. Која си ти на земја да и ги фрлаш торбите наполнети со тешко заработени пари, каде што од јајцата може ќе направиш кајгана а од јагодите сок?! Млади сте ќе носите ранци, утре и бебе во раце ќе држиш додека стоиш.. ама пристојноста ја нема кај сите млади..
Па кај реков дека и ја ФРЛИВ?Доле и ја симнав она која е да ги става торбите што ги ставала сегде на место ЗА СЕДЕЊЕ?Некој треба да седне таму така?И да од горе во двокатен се имам симнато доле на задна и тоа среде бел ден, а знаеш зашто?Сите се симнуваат на ПРЕДНА, а влагаат на задна.Не ми ги менувај зборовите знам јас убави што сум пишала, немам намера да ФРЛАМ нечии торби првин да пошто може да има нешто кршливо, второ бидејќи неќам ни мене така некој да ми ги фрли.И не со мало дете нема да се крцам без причина по автобусиве.Гледај на телевизија што све не даваат ти мене најде да ми се силиш..или пак не се возиш редовно со автобус ИЛИ имаш челични нерви.Ако е последново јака ти душа, јас немам и нема да ќутам. По болдирано не можев а и да ти не си била таму да знаеш дали сум и ги фрлила или не .Пријатна вечер
Колку сакаш болдирај и фонт 72 стави ако сакаш. Не е битно дали си ги ставила или фрлила...НА ПОД. Кога ставаш нешто туѓо на под покажуваш крајно непочитување кон другиот. Затоа што тоа е под, не е ни маса, ни остава, ниту нешто слично. Знаеш на кого се остава јадењето на под? На улично куче. Па веќе ни на нив не им го оставаат јадењето на под. Им носат кутивчиња тие што ги хранат. Ако сакаш и со сите почести и труби стави и ги ќесите на под, ти сепак си ги оставила на земја..џабе ти се почестите И да од горе во двокатен се симнувам редовно на задна. Така е најлесно. Ама ако си застаната кај вториот ред столчиња долу, оди до задна да те видам. Нема место човек да стои како што треба а не па да се разминат двајца. Чекај кога ќе имаш дете и нема да имаш автомобил. Ќе те видам дали детето ќе го носиш со автобус на вакцина, ќе платиш 1/20 од платата за такси, ќе одиш пешкј .....или сепак ќе си се качиш фино лепо во автобус. Го немаат сите тој луксуз да се возат со такси или да имаат автомобили. Не биди полна со предрасуди, не чини. Без причина се крцала некоја со дете, таа немало да се крца.. многу знаеш која и е причината. И не..немам челични нерви. Родена сум и израсната во Скопје, еве 28 ќе полнам кај и да е. Живеев во странство одредено време, може тоа ме исчеличи и ме научи на почит .. како па да не. За почит се учи од мали нозе... така да... не е до нервите. Имај си убава вечер и размисли за своите постапки. Ако платам 2 карти, значи ли тоа дека можам да ставам 5 ќеси со кромид на столчето до мене? Прва сум си ги фатила, прва сум си седнала.. сум платила за двајца па моите "човеци" спакувани во ќеси ќе седат до мене.. или и нив долу ќе ми ги "спуштиш"
@Feminka22 Ај што има секакви невоспитани старци, има очигледно невоспитани и млади. Која си ти туѓи работи да преместуваш?? Ќе ти паднела круната ако фино лепо си замолела да ги тргнат за да седнеш. Или ранецот внимателно да го оставиш до торбите, а ти да стоиш.
Хахахахах ме истепавте.. Стварите и беа до прозор, а госпожата беше седната кај пролазот.Муабет за жените кои се возат со деца не беше сфатен изгледа...затоа пишав дека ако НЕМА ПРИЧИНА не би се качила со дете во автобус.Не само заради болести и такви работи, затоа што е калакурница.После последното што видов видео како некој момак се самозадоволува во автобус, мене лично ми е гадно да се возам, ама ете МОРАМ.Да ме носи со кола татко ми НЕ МОЖЕ, да одам пешки од дома до школо исто не можам, на кратки релации одам пешки секако. Дасти никој не би платил ДВЕ карти.Верувај ми, знаеш колку контролори пред мене имаат избркано стари луѓе бидејќи немале платено?Буквално ги избркале?И млади имаат бркано, јас имаше период кога немав слобода бидејќи ја оштетив и немав платено.И мене не ме избркаа бидејќи и вака и така ќе се симнев на наредна.Знаеш колку пати ме ОДМИНАЛЕ контролорите само бидејќи сум била нашминкана и ,,дотерана” да не кажам. Јас ДА НЕ МОРАВ немаше да се возам секој ден и толку често, ама ете МОРАМ.Не можам пешки толку да изодам бидејќи ќе паднам негде. Не ме тепајте и двете.Имам јас домашно воспитување, ама мој-мој преку мој.На све се става тачка. И јас бев 2 неделу во странство и секој ден се возев со метро и трамвај.И да многу е поразлично од овде.Ама тие луѓе имаат другачји менталитет од нашиот.
Јас платив и тоа не во ЈСП. Во Берово транс а тие карти се 400ден во еден правец. Носев чаши што беа прилично скапи и сакав да седат до мене за да не ги искршам. Си платив и си ги возев како мало дете. Има луѓе, само нема потреба во фаца картата да ти ја залепат дека си платиле. Како и да е, не коментирам на темава веќе бидејќи и онака сме офтопик. П.С... не е битен менталитетот. Туку културата. Сите кога ќе излезат од Мк ѓубрето го фрлаат во канта и почитуваат правила. Само во МК дивеат затоа што никој не ги пернал по џеб. Не е до менталитетот...тоа нештото или го имаш или го немаш..
Едно е да се возиш од Берово до Скопје, и да дадеш 400 денари што не се малку.И јас би си ги ставила така ако има место. Друго е да се возиш од Центар до Ѓорче и тако даље.И верувај ми со свои уши имам слушнато и тоа пријател на дедо ми кажа се шетал со автобус од Ѓорче до Центар БЕЗ ПРИЧИНА.Е после тој муабет мене ми е преседнува секое возење
Е да де..и јас знам барем 30 пензионери што шетаат чисто онака - затоа што им се може Но и тие се луѓе. Дочекале старост и ете благодарение на гвујо си се возат.. ќе дочекаш и ти како дедо ти.. За разлика од тебе, мене ич не ми е гајле дали има место. Сум платила и не се замарам дали имало место некој да седи или не. Ако нема место нека не качува патници.. Најголема глупост се нашите автобуси... неврмајнд..
Ама тоа во меѓуградски автобус..кај нас што е најсмешно пишува ЗАБРАНЕТО СТОЕЊЕ..а сите стоиме реално.Дедо ми уште вози кола на 80 години.До пазар, на лекар и до кај тетка ми.Фала му на Господ способен е за возење, и си се шета по Вардар навака-натака..Ама добро не секој може на тие години..Сепак не се сите стари луѓе за во автобус.Баба ми има залутано накај Љуботенски пат, заборавила да се симне.Среќа се јавила на дедо ми..може од ништо беља да настане.
Од спроти Влада проаѓа 15А и оди до Рекорд па Железничка-Аеродром-Ново Лисиче.Можеш со 15А да се симнеш на Рекорд и од Рекорд можеш да фатиш 3,3А,3Б,50 Овие одат директно до Клинички.Оди и 9,9П ама од Југодрво ако ја фатиш, оди и 22А ама кај Соборна врти десно и оди накај Европски Факултет Од Влада кон Железничка не оди ништо.На Илинденска проаѓаат само 8ца и 15А
Од 19 до 6 часот наутро бесплатниот превоз ќе биде бесплатен само за автобусите што возат накај центар