единствено мислење за почит овде. Да во право си, тоа е моја грешка.Друг пат ќе го применам ова , а ако ми рече не може? Тогаш што?
ама ете не сака да ги тргне на пример, полна и е торбата. Јас сум видела многу жени што си ги ставаат торбите од пазар во дупката кај задните скали.Паметно многу, или пред нозе си ги чуваат. И јас ранецот што секаде го фрлам си го ставам во скут на алишта, гадно не гадно што да правам.Башка кога одам/се враќам од школо секогаш е ХАОС и знам дека ќе седне некој дали на следната или на мојата станица.
Тогаш во случај да и е полна торбата, ќе ја замолиш културно да седнеш и да ја ставиш торбата помеѓу твоите нозе или на твоите нозе. Нема да ти падне круната и дај смири се малку, имај почит, туѓи ранци не се пипаат. И мене ме нервирале луѓе што се тепаат да седнат ама ние не ги разбираме оти сме млади и не знаеме како им е, што носат ќеси дома да прехранат луѓе и слично. Никој не ја знае нивната историја затоа постои она што го рекоа членките пристојност и култура. Со љубезност може да се најде решение, а и тебе не ти е тешко да постоиш неколку станици, ако навистина ти е тешко тоа се познава по твојот израз на лицето.
Има и многу млади што не можат да стојат, од кај знаат дали мене ми е добро или не.Не мора на лице да ми се гледа дали ми е добро или лошо.Колку пати ми биле воспалени мускулите, ми се вртело или нешто слично па сум се смеела и сум стоела.Мене не ми е толку проблем да стојам колку што ми е проблем што они своите години буквално ги користат.Вчера накај школо кога одев 2 станици после мене се качи комшика моја која го оперираше колкот.Со стапче е жената и знам дека и е тешко одењето и и станав.Имав уште 4 станици до школо па и станав.На нејзе знам дека и е тешко, цел живот ја знам жената.На такви секогаш би станала, дали бремени дали со стапче, штаки.Кај нив стварно се гледа дека не можат да стојат, не ни треба. Не ми ја сфаќате поентата на муабетот.Ви делувам дрско нажалост, ама тоа ми е ставот и не се откажувам од него.
Воспаленост на мускули не е причина да не стоиш, за секое лошо што ти е се познава, телото те издава. Млада си има време ќе научиш.
@Feminka22 имаш уште многу фурни леб да изедеш девојче додека да созрееш. Туѓо не се чепка, толку едноставно е. А дали во моја торба ќе носам кромид или злато, апсплуапс моја работа си е.
И јас сум скроз против земање туѓи торби и ставање на под, колку и да изгледа иритантно некој во гужва да заземе цело место со ташна/торба наместо да седне некој - во секоја ситуација културно би замолила да ги тргне, ако не го направи тоа - никому ништо... Ама, тоа гледиште дека младите стално треба да стојат и ако седнат било каде додека постари луѓе (без разлика во која состојба) стојат, се некултурни - ми е страшно фрустрирачко... Мене минатата недела од нигде никаде ми се слоши при крај на пракса, неколку минути едвај се прибрав па преплашена бев кога стигнав до автобуската наблизу и влегов во бус да се вратам дома, нормално таму седнав. И не, само еден од колегите и во моментот ме примети, не па после. Е извинете, ама секако дека не ќе ми беше на крај памет ни да обрнам внимание на некое луто бабе да ме погледнеше попреку. Девојки од 11-12 години нагоре што ги гледате, исто може во секое време да се во оние денови од месецот, неретко и со болни симптоми за време на циклусот. Потоа се има во предвид и цел ден часови/предавања/стресни испити, па и тие чанти и ранци полни со книги/скрипти (за кои доста пати сум добивала и слушала, и јас и многу врсници, дрски коментари од постари дека пречиме во автобусот, во раце да сме си ги зеле ) не заостануваат по тежина од ќесите од пазар. Значи и младите се луѓе, и за однесувањето КОН нив важат културата и манирите. И реално, на оние што одат од/на школо/факс/работа, често повеќе им треба место од многу од пензионерите на прошетка и оговарање луѓе и политики.
Браво. Ама браво.Ми ја долови поентата на целиот муабет само што ти поубаво и посмирено го кажа тоа.И реално така е.Јас кога сум била капната сум си седнувала на местото за инвалиди обележано.Па ако влезе некој со количка или слично ќе станам многу нормално. Јас не сум таква да кукам еј ме боли еј вака еј така.Многу пати се случило да не спијам навечер за да учам.Мене после тоа ми се мати се ама јас не дозволувам на лик да ми се познава.Што има сите да знаат дека не ми е добро?Ако ми рече некој нешто ќе кажам тогаш.Ако не сите со етикетите на чело ДОБРО МИ Е/НЕ МИ Е ДОБРО и така стани-седни цел пат.
Кои броеви идат од Сити Мол за Никола Парапунов( карпош 4)? Неможам да се снајдам на јсп линии затоа ве прашав, благодарам однапред
Па Сити Мол ти е во карпош 4 а и улицава е во близина на Сити можеш пешки да отидеш.Се качуваш на последна 15ка и на следна станица се симнуваш ако не сакаш пешки
8ца застанува само на Никола Парапунов.Ниеден друг.Малку касно гледам се надевам не е проблем А од Сити Мол до Никола Парапунов можеш и пешки.Волгоградска се изодува за 5-6 минути.Или пак можеш место кај Сити Мол да се симнеш на наредната кај Антико така уште поблиску ти е.Ќе изодиш до крајот на трговскиот и одма кај пиљарата ќе свртиш десно.
Ви благодарам на двете, не сум од Скопје па затоа а денес сум во Скопје само поминувам во Сити мол и отворам локација и навистина имат 5 мин пешки, благодарам уште еднаш
Ако ретко се возиш со телефон најубаво да си платиш - 40 денари е. Ако не, си купуваш Скопска 150 денари со 2 возења, и после си ја надополнуваш минимум 100 денари и секое возење ти е 35 денари. Се купува од ЈСП и мислам некои трафики.
7,15,15A,4,22,21,21B, 64A,59 * и 24ка ама застанува една станица ПРЕД и една ПОСЛЕ Сити мол.Кај сити мол точно не застанува
Дали автобус имат и која бројка кај улица џумајска? Или да предложите кај која постојка да слезам и да ми кажите дали имат автобус од сити мол до таму? Или пак патот кај студенски дом гоце делчев не кај Тафталиџе, на патот што иди од горче петров..?