Јас користам капсули со јаболков оцет+коприва и хром и имам одлични резултати. Пробајте,капсулите се само 300 денари.
Па вака во едно пакување има 40 капсули и се 300 денари. Освен јаболков оцет имаат коприва и хром. Хромот исто така е топач на масти.Имав 65 кг сега имам 59.5 а го испив цело пакување.Ќе правам пауза од две недели и ќе земам уште едно пакување.
И јас ги пијам овие апчиња со јаболков оцет. имав земено цела кутија, па ми останаја уште последните 2 за утре. И вистина имаат ефект, се гледа дека сум подослабната за овие 15 дена. е сега колку кила незнам, утре си одам домичка , ке се мерам и ќе ви кажам А благото ,лебот и соковите скроз ги исфрлив од исхраната.
Лебот го намалив ама не го исфрлив скроз,тестенини намалив,благо ретко,друго се исто,само што сега и пијам повеќе вода,порано заборавав да се напијам и газирани сокови не пијам. И не јадам доцна навечер,а вежбање ретко.
Јас пијам домашен јаболков оцет... и убаво е мн... така се забрзува метаболизмот... во чашата ставам една лажица за кафе мед... голема лажица оцет и после ја полнам чашата со вода.. мешам и така го пијам и има стварно ефекти
Има ефекти јас ослабев 6 кг со капсулите,сега правам пауза и сакам уште еднаш да ги земам,не за многу околу 3 кг ми требаат минус.
Секако дека има ефект диетата со јаболкова киселина..по само 2 недели РЕДОВНА употреба на празен стомак навечер и наутро,ќе го забележите ефектот,ќе почнат да се топат масните наслаги околу половина,бутови,но и апетитот ќе биде намален,ке имате недостаток на енергија...но вреди да се пожртвуваме за убав изглед
Јас сакам да ве прашам од каде и каква јаболкова киселина купувате? Од онаа најобичната низ продавнициве што ја има или? Сакам да почнам од понеделник паралелно со Ун и јаболков да пијам насабајле, малце да го убрзам процесот. Се изначитав супер коментари на нет во врска со неа, а и лично знам многу луѓе на кои им помогна прилично многу за слабеење.
Девојки јас пред некоја година пијав јаболкова киселина, наутро нагладно 1 лажиче (нерастворена), потоа мислев дека доколку пијам повеќе побрзо ке ослабам и почнав да пијам од шише како вода .Имав силни болки во стомакот но сепак продолжив да пијам, и си добив бактерија во желудникот која ја имам и ден денес Знам дека јас претерав но сепак мислам дека е штетна и во помали количини Наутро мн помагало во забрзување на метаболизмот млака вода да се пие, незасладена, и 1 лимон исцеден во 1,5 - 2 литри вода да се пие преку ден Од утре ке почнам да пијам па ке видам како е
здраво сакам да прашам дали се слабее ако се пие по едно лајче на сабајле ама не растворено во вода само така да се испие?????????