Јаболкова киселина за слабеење

Дискусија во 'Диети' започната од kate, 8 ноември 2009.

  1. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    12.867
    Пол:
    Женски
    Јас веќе подолго време пијам домашен јаболков оцет. Дневната доза ми е две кафени лажици од киселината со една лажичка мед во чаша вода. Не го пијам за слабеење, туку онака чисто поради бројните бенефити по здравјето.

    Инаку за слабеење може да биде само помошно средство, значи одлично би се вклопил со диета и физички вежби зошто снабдува со витамини и минерали, дава дополнителна енергија.
    Инаку она фамозно топење на масти не се случува буквално, туку колку што знам јаболковата киселина спречува јаглеродните хидрати да се складираат во масти. Плус го намалува лошиот холестерол, го забрзува метаболизмот.
    Лично мене, можеби затоа што е домашен, не ми создава проблеми со желудникот. Но, чувствувам дека по пиењето брзо огладнувам, онака како желудникот да ми бара да внесам храна. Ова изгледа само кај мене се јавува...
     
    На Moira и Hipster им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    22.309
    Пол:
    Женски
    Пеперминтче, како го праиш тој домашен оцет?
    Мајка ми ја пие истава мешавина и јас порано, али мене многу ми сметаше оцетот на желудникот и претанав.
    Ефикасен е во намалување на холестерол, а и не е лош за слабеење, али да за превенција се пие, првеснтвено.
    Ама многу гасови создава :lol: тоа му е негативна страна.
     
  3. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    12.867
    Пол:
    Женски
    Го купувам од колешка, го прави од преспански јаболка. Чини 80 денари литро.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. meme21

    meme21 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    здраво јас пишав пред некој ден ама изгледа не сте виделе ме интересира дали ке има ефект за слабеење ако се пие на сабајле на гладно 1 лајче јаболкова киселина ама да не се раствора во вода ???? фала однапред
     
  5. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    141
    сабајле се јави една тетка моја имало некоја јаболкова киселина од виталија за три недели ослабела 6кила ама пијала и вода со ленено семе...
     
  6. golubinka987

    golubinka987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    6
    ако го пиеш неразреден во вода, ќе си го надразниш желудникот
     
    На Daisy.E му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Izabela182

    Izabela182 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Jas sega pred nekoj den pocnav da pijam jabolkova kiselina, i pijam kiselina vo edno malo case od rakija razredena so voda isto tolkava kolicina kolku i kiselinata, posle nea pijam zelen caj, no kiselinata ne ja kupuvam tuku e domasno pravena (neznam dali to ima razlika od tie sho se kupuvaat) i da se nadevame deka ke ima nekakvi rezultati :D
     
  8. Anicka.B

    Anicka.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    16
    Здраво девојки.Од пред два дена поцнав да пијам јаболков оцет од оној на Виталиа.Го пијам во цаса за млеко така што ставам помалку од пола цаса осет и ја дополнувам со вода. Пијам само наутро но сега цитам дека треба барем по трипати на ден,така да сега ќе поцнам по трипати.Што мислите,за колку време да оцекувам резултати?
     
  9. lal

    lal Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    18
    Kade moze da se kupi jabolkoviot ocet na Vitalija,dali ima vo Tinex???Kolku cini???
     
  10. silvice

    silvice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    23
    од пред две недели почнав да пијам јаболков оцет со едно лажиче мед на гладно во млака вода и резултатот е одличен минус 3,5 килограми .редовно јадам по 2-3 оброка дневно и една до две ужинки .благото го сведов на минимум (една гранола на нестле или 3-4 коцки црно чоколадо двапати во неделата),повеке вода до 2 кила дневно, и пешачење по пола саат секој ден.иако имам малку осетлив желудник немам никави проблеми бидејки јаболковиот оцет е домашен и е единствен препарат што нема нус ефекти по здравјето.
     
  11. Suzukii

    Suzukii Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    Здраво девојки, па вака јоболковата киселина не е баш најдобра за слабење. Ќе ви кажам диета која можи секој да ја држи и е корисна не наштетува..Диетата е 20 дена но мора се по ред да се јади и да се избегава од шеќер, газирано итн.
    1.Макарони
    2.Ориз со кисело млеко
    3.Компири- варени или печени
    4.Пилешко- варено или печено
    5.Пилешко- варено или печено
    6.Пилешко- варено или печено
    7.Риба
    8.Риба
    9.Риба
    10.Говетско
    11.Говетско
    12.Говетско
    13.Грав
    14.Грав
    15.Макарони
    16.Ориз
    17.Овошје
    18.Компири
    19.Грашок (леќа, грав..)
    20. БЛАГО!!
    То е то за диетата, забрането е Алкохол
    Искрено ја држев оваа диета и многу сум задоволна... Делува од 7 до 10 кг :* pozzz со среќа <3
     
  12. Daisy.E

    Daisy.E Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    57

    Прво намлија дозата на оцет,оцетот се пие една супена лажица растворена во една нормална чаша со млака вода и тоа само наутро веднаш одкако ке се разбудиш (ни аби мијана ни ништо :) ) Верувј ми ако продолжиш така единствен резултат што ке го видиш ќе биде леженјето на болница ради сериозно надразнет желудник...јас го пиев исто како тебе некогаш и ја зголемував дозата и завршив на болница со неподносливи болки во стомакот а после и татко ми ми даде таква воспитна шлаканица која до сега ја паметам :D . Сега 5 години после ова јас пак поцнав да ја пијам киселината мегутоа вака како што ти ја кажав ја пијам веке 4 месеци килажа имам намлено ама сум и на дитета,киселината сама по себе само го забрзува метаболизмот......
     
  13. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    190
    Нормално дека е штетно кога за неполн месец трошите по цело шише. Јас веќе долг период секое утро на гладен стомак пијам 1 чаша со само 1 лажица оцет и немам апсолутно никаков здраствен проблем. Е сега, различни организми има.. на некој му се слошува од самата помисла а не пак да пие :D Вкусот, јес дека е грозен ама кога се работи за убавина - ќе трпите! Друга работа.. ако потсвесно си мислите дека лошо ќе влијае на вашето здравје, големи се шансите дека така ќе биде. Не за џабе рекле, се е во главата :)
     
  14. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.273
    Колку време после пиењето наутро е потребно да не се јаде?

    И 2 мали или големи лажици?
    Веќе недела денa пијам една супена лажица во 200 мл топла вода, океј е така?
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.253
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Ја немав пробано, од причина што имам многу осетлив желудец, и неможев ни да помислам да се напијам :puke:
    Инаку многумина имам чуено, кажувам и за блиски роднини/пријателки кои со ова доста ослабнале.
     
  16. loverangelx3

    loverangelx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    40
    Мојот прв одговор,хаха. :)
    Пред некој ден зборував со татко ми и го прашав дали е вистина ми одговори да,вистина е но има многу штетно влијание и боли глава од истата па се откажав. Мислам дека е подобро со вежбање и здрава храна да се ослабе макар и 2 кг отколку 5кг со киселина и со тоа да си наштетиш на самата себе.
     
  17. 2212

    2212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    девојки слушнав за киселина не сум сигурна дали е јаболкова или нешто слично на неа...киселината се вика Tony active испитана била и докажана дека нема да делува штетно на орг.ја конзумирале дури и луге што имаат проблеми со црниот дроб....ако некој има слушнато за оваа киселина нека ми кажи дали е ок и каде можи да се набави...Поззззззз :hai:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    319
    Си го расипав желудникот од јаболкова киселина, никогаш веќе!
     
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.353
    Неколку факти за јаболковиот оцет.

    Да се ослаби само од пиење оцет без никаква промена на исхраната и физичка активност е малку веројатно иако постојат поединечни тврдења дека е можно, сепак за сигурен резултат најдобро е да се комбинира со диета (правилна исхрана) и физички тренинг.

    Се земаат две мали лажичиња (или една голема) во 250 мл топла вода и се пие три пати на ден пожелно пред оброк. Постои и варијанта на додавање на 1/4 мала лажичка сода бикарбона на течноста, тогаш е уште поблаг за желудникот.

    Оцетот најдобро да е непастеризиран и природен а не индустриски и по можност од непрскани јаболки, природниот е многу поблаг за стомакот и нема силен специфичен мирис на киселина односно е мирисот многу слаб додека индустрискиот мириса на киселина многу интензивно.

    Дозата од две лажичиња може малку да се зголеми (по желба) но не третина чаша или пола, тоа е многу и кај одредени личности може да го надразни или оштети желудникот.

    По можност барајте оцет во стаклена амбалажа а не во пластична, пластиката содржи токсични хемикалии што влегуваат во течноста.

    Тие што имаат премногу осетлив желудник прво нека проверат дали воопшто можат и смеат да го консумираат (ради киселината) или да пробаат евентуално за време или после оброкот додека останатите ќе добијат освежителен, здрав и секако корисен пијалок што во комбинација со правилна исхрана и физичка активност може да даде свој придонес во забрзано губење на вишокот килограми.

    https://www.facebook.com/SelfdefenseFitnessMK
     
  20. ikss

    ikss Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki,vo vrska so jabolkovata kiselina mozam da vi kazam samo ako e doma napravena (kako mojata) mozes da pies i tri pati na den,i kako sok ,nema da imas nikakov problem,a od kupeniot ,bez razlika dali pisuva 100 posto priroden,vi preporacuvam malku samo ednas ,primer sabajle...nie doma si pravime jabolkov ocet od diva jabolka od malesevskite planini ni e bereno jabolkata i cela familija pieme i nikoj nema sekeri,holesteroli i drugo gluposti...mora samo redovno i podolgo vreme da se pie..pozdrav,sekoe dobro :*