Слушнав дека јаболковата киселина не помага на секого многу значи и крвната група за таа диета .. мој роднина пиеше домашно направена пешачеше и никаков резултат немаше .. додека пак кај моја другарка се видоа резултатите така да зависи од организам до организам .. јас пак најлошо завршив со болки во желудникот не би ја препорачала како и да е на некој со осетлив желудник
Се зависи од организмот. Ќе пробаш, ќе видиш ако наутро ти оди ок, ано не не употребувај. Инаку она што јас го знам е дека јаболков оцет треба да се пие раствотен во млака вода (2 лажици во 1 шоља) после јадење.
Здраво Ај, и јас да си кажам нешто за јаболковава киселина. Најпрво, огромна разлика е домашно природно направена со купечката. Купечката во никој случај не може да се мери со домашната. (не е истиот ефект) Потоа, премногу е здрава и не мора да се зема само како напиток, туку и во салати, повеќе видови јадења, а се користи и надворешно, решава голем број кожни проблеми (пр.акни). Еден познат рецепт за пиење (на галдно срце доволно е една чаша), чаша вода, малку јаболкова киселина (пола филџанче) и една лажица мед. Убаво се меша и се пие. Вкусно е. Можеби ј.киселина не помага скроз за слабеење, ама сигурно помага за прочистување, ги исфрла токсините, го забрзува метаболизмот, го регулира апетитот, ја подобрува структурата на кожата, косата и ноктите и нема никаква штета, зошто е природна.
Девојки да ве прашам дали јаболковата киселина може да се пие растворена само во чаша вода и дали ќе го има истиот ефект ? Бидејќи и јас сакам од понеделник да почнам да пијам но сум алергична на мед т.е несмеам да внесувам секој ден мед можам еднаш неделно. Одговорете ми ве молам
јас имам пиено јаболкова киселина во малку вода без мед, ама незнам дали беше до медот, по неколку дена почна да ме боли многу желудникот. и престанав да пијам така да немаше резултати.
Не си го мачете желудникот колку и да е здрава и ефикасна сепак оцет на гладно без разлика со што е мешан прејако е за желудникот. Подобро напијте се свежо цеден сок од портокал исто така го забрзува метаболизмот ова од лично искуство го казжувам...или онаа варијанта пола лимон со чаша топла вода јас искрено почнав да го практикувам е сега дали беше до психата или стварно има такво дејство незнам ама намален ми е апетитот.....пиев и јас порано јаболкова киселина ама ако јадеме хамбургери џабе
Јас веќе три дена како почнав да пијам јаболкова киселина и многу е гадно бре . Но ќе се навикнам, само сакав да ве прашам после колку време јаадете одкако ќе го испиете тоа ?
Да ги споделам моите резултати. Еве ова ми е веќе 8ми ден како ја пијам јаболковата киселина и на вагата покажува -2,5кг.Иако на почеток ми беше гадно но веќе се навикнав и ја пијам како ,,сокче,, Паа продолжувам понатаму.
Zdravo ... mene me macat 30 kg kako mozam da gi namalam bez gladuvajne i bez apcijna imam probano dieti sve ke oslabam i posle pak si gi vrajkam istite kg nz pojke kako da si pomognam na samata sebe ??? dali nekoj ima vakov problem ? i kako go sovlada ?
Спојлер Zdravo ... mene me macat 30 kg kako mozam da gi namalam bez gladuvajne i bez apcijna imam probano dieti sve ke oslabam i posle pak si gi vrajkam istite kg nz pojke kako da si pomognam na samata sebe ??? dali nekoj ima vakov problem ? i kako go sovlada ? јас потполно те разбирам како ти е затоа што и јас ја имав таа мака (и сеуште се борам со себеси) но и самата пиша дека си пробала со диети и ништо.....затоа и јас како тебе се мачев со кг и решив пред 2 години повеќе да не се замарам со диети кои само те оптеретуваат и си го сменив начинот на исхрана во смисла имав редовни оброци(пред тоа само се изгладнував а потоа прејадував) си јадев се благо леб овошје зеланчук меѓутоа НЕ СЕ ПРЕЈАДУВАВ јадев само да не осеќам глад така за околу 8 месеци ослабев 18 кг ок кио вратив само 3 ...таков ми е периодот што не го гледам како голем проблем Само храбро и биди истрајна -не си поставувај однапред колку кг треба да ослабиш
ЈАс го пијам оној на КИСКО (иако некоои препорачуваат да се пие јаболков сок од диви јаболки го има на пазар). Веројатно може и тој на КРИСТАЛ. Наутро во млака вода 200 мл, 2 супени лажици оцет и 1 мала лажичка мед. Се меша и се пие на гладно. Понекогаш пијам 3 пати на ден наутро, пред ручек и пред вечера.
A додека го пиете тоа, денот потоа си јадете ов границите на нормалата нели? Сакам да почнам да пијам од оцетов, само не сум сеуште сигурна дали има резултати. Што ми предложувате? Ме мачи стомачето, да го ослабам сакам.
Nema rezultati,jas go piev so trista maki na pocetok samo 1kg oslabnav i tolku plus mn malku jadev i toa leb ne jadev ti si znaes ti kazuvam od licno iskustvo pozz
Jas pocnav od deneska, a nautro pred dorucek pijam pola limon so voda. Procitav deka tako treba 2 meseci ama ke vidam kolku ke mozam da izdrzam.