babylove овошни кашички

Јаболков оцет!!

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од Jessie-J, 14 мај 2012.

  1. Jessie-J

    Jessie-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    60
    Се смета дека јаболковиот оцет е одличен за нашето здравје а особено за одржување на убавото лице, тело и коса. Уште од времето на Египќаните и Вавилонците, овој оцет се користи за чистење на телото но и во медицината како лек против болести. Денеска можеби не се користи премногу во медицината но затоа вие можете да го искористе во домашни услови и да ви помогне со следните проблеми:

    Вишок килограми:
    Доколку имате проблем со масните наслаги или пак држите диета а не можете да се справите со вишокот масти во телото тогаш пробајте помеѓу оброците да пиете по една чаша млака вода во која ќе ставите една супена лажица јаболков оцет. Овој рецепт се користи најчесто за детоксикација на организмот па така, со помош на здрава исхрана и јаболков оцет ќе можете полесно да се справите со мастите.

    Коса:
    Ако сакате сјајна коса без да користите регенератори за кои трошите пари а повеќето производи на пазарот не се успешни пробајте го следниот рецепт: Во 125 мл вода ставете една супена лажица јаболков оцет, ставете ја смесата во шишенце, а потоа после капењето наместо регенератор ставете малку од смесата на темето, втријте ја и оставете ја десетина минути да отстои а потоа исплакнете ја косата.

    Заби:
    Со јаболковиот оцет не треба да се претерува особено не количински доколку го користите за белеење на забите. Една кафена лажичка растворете ја во половина литар вода, и неколку пати неделно прво измите ги забите со водата а потоа и со паста за заби. Веднаш ќе ја забележите разликата на вашите заби.

    Висок крвен притисок:
    Ако имате висок крвен притисок, почнете го денот со една кафена лажичка јаболков оцет. Калиумот во него има благотворно дејство на срцето и го намалува високиот притисок.

    Акни:
    Доколку имате проблем со акни тогаш јаболковиот оцет може да биде решение за вас. Ставете малку оцет на памукче и поминете ги местата на кои имате акни, направете го тоа пред спиење а изутрина погледнете ја разликата.

    Дали можеби вие знаете уште некоја корисна употреба на јаболковиот оцет за здравјето и убавината, ако да, споделете ја :)

    Ако ја има темата - канта ;)
     
    На Acka22 и bluegirl7 им се допаѓа ова.
  2. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    929
    Заби:
    Со јаболковиот оцет не треба да се претерува особено не количински доколку го користите за белеење на забите. Една кафена лажичка растворете ја во половина литар вода, и неколку пати неделно прво измите ги забите со водата а потоа и со паста за заби. Веднаш ќе ја забележите разликата на вашите заби.

    ќе пробам :D
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.332
    Дома не користиме друг вид на оцет освен овој.
    Најздрав е ,највкусен и секогаш кога ќе ја дојадам салатата си го пијам оцетот :)
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.082
    Допаѓања:
    7.892
    Пол:
    Женски
    Да,јас често го употребувам а и здрав е.....
     
  5. LOmikol

    LOmikol Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    ќе пробам за заби тоа
     
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    837
    Дали некој знае како се подготвува домашен јаболков оцет?
     
  7. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    I nie doma koristime jabolkov ocet isklucivo i toa domasno prigotven.E sega kako tocno se pravi,ne znam,treba majka mi da ja prasam za toa-taa e majstorot :) Znam samo deka go pravi od onie epten kiselite sitni jabolcinja,gi mele so masinka,a potoa gi stava vo burence da fermentira.Posle 40dena stoenje na temno i ladno mesto,go cedi ocetot i go flasira.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.141
    Допаѓања:
    46.915
    Jabolkoviot ocet isto taka e mnogu dobar I za grloto/krajnicite.
    Ako vi se vospaluva ili imate problemi so krajnicite, mnogu e ubavo da se pie po edna kafena lazicka od ocetot I ubavo da pomine niz grloto.
    Ama stvarno imat efekt.
    Se pie edna lazicka nautro edna na vecer.
    Kaj go cisti grloto pa I dobar e I za zeludnikot.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    20.622
    Пол:
    Женски
    Најдобра и најздрава варијанта на оцет, исклучуво јаболков користам, на Виталиа од диви јаболка, а понекогаш купувам и Киско, ама од него помалку ставам, зашто е малку појак.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски
    Го користиме јаболковиот оцет. Најчесто во салати. Пеглата ја чистам со него. Добар е и за габична инфекција на стапалата и ноктите.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    6.277
    Пол:
    Женски
    За салати највише се користи,после тоа за чистење по дома,прашина,стакло.