Сум немала прилика да јавам коњи,а ми се омилени животни и во последно време се повеќе сакам и тоа да си го приуштам.Има ли членки на форумов што се занимаваат со вакво хоби,какви се искуствата?
Не се занимавам со тоа, ама сум јавала. Во Волково има можност за тоа и мислам Хиподром. Мене чуството ми беше преубаво. Општо многу ги сакам животните,а посебно коњите, па тоа би било вистинско хоби за мене. Ама, спортот е прескап, а освен тоа и опасен.
Сум јавала коњ кога бев во Тексас, морам да кажам дека е прекрасно искуство, ако имам некогаш прилика би го повторила.
би сакала да научам да јавам коњ,отсекогаш ме интересирало ова хоби можеби првиотпат ке се потепам дур се качам
Сум јавала во село. За жал повеќе не чуваат коњ. Се канам година , две да одам во хиподром, ама никако да отидам.
лелее ми ја погодивте темата.. веќе подолго време барам клуб за јавање коњи во Македонија,многу ми се допаѓа тој спорт.. Но,незнам каде да се најавам,каде да одам,како да се зачленам,колку изнесува цената,како се плаќа ... ако знаете некое место каде што можам да изнајмам коњ за еден ден или подолго,или пак да се зачленам во клуб за јавање,би ви била благодарна да ми ја напишете адресата и телефонскиот број,за да можам да стапам во контакт со одговорните лица...
знае некој каде има место за јавање коњи во македонија? дали е страшно и дали има некои посебни правила што може да ти се случи ?
Од секогаш сум сакала да пробам да јавам на коњ,ама немав прилика до сега.Којзнае,можеби некогаш и ќе имам такво искуство
Во скопје е тоа ... во населбата хиподром ама не знам дали има уште. Инаку јас обожавам коњи .. и во будимпешта на екскурзија ке јавав ама тој беше лош коњ и огромен и ми беше страв да се качам ... а и чичкото англиски не разбираше ... па останува за друг пат
Немам јавано али сакам да пробам. Да го јавам на ливади што крај немаат, ветар низ косата да ми поминува, да се чувствувам моќно и слободно... Ако не некое магаре ќе јавнам - можеби интересно ќе е
срцка.. незнам за таква населба.. да не е преименувана или ?.. и кога ги учевме населбите никаде не е спомната... можеш убаво да објасниш, нешто блисску до неа
До таму се оди преку патот за накај Аеродром и е во околината на Трубарево. Долго време немам отидено (уште од малечка) па затоа и не се сеќавам на цената, па и нормално, кога јас не плаќав.
Баш погодена тема Сакам кафеав, со долга грива, убаво оседлан, а јас со кафеава шапка, карирана кошула и пиштол Има во Хиподром, колку што знам, и би сакала да јавам еден ден. Тоа ми е една од поголемите неостварени желби
Човекот што го држеше ресторанот(Хиподром) веќе нема заработка, па и не работи веќе. Немаше пари за прехрана на коњите, и ги продаде, или се однесени во Волково, незнам точно. Мислам дека има коњи, ама 2-3. Плус незнам кога има луѓе што ги чуваат, дали даваат јавање. Јас одев како помала, па стануваше се поретко заради обврски. Инаку, прекрасен спорт, плус коњите те гледаат еднакви на нив, мислам не се прават газди и слично. Можеш да се погодиш. Последен пат што јавав е летово, на гости кога бев во село, кај едни луѓе комшии. Тие мислеа незнам па се фатија да ме држат, и ја им викам, знам остајте ме, они не. И ај некако сфатија. Ама мирна кобила беше. Сега, којзнае од кога не сум била, а се затопли, го терам татко ми да ме носи. Па ќе ве информирам. Ама не ме фаќајте за збор, незнам за точно.
Јавам на коњ еднаш годишно и тоа во странство,кај нас сите коњи се приватни,во Елкабон членувањето е многу скапо 6000 денари месечно,а во Хиподром беше 3000,сега незнам