Никогаш не сум јавала, а сакам да пробам... Еднаш имав можност да јавам на мало коњче, ама јас глупава. Следна прилика пробувам, без размислување.
јас јавам и тоа секоја Недела.Па вака за да ја јаваш коњ пред се треба да имаш некој мирен коњ тоа е најбитно а со тек на време ке се научиш.Јас си имам мој коњ.
Да, сум јавала лани кога бев на хиподром, малце беше страшно од почеток и тоа него правев сама коњот со јаже го држеше инструкторот, супер беше и возбудливо кога би имала можност би го направила тоа пак ... мислам тие девојки кои сакате одете на хиподром во ск, сигурно ќе ви ја исполнат желбата само незнам дали се плаќа, ние ништо не плативме. Некој кој има ваква информација нека ја соопшти тука.
Многу би сакала да јавам коњ,ама како што читам овде многу скап спорт и плус тоа во мојов град нема .Па ако некогаш ми излезе можност не би ја пропуштила иако знам дека на почетокот ќе ми биде малку страв.
Имам јавано повеќе пати коњ.И чуството е многу,многу убаво.Во принцип сум човек што премногу сака животни,па така да мене јавањето ми беше задоволство
И јас сакам да пробам да јаам коњ,многу сакам! А како тоа ти јааш коњ имаш твој,каде тоа???? Плаќаш нешто? објасниииииииииииииииииииииии
Јас мислам дека во Скопје има клуб за јавање коњи ама не сум сигурна :\ Нека кажаат поубаво Скопјанките,доколку знаат
^ Има хиподром во Скопје, поточно во Волково. Многу убаво местенце е, погодно за релаксација. Јас не сум јавала, ама имам слушнато дека повеќе од 50-тина евра е од час, за да јаваш коњ. Јас сигурно дека не би дала толку пари,па колку сака големо задоволство нека е.
Има тури за јавање коњи од Сарај до Пантелејмон, 2000 денари. На Групер имаше двапати пред неколку месеци на попуст по 1000 Тогаш не земав бидејќи беше ладно, ама сега ако има не пропуштам.
МНОГУ е скапо. Инаку што ако е 2000 таму некоја си тура од Сарај кога јас сакам да научам да јавам? Ќе ми дадат коњ да се утепам? Сакам прво да научам.Стварно голема желба ми е да јавам коњ!
Занчи вака на јас си имам мои во викендицата на палнината,и во полето не не е поле ама така го викааат.Плаќаме на човекот што ги чува (ги храни,и одгледува) На плажа е многу убаво...и возбудливо.....
Epa lugje, idete na fb.. horse riding tour macedonia.. http://www.facebook.com/pages/Horse-Rid ... 6336109995 eve vi i link dokolku sakate.. Za lugjeto koi ne mozhat da si dozvolat da kupat konj, mislam deka e odlichno iskustvo, i ne e voopshto kratko.. Jas sum imala iskustvo so javanje, no lugjeto koi bea so mene nemale do sega.. Bash sega vikendov bevme i se pomina odlichno, konjite se mirni spored mene.. Za sega e otvorena sezonata Galichnik, zima/prolet se java na Vodno..
Ахх тоа е една од моите неостварени желби. Од секогаш сум сакала да јавам коњи,уште од малечка.Ме фасцинираат како изгледаат,премногу горделиви ми се убави... Пресреќна би била кога би ми се исполнил тој сон...
Денеска бев да јавам, не беше нешто посебно, ама ми се допадна. Многу беше висок коњот, сакаше брзо да трчка и не ми дозволија сама да јавам. Ова ми беше втор пат, ама деф не И последен.
Сакам да јавам коњи од малечка но не знам за ниту еден хиподром у Македонија, не сум побарала инормаци. Се надевам дека ќе се случи некој сончев ден затоа што нема друг начин да го пребродиш стравот од јавање освен ако не се качиш на коњот и не почнеш со јавање. Изгледа магично.
Досега не сум имала шанса да јавам коњ, ама тоа ми е една од моите желби, се надевам дека во скоро време ке ми се исполни