Прекрасно чувство е јавав скоро 5 години и имав свој коњ го чував во Полицијата и беше супер плакав 200 евра но после ги кренада цените и беше 300 евра што стварно е многу па немав друга опција освен да го продадам и сеуште ми е болка...Во Скопје има 5 штали колку што знам едната е Хиподром онај државниот што не знам ни дали работи сеуште,потоа овој каде јас што јавав,Волково што е исто супер,па Тристар тоа го држи еден германец и Дона во Радишани што е најелитна штала и е од затворен тип дури и се занесуваат премногу.Членарина во клубот изнесува од 100 до 150 евра во замисност од кој клуб ти следуваат 15 часа цената е океј зашто во други држави е дупло поскапо.Супер спорт е цело време си во природа!
Сум јавала многу пати, повеќето кога одев со моите на одмор. Во местото имаше прекрасни коњи кои ти ги даваат на половина час и ти се шеташ кај сакаш со него, а тој секако е трениран. Прекрасно беше чувството кога јавав, би сакала повторно во најскоро време
Има во околината на Битола едно како се вика за јавање коњи шо е...хипохондрии ли беше....како се велеше за то? добро нема везе,би сакала да одам таму некогаш,да јавам коњ... јихаааа
Ме изнасмеа да не пукниш. Хиподром се вика иначе. И јас сакам коа сме веке кај коњите, а имам само еднаш јавано на пони као помала. Донесоа циркус кај нас во градот и ете ти можност. Штета сега што немам каде.
Јас сум јавала во Бугарија. Многу убаво беше, и оваа година година јавав, но беше досаднооо.... Многу споро одеа коњите и не ми дозволуваа да се засилам. И толку од тој хиподром веќе. Сиротиов коњ трпеше, газдава се пофалуваше колку знаел да трча со коњ и го повреди коњот! Прво, го маваше силно со камшикот, второ, коњот се сопна и му течеше крв од носот и колената. Тоа е бездушност нели?
Извинете за оф топик,али ХИПОХОНДРИИ...Не. Незнам џенцка ти што имаш помешано,ама... 'Тоа' за јавање коњи е хиподром. Хипохондрија е психичко нарушување кое се манифестира со постојано фокусирање на личноста на своето здравје. А митохондрии се органели за клеточно дишење. Како дојде до поимов,жити се !?
Во Волково каде што живеам има Хиподром...пред неколку години го имав посетено и навистина беше преубаво Незнам дали сеуште работи.. немам прошетано таму подолго време.. иако не ми е многу далеку. Имам јавано неколку пати кај баба ми во село... и толку.. а навистина сакам да научам убаво да јавам.
Најчесто одат во пакет од 10-15 часа во зависност од клубот,но има и опција час по час да плаќаш(што иди поскапо ако одиш редовно)кога ќе ги завршиш тие часови со плаќаш за нови.Само прашај си да не има случајно рок да ти дадат до кога мораш да ги исполниш тие часа
Еве ме и мене на хиподромот во Битола кој инаку го држи мој колега Морам да признам, чувството е преневеројатно Според мене , јавањето коњ е цела уметност која бара многу љубов кон животното, да се сплотиш и што се вика - да дишеш со него . Воопшто не е едноставно како што изгледа
Еднаш пробав,тоа беше пред неколку месеци кога бев во Србија кај вујна ми.Сакам пак.Чувството е неверојатно
женски а кај има во скопје активен хиподром? и дали може да јаваш пола саат, саат, која е цената? или може ли само да отидеш да ги видиш коњите?
Имаш Волково,Тристар во Ѓорче и Дона во Радишани може да се јава мислам дека околу 1000 денари е пола сат
Секогаш сум сакала да го пробам ова, и сум гледала по филмови како вешто го прават тоа...Имам огромна желба што побрзо да го доживеам ова искуство. Штета што до сега сум немала прилика
Аи... па нели е многу 1000од пола час? ние сме 5члена во семејството, за еден час сите да јаваме коњи ќе треба 10 000. А па гориво, храна за по пат, ручек таму? Едно 20че нема да ни е доволно. Инаку, отворени ли се во сабота? Треба ли посебни патики да носам?