1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јавни тоалети

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 5 септември 2010.

?

Што најмногу ве нервира кај јавните тоалети?

  1. Чекање на ред

    0 глас(а)
    0,0%
  2. Смрдеа

    134 глас(а)
    51,3%
  3. Немање на тоалетна хартија

    14 глас(а)
    5,4%
  4. Врата што не се заклучува

    40 глас(а)
    15,3%
  5. Урина на капакот

    73 глас(а)
    28,0%
  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Што најмногу ве нервира кога посетувате јавни тоалети?
    Кога има премногу гужва па не можете да дојдете на ред а ќе се испомочате? :lol:
    Кога внатре смрди не се диши :x
    Кога нема тоалетна хартија?
    Кога не се заклучува вратата па морате да ја потпирате со рака? :lol:
    Кога некоја мочла пред вас се измочала на капакот од шолјата, ни срам ни очи?

    темава :lol: се извинувам за некои зборови ама беа неизбежни
     
  2. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Темава е добра :D
    Не сум заварила некоја голеееема гужва и тоа не ме нервира. Не ни очекувам искрено внатре да има тоалетна хартија, ни тоа не ме тангира. Ме нервира кога морам јас да ја држам вратата и да мочам во исто време :D , а за смрдеата не треба да се зборува ....... УЖАС!!!
     
  3. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Се од горенаведеното ме нервира.
     
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Од јасни причини одбегнувам да користам јавни тоалети - освен во случај кога тоа е навистина едниствен избор. Инаку голема гужва не сум затекнала , но пак затоа се ужаснувам кога во школо ( особено во женскиот тоалет ) некоја ќе се покака и редовно заборава да пушти вода :puke: .Друга работа што ми е одвратна е кога отворена влошка е ставена не во туку покрај корпата |( .Дали има тоалет или не сеедно, секогаш со себе си носам влажни марамици за интимна нега.Хигиената во јавните тоалети е никаква , но тоа и не е вина на државните институции тоа е и наша вина , на народот ...недостиг на култура и домашно воспитување :geek: :tmi:
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Harlow

    Harlow Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    105
    Се од наведеното ме нервира. Нашите јавни тоалети се во распаѓање. :puke:
     
  6. Monna99

    Monna99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    5
    Исто :envy: :puke:
     
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    се од горенаведеното ме нервира,се што кажа иксстронгер,посебно за каките и влошките |( во средното каде што учев,женските тоалети беа за никаде,смрдеаа на пи*ки,мо*ки.добро луге не се расфрлајте пари за глупави статуетки,погледнете ги школските тоалети,се работи за хигена и здравје :@
     
  8. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Чекањето ред не ме нервира. Ако нема тоалет и тоа не ме нервира, секогаш си носам палома марамици. Тоа што капакот е измочан - нема врска, сигурно нема да седнам на таа шоља.

    Но смредеата е најчесто затоа што мочлите што ставиле на себе пола парфем и шлакаат сјај на уста на 5 мин - не пуштаат вода и фрлаат отворени влошки :puke: :puke: Немање клуч најмногу ме нервира, мочаш и држиш врата, па оди измочај се на раат,а некоја упорно покушава да влезе и ти тропа :fubar: :punch: Но и за тоа има лек, таму кај што знаеш дека нема клуч си одиш во вц со другарка/пријателка ;)
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  9. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    13.414
    Гужвата, не ме нервира, па секој си има потреба. :lol: Ама некоја шмизла да се задржи пола саат а да се шминка е тоа стварно не е у ред.

    Смрдеата, најмногу ме нервира зашто, некој ке дојде, ке смени влошка и ке ја остави отворена ПОКРАЈ не ВО кантата. |( И ке се исере (извинете за зборов) а вода нема абер да пушти :puke:

    Не, и да нема тоалетна хартија, јас секогаш си носам палома или влажни марамици.

    И после смрдеата ме нервира кога нема клуч па морам да држам врата и да мочам а некој упорно тропа, ко да незнае дека има некој внатре |(

    И да е мочано, сигурно не седнувам на тоа. Којзнае кој седел, мочал, којзнае шо праел а ја да седам, нема шанси :puke:
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Катастрофа. Кога има некои такви големи Event - чиња , како Пиволенд или Виноскоп, молам Бога да не ми се прииде во Wc. Имам блага нервоза од тесен простор , а оние Toi For каде што и царот оди пеш, едноставно се ужасни. Мали пластични кутии, два пати имам заглавено во такви, ми доаѓа да врескам!

    Генерално, нивото на хигиена во сите јавни тоалети, дури и низ установите е под нулата. Некое време работев во министерство, ќе си речете мора да е суредено, чисто, па таму сите се фини, образовани луѓе... На два пати морав кришум да закачувам натпис Ве молам не уринирајте врз капакот од вц шолјата, а напоменувам дека го лепев во женско вц. :^) Срамота, да ти зе згрози животот од гнасни луѓе.
    Се прашувам како ли дома си ја одржуваат хигиената во тоалетот?
    Инаку, не знам дали работат јавните тоалети долу во ГТЦ - е тоа е веќе хорор.
    За пофалба се тие во Рамстор и секоја чест за реновираните тоалети на Саем, во Метрополис, за толкав простор со толку многу луѓе, хигиената е на пристојно ниво.
     
    На daylight и Beauchamp им се допаѓа ова.
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Искрено, кога сум надвор од дома, се молам да не ми се примо*а, а за она другото и да не правиме муабет. Кај нас во Охрид имаше едни јавни ВЦ-а (не знам дали уште работат) и таму за десет денари ти даваат тоалетна (читај: две делници од тоалетната, се разбира, сосема недоволно :D ). Ама кога се мора - се мора. И за Пивофест трпев трпев, ама на крај морав да се пикнам во тие белите пластични кутии, иначе маф ми беше работата. По кафичиве ретко се наоѓа СКРОЗ чисто ВЦ, со мерак да мочаш што би се рекло. Едино ЏезИн го издвојувам. Дури и Перфекс тоалетна користат, Палмолив течен сапун и плус хартија за раце која нема да се искине при првиот допир со вода.
    Ама реклама им направив :D
     
  12. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    кога морам да одам да ви кажам искрено не ни седнувам на шолјата така поткрената се мочам ...ми е гнас да седнам на неа........ :puke:
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.963
    немам коментар :x И искрено, до народот е.. Во новоно Веро, отидов на 1 ви во 13 часот (значи неколку часа по отварањето). Морав до ВЦ и неможев да си поверувам. Тоалетот беше буквално руиниран. Не пуштена вода, смрдеше, вода течеше од чешмите и тоалетната беше расфрлана по земја :tmi: :@ За ништо не сме!!!!!!!!!! Колку и да чистат, пак ке уништиме.
     
  14. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Јавните тоалети се нешто што никој не посакува да му се случи. Како што кажавте погоре, се е е за никаде. Никаква култура да се немало, сереле, мочале, влошки менувале, се на плочки или на капак, како да нема шољи и корпи за ѓубре. И влегуваш - се испрскано, флекосано, смрдено, замачкано, загушливо, со еден збор - хорор! Сум видела и чисти тоалети, средени за милина, ама сум видела и катастрофи. Избегнувам да одам во јавно вц од горенаведените причини и секогаш кога можам издржувам и не одам, ама кога не се додржува - едноставно морам да се соочам со реалноста, но вршам работа потклекната, никогаш не седнувам...како не, сто бактерии да залепам :)
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Се испомочале од радоС.Е па и ти Кукличка,ништо не разбираш.

    Јас си го чувам,ако немам амбиент,не ми оди.не можам да се измочкам,а за друго нешто па само дома.Сериозно!И со сила го молам,го чекам,не сака и точка!Се опушта во сити галери и рамстор само,за чудо,зошто е чисто и ретко,ретко да засмрди ако некоја госпожа претходно не го пуштила и не го испратила од жал со еден млаз вода.

    Ми пречи смрдеа и испомочани даски,а бога ми и импровизирани тоалети,сум наишла на многу такви,маката на се ќе те однесе,арно ама мене многу не ми се од помош.Mирис на кочина,амоњак во воздух,да те задуши.Ми пречи и некој кога убаво ќе се испразни и нема да пушти вода,па уште кога ќе ми текне дека е женски тоалет,се враќам во реалноста и ми текнува дека не какаме цветчиња,ама сепак,можеме да бидеме културни и да ја задржиме мистеријата дека можеби од нас излегуваат само миризливи,розови нешта.Исто ме вади од кожа крвава слузокожа залепена на школката и розеникава течност внатре,погодете од што и влошка фрлена нехигиенски,незамотана,така разчаталена ти се смее или до шољата или во неа или до корпата или од неа ѕирка и одма бееенг во глава,хепатит!Е хепатит сестро и уште илјада и едно изненадување!Не викам во ташна да си ја пикне,ама може да ја умота во тоалет или во обвивката од наредната што ја ставила...

    Ама прајслес искуство,онака дури и симпатично ми дојде...во рамстор,влага жена во години,угледна госпожа,спортски облечена,фина,слабичка и влезе во едно кабинче,јас влегов потоа,одма до неа (се гледав де у огледало претходно,де ееее) и само слушам едно...циииииииууууу...ааааах...дури и тоа имаше префинет звук,за аромата не сум сигурна. :rofl:
     
    На daylight, XXX666, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.400
    Јавните тоалети се хорор, ама пустото голема мочла сум, и ретко некаде да го промашам тоалетот :)

    Ме нервира нехигиената, смрдеата, но најмногу ме нервира врата што не се заклучува и тоа што не ставаат сапун. Лесно поминувам преку тоа што нема тоалетна хартија, воопшто не ни очекувам такво нешто, ама течен сапун бе...
    Страшно многу ме нервира кога подот е испомочан. Не дај боже па чучавец да има, таму луѓето како да добиваат посебна инспирација!

    Тоифор тоалетите ги има во многу земји, ама никаде не се така одвратни како кај нас. Нашиот најчист тоалет на бензинска би бил најгрозен во било која друга земја. Шо гнасен народ ќе бевме!
    Хигиената е пола здравје. Народна поговорка.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Аууу, нема шанси да влезам во јавен тоалет, ма се воздржувам ќе пукнам ако треба ама не одам, ептен се гадам од миризби и навистина добивам нагони на повраќање, а само уште тоа фали да биде уште по гнасно вецето, иако е најзастапено во кафанските вециња :puke:
    Можам да издвојам неколку кафичи во Скопјево каде што хигиената на тоалетите им е навистина солидна, или вработените навистина се трудат да го одржаваат најдобро што можат, или до народот кој што ги посетува тие кафичи е, незнам одговор стварно... што мислите? :^)
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Интересно, значи никој не оди а сите знаеме како изгледаат и што се случува таму. Како и да е, тоа е нашата култура, на жалост. Зошто да ги фрлаат улошките во канта кога може до канта исто како што и ѓубрето го фрлаат до контињер, па тие од таму виделе. Зошто да пуштаат вода, кога водата е скапа и треба да се штеди, тоа го слушнале на Тв, течен сапун ??? па тоа е луксуз...........
    Не одам по јавни тоалети, ептен ако морам и неможам да издржам мала нужда а голема нема шанси, тоа само дома ми е најубаво ;) . И само мала дигресија :D ако верувате машките тоалети се почисти од женските, е ај сега...
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.444
    Пол:
    Женски
    И јас стално се чудам на овој феномен ;) ама праксата го потврдува. Јас нема каде не сум ги посетила јавните тоалети, особено по нашите болници и амбуланти, кога ќе влезам во медицинска установа добивам посебна инспирација за посета на тоалетите...ако кафичите, кафаните и трговските центри се катастрофа тогаш за овие немам доволно силен епитет :tmi: како нација ни недостасува основна хигиенска култура !
     
  20. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118
    Не практикувам да одам во тоалет кога сум надвор од дома. Дури и на гости кога сум гледам да не одам ако навистина немам ужасна потреба од тоа, или ако одам некаде на гости мора да се чувствувам баш како дома што би се рекло за да можам да отидам во вц.
    Јавни тоалети мразам од дно на душата :( посебно поради тоа што кај нас не се води никакква сметка и грижа за овие тоалети. Некако ми се жива зараза :(