Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јавни тоалети

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 5 септември 2010.

?

Што најмногу ве нервира кај јавните тоалети?

  1. Чекање на ред

    0 глас(а)
    0,0%
  2. Смрдеа

    134 глас(а)
    51,3%
  3. Немање на тоалетна хартија

    14 глас(а)
    5,4%
  4. Врата што не се заклучува

    40 глас(а)
    15,3%
  5. Урина на капакот

    73 глас(а)
    28,0%
  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Што поретко, толку подобро.
    Се гадам, грозам и ужаснувам кога влагам во било кое вц , во било кој кафич во Скопје. :puke:
    Да не ги повторувам веќе кажаните работи, се ми е одвратно!
    Кога сум во зорт ситуација, можам да одам во тоалет, ама радо би одела во оние,мислам се викаат чучњевци(кај што мора да си клекнеш), одколку на вц школка. Можеби погрдо изгледаат, ама далеку се похигиенски.

    Јавно вц ти е рај за бактерии, извор на зарази и секакви инфекции...
     
  2. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Кога мораш - мораш! А до сега во Македонија не сум сретнала пристојни јавни тоалети, ужас.
    Во Парис после секое користење автоматски се чистат, има огледало, хартија, секогаш е чисто и убаво мириса, да ти е мерак да одиш :D
     
  3. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Јавен тоалет!? - оh no :(
    Во Македонија јавните тоалети се опишуваат со еден збор - катастрофа. :x :x
    Среќа мојааа што можам долго да држам. Но :!: секогаш нели има исклучок.
    Во Сплит летово, не знам што ми беше, абе како цел живот да не сум била да се измо*ам.
    А што ми е гадно да одам во друг тоалееет :puke: Но кога се мора... Што ќе правиш.
    Влегов во еден кафич и замолив за во тоалет, луѓето, културни, љубезни ми дозволија. Кога влегов...
    Верувајте посакав да живеам во тој тоалет, почисто нешто немам видено ! Мирисаше прекрасно. Тоа wc - школките светеа од чистота, сапун, убава и мека тоалетна. Секоја чест. Жално што ни е ваква државава неорганизирана, а уште пожално менталитетот на народот во истата. (веќе друга тема).
    Се на се... Јавните тоалети зависат од самиот народ и неговата (не)култура.
     
  4. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Смрдеа
     
  5. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    никогаш не одам по јавни тоалети ке стискам ако треба ама нема шанси да одам страв ми е од болести а кај нас жива катастрофа :(
     
  6. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Јас не одам во јавни тоалети, едноставно не можам, значи и во кафичи многу ретко да отидам у вц иако таму се убави средени и чисти, ептен ако неможам да издржам. Знам дека не е убаво и така да се стегам постојано, ама така сум навикната, какви јавни тоалети, тоа не личи на тоалети, смрдеа....... Домичка си е домичка, или кај некој домичка :D
     
  7. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Ооо, па ептен тешко ми беше да изберам помеѓу дадените опции :) Сите ми сметаат. Најмногу се двоумев помеѓу урина на капакот и смрдеа :) И на крај смрдеа одбрав :D
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски
    Кога сум низ град и ако морам да одам до тоалет одам во Рамстор, меѓугратска или сега во новово Веро и морам да кажам дека навистина е чисто. Но залудно чистат хигиеничарките кога ние сме прост народ кој не сака вода да пушти или пак не знаев дека жените се толку непедантни да не сакаат улошките да си ги завиткаат. Тоалетна не ми е ни потребна од WC-тo затоа што секогаш си носам палома со мене.
     
  9. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Морам да се пожалам овде зошто на никој не кажав дека пред некој ден во веце во новото Веро се заглавив :tmi: Срам ми е да кажам :D
    Инаку кога бев во Виена во мек ми беше мерак да си мочкам , и и пишав на мајка ми дали можам да останам :lol: Катастрофа се јавниве тоалети а барем тие би требале средени да бидат . Многу мрзам кога таа школката е помочана , или кога смрди . Си мочам позади камиони на темни места , што сигурно сигурно . Или позади трансформатори . Некултурно ама кога нема каде сеа што да правам .. Подобро сегде полско веце да има , отколку вака :)
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    во тие toi for или како и да се викаат не сум ни влегла,ниту планирам.рамстор кога се отвори имаше убаво јавно вц сега и тоа уште малку на ништо нема да личи,а искрено во кафичи каде што не е средено вецето и гадно ми е да седам.поубаво таму нека вложуваат отколку во кожни сепариња :puke:
     
  11. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Секогаш колку што можам издржувам да не одам во јавен тоалет. На факултет во 4 години, еднаш имам појдено ептен не можев да издржам. Не е да се правам нешто што не сум, но ми се накрева кога ке ја осетам миризбата, и јас имам комплекс на миење на раце (не знам подруго како да го наречам) мислам дека цело време ми се валкани :) И ако појдам во такво веце умирам после додека не стигнам да се истуширам, и затоа избегнувам. Мразам кога сум поднапиена, и не можам да издржам до дома и мора таму да одам :|
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.640
    Допаѓања:
    106.676
    Пол:
    Женски
    Се ме нервира од напишаното горе , ама нај највеке смрдеа :puke:
     
  13. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    мразам јавни тоалети!!! не ги користам за нисто на светот да бидам искрана еден ден бев во центар пиев кафе сок и оп...ми се моЧа и другарки ај ќе идеме доле има вц кое вц бе?нема санси издржив до дома и веќе пред врата....можете да замислите сто се слуЧи ама ете помина и тоа и ако е потребно пак ќе се измоЧам нема да моЧам на такви вц-ња инфекции да фатам не дај боже се се ама тоа мразам освен дома никаде на ниЧија соља не седнувам кога сум на гости стоеЧки моЧам т.е.полустоеЧки незнам засто ама тоа ми е смрт не е добро ама се ежем кога ќе помислам на инфекции
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.640
    Допаѓања:
    106.676
    Пол:
    Женски
    Јас гледам да не одам по тие јавни вециња освен кога ептееен морам. Најчесто одам во веце по кафичите и никогаш не седнувам на вц - школката :puke:
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Јас си мислам дека ако одам во јавен тоалет ,во овие нашите распади,ќе си заминам од таму со некоја болест,минимум со 2-3 инфекции.

    Некоја 60 годишна вршела нужда пред тебе,па не пуштила вода,во најлош случај направила и вирче па ти се лепат чевлите.Си наоѓаш изненадување на шољата,пресна или бајата влошка(зависи од среќата).Тоалетната паднала на земја,а ти немаш палома!Згора на се,на некој му е итно,па ни да тропни отвора и те сликнува!

    Имам заприметено дека машките тоалети се далеку почисти од женските.На одмор чисто од зафрканција изводевме со друштвото во тоалетите и оп!Машките почисти...
    Дали ние женските сме поголеми гнасотинки?
     
  16. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Една комбинација: Смрди, со едната рака го држиш носот, со другата вратата што не се заклучува(или воопшто не се затвара), потоа треба да внимаваш да не седнеш на шољата затоа што е измочана и плус треба да бараш палома низ чантата..
     
  17. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Последен пат кога влегов во јавен тоалет (на безнинска пумпа) видов слика која целосно е опишана со анкетата горе: Смрдеа (до немајкаде), Немање на тоалетна хартија (за сапун да не зборам), Врата што не се заклучува (што не се заклучува?! оваа не се ни затвараше), а капакот беше намочан иако беше женски тоалет. Е ред за чекање - немаше, ама откако влегов приметив и зошто.
    Компарација со јавните тоалети во странство, не може ни да се направи. Светло на сензор, заклучување на сензор, пријатен мирис, пуштање чешма, сапун и хартија -на сензор, чисто, хигиенски одржувано подобро и од моето купатило дома!

    Избегнувам да користам јавни тоалети, зошто многу другарки закачиле инфекции, ама кога морам - морам.
     
  18. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Се ме нервира од јавните тоалети, толку се гнасни.. Никогаш не сум ги користела а не ни мислам да ги користам, ма ќе стискам, бешика нека ми прсне ама таму не влегувам
     
  19. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Јас сум многу по мочањето и неможам долго да трпам, така да многу често сум приморана да користам јавни тоалети. Среќа што немам закачено некоја инфекција или па не дај боже болест!
     
  20. Leea...22

    Leea...22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    110
    Баш од тие јавни тоалети добив вирусна инфекција и сега правам испитувања дали инфекцијата е високо или ниско степена резултати ќе ги чекам еден месец,а терапија ќе примам накледно,докторката ми препорача при секое седнување на вц шоља да ставам тоалет хартија,или воошто да не седувам.... :worried: