Многу ретко одам во јавни тоалети , а најаесто ме нервира врата што не се затвора па морам да ја држам , и смрдеа. Мислам дека треба да се одреди човек кој секој ден ке го чисти тоалетот.
Кога сум излезена, не дај боже во школо се молам да немам потреба. Држам до дома со последни сили, само да не го трпам хоророт кој владее во јавните тоалети. Во школиве е пак најмизерно, уште се оние со чучнување. Хигиената е на најниско можно ниво, врата ретко да се затвора, смрдеата те ужаснува што повеќе ти оди да повраќаш него да извршиш тоа што си дошол да извршиш. На Пиволенд беше мизерија. Повеќе се мочаше покрај самото Кале отколку во јавните тоалети поставени. Каде и да се свртиш таму, смрдеше ем беше гужва до немај каде. Во ГТЦ тоалетот е најблаго речено ужас. Грозота. Рамстор, Веро, Сити галери (порано, сега не знам), саем располагаат со доста пристојни тоалети. Хигиената е одржувана и фала богу се затвораат вратите.
Избегнувам да одам во јавни тоалети кога сум излезена и држам до дома, затоа што ми се гади од нехигиената во нив! Повеќето се мизерни и одвратни. Најмногу ми пречи смрдеата, треба да си го затне носот со рака за да влезеш. И никако не седнувам на шољата. А да не зборувам за тоа дека вратите не се затвараат, не можеш на раат да си завршиш работа,а тоа дека нема сапун и тоалетна хартија се подразбира. Ужас!
Избегнувам јавни тоалети ама кога ќе бидеш у зорт мораш. Се чудам како може да има толку гадни луѓе да мачкаат гомна по ѕидовите у тоалетите што мозоци ќе беа. Гадно звучи ама тоа е вистината. Тоа што нема хартија ниту саглам чешми да се измиеш, за сапун ќе сањаме, тоа е друга работа. Значи нема основни услови да се измочаш а камоли да истераш основна хигиена. Во сити галери имаше добар тоалет, чист, со хартија, сапун, модерен, не знам дали сеште работат со оглед на тоа дека пропадна сити галери нема ништо. И во Вегера на Рекорд има пристоен тоалет. Значи ретки се исклучоците. Не дај Боже да ти се примоча може човек да фати зарази во такви дувла со самото влегување и "дишење".
Избегавам колку што можам повеќе, но како што имам уринарни инфекции неможам долго да издржувам..а инаку многу ми се гадни и одвратни
Кога си идевме од одмор застанавме на Стража или Стражара (го заборавив името -.-) и јас отидов по мало веце кога влегов гас маска ми требаше, смрдеше труешеее па уште наплаќаат ден ..ццц
Пази...на стража треба да платиш во крш веце..шо труе дури да се онесвестиш. А ти фино лепо, ако си паметен, има таму бензиска, и ќе влезеш..ќе те пушти до веце..тоа чисто ко дома.
Не дај боже да имаш потреба да отидеш во јавен тоалет. Прво ќе паднеш во несвест од смрдеата, а кога ќе ја видиш "чистотата" на вецето животот ќе ти се одмили . Во нашава земја максимално избегавам да идам во јавни тоалети(со исклучок на некои места). Во некои земји низ Европа што сум била да ти е мерак да отидеш во веце. Нит смрдеа, нит урина на капак, вратата се заклучува, има течен сапун, хартија... Кој знае дали ќе се среди некогаш и кај нас така или стискањето до дома ќе ни остане животна навика
Смрдеа Немање на тоалетна хартија Врата што не се заклучува Урина на капакот Ма се ме нервира . еднаш влегов ми беше хитно и завршив работа па повраќав во шолја после тоа ... Барем да беа позачистени малце .
Па сето ова што е наведено ме вади од такт али најмногу нехигиената! Човече во повеќето смрди,корне ти доаѓа да повратиш! Исто ме вади од такт моментот коа нема клуч или кваката е скршена па сам мораш да држиш да не ти ѕирка некој..најмногу ме нервира коа ќе ми кажат- е ајде де женски сме!!! Па што ако,мочањето е само за мене нема што да ме глеа некоја си непозната! сори за оф топиков
Ау, јавни тоалети! Гадно, гадно нешто.Врата што одвај се затвора и може да ти се распадне, урина на капакот, смрдеа до немај каде, а за влошки фрлени разбацени да не збориме. Ама ова со влошкиве ми е посебно гадно, ај што си завршила си завршила работа, ама така целата гадна, отворена на видик . Ај за сапун нема во секој тоалет, ама во некои нема ни вода раце да измиеш. Дефинитвно најгадни ми се оние од школо, кога ќе влезеш смрди труе, казанче дали работи или не работи, некое какце оставено успут, вратите НЕМА шанси да ги затвориш ако некој не дојде со тебе да ти држи.
Јас гледам колку што е можно повеќе да ги одбегнувам јавните тоалети... боље да спречам отколку да лечам нели?
На моето патување низ Европа моравме постојано да ги користиме јавните тоалети.Искрено чинам беа посредени од мојов дома.Хигиена на завидно ниво.Едниствено нели,на излезот на Македонија морав да посетам WC- и смрдеше, неподносливо многу.Мислам дека тоа е најужасната миризба што сум ја почувствувала откако постојам.Поминаа 3 месеци од тогаш,уште се сеќавам на коктелот од миризби на урина и пролив
Не користам јавни тоалети па макар и во гаќи да се измочам! Одвратни ми се , а најгадно ми е коа ќе видам улошки со крв низ цело веце и покрај кантата поготово.
Најбрз начин да закачите некоја тешка бактерија Кај нас се одвартни, не ни помислувам да одам, трпам до смрт
Најодвратно нешто што постои кај нас во Македонија, за споредба со тоалетите во другите земји можам да кажам дека изгледаат ко аптеки
Во моите 23 накај 24 години јавни тоалети имам користено се на се 4-5 пати максимум (освен ако не ја сметам цела година во студентски). Едноставно премногу сум чистотлива и се трудам да ги избегнувам, трпам максимално колку можам, па макар да стискам и цел ден. Нешто најгрдо ми е во јавен тоалет кога ќе видам шоља . Шољата едноставно е богата почва по која се развива се и свашта. Многу похигиенски ми е кога има „чучавец“ (или како и да се вика незнам). Само што ние немаме култура и не сме воспитани.
Во јавен тоалет не ме нервира ништо од наведеното, освен фактот дека постојат. Инаку од немајкаде, принципот на кој изведувам нужда е stand-up comedy.