Катастрофа се,се ми смета,затоа не ги користам не ни помислувам на нив,исто како да ги нема Дома си е дома - купатило моје мило
Се' ме иритира. Додуша никогаш не ни одам во јавни тоалети. Абе ќе се стискам, ама не одам таму па што сака нека е. Ноу веј!!! Тотално нехигиенски се, смрдеа..... Плус хартија насегде расфрлано, освен во корпата Последен пат кога имам отидено во јавен тоалет беше пред некаде 2 години... И дај боже да немам потреба да идам во јавен тоалет. Мислам дека нареден пат кога ќе отидам ќе ми се слоши. Тука фали, КУЛТУРА!!!!
Тука јавниве тоалети се како казна, ужас кој не се опишува (иако сигурно некаде во светов има и бетер). НО низ западна Европа е друга приказна, верувајте. Во Италија сум влегла во јавно купатило, верувајте, буквално после секој што ќе влезе влегуваше жената што чисти, го миеше, па дури после следниот влегува. Мирисаше и изгледаше беспрекорно чисто. Во Будимпшета сум влегла во оние што се става паричка во вратата за да влезеш (значи без постојано присутен надзор) и тие беа средени и чисти, што веројатно зависи и од менталитетот и воспитувањето на луѓето што ги користат (и кај нас ужасот е пред се последица на оние кои влегуваат во нив). Овде верувам важи изреката „Колку појужно-толку потажно“.
Јавните тоалети се неподносливи. Ужасно Смрдат, и ако имаш "среќа" можеш и некоја болест да добиеш. Катастрофа се и скоро никогаш не ги коритам
Во принцип ги избегнувам не само јавните тоалети, туку и тоалетите кога сум кај некого на гости. Тоалетот на правен ги исполнува сите горенаведени критериуми: Чекаш ред, притоа смрдеата целосно те зашеметува, влегуваш и гледаш дека вратата не само што не се заклучува, туку не се ни затвора па мораш да си ја придржуваш. Урина на капакот нема, затоа што нема капак, ама јас сум налетала на крв врз чучевацот. Тоалетната хартија е луксуз, а за сапун да не правиме муабет.
УЖАССС НЕВИДЕНН! Да влезеш во Јавните тоалети е ужассс луѓеее ужассс од смрдеата посебно солзи ти идат од толку што смрди! Смрдеа да ти е гад да влезеш во тоалетот а уште помалце да се измочкаш и некои девојки кои имаат добиено волшките расфлани тука па аман бе луѓе се работи за здавје и чистота додека прават статуетки и др глупости можат да ги средат тоалетитеее и тука луѓето кои одат во тоалет забораваат да пуштат вода што е најстрашно!
Јас сум дете на природата. Ќе си чучнам надвор, на згазената трева, покрај исушена грмушка (не, одам на убаво нешто, секако), покрај коли на паркинг, зад некоја зграда, само за да не одам во јавен тоалет. Каков и да е, јавен е, и што ако не е помочан, пареата што излегува додека мочкаме (а топла е мочката, таму доле водичката е ладна) ми е одвратна. Ништо не ми чини, ништо не ми е погодено, таква сум. Еднаш зорт ми беше, во дискотека влегов, ужас, не можам да опишам, не само капакот туку и плочките на сите страни беа помочани, па така јас фино-лепо земав од вис да мочам (и во тоа не сум успешна, панталоните лом ги правам од задна страна, никако не можам да центрирам ) изгубив рамнотежа, среќа паднав нанапред, па убаво со прстите си мацнав на тие одвратни плочки. Тогаш го сфатив благодетот на носење антибактериско средство. Затоа денес, јавен тоалет, јок!
Се од наведеното Само штета што можеш да избериш едно. Јас не одам во јавни тоалети оти ми се превртуваат цревата
Јавните тоалети се УЖАСНИ! Се од горенаведеното ме нервира, а најмногу чекањето, смрдеата и тоа што нема тоалетна Ги одбегнувам најмногу што можам, но се случува да одам во тие гадни места
Гледам што е можно повеќе да ги избегнувам јавните тоалети,освен ако ептеенн не можам да издржам. Дури и на гости кај и да одам гледам да избегавам,ама па кога ќе испијам повеќе пијалок морам. Но како и да е каде и да одам никогаш не седнувам никаде,дури ни кај роднини ни кај дечкото.
Освен дома, седнување на др место никогаш! По гадно нешто од јавен тоалет нема! Никогаш не одам, колку и да ми се мочка, ке трпам до дома, ама не и не.
Од јавни тоалети бегам како од ѓаволот Многу ретко ги користам, скоро никогаш.. Два или три пати ако ми се брои да имам влезено, чак што више и тоа е многу!
Јас и јавен тоалет - никогаш Освен дома, и домашни услови (кај баба и дедо, кај дечко ми) каде што знам дека хигиената е на високо ниво не ми претставува никаков проблем Дискотеки, оние јавните wc-а, тоалетите по кафичи, на факултет никогаш не ми го виделе лицето, моја нога тамо не стапнува. Колку сака нека мириса убаво на освежувач, потенцијален извор на бактерии е самото место! Се случило неколку пати, од кој последниот беше на пиволенд сега, да не можам да издржам и да си отидам дома. Нема да ја заборавам фацката на дечко ми кога му кажав дека ќе си одам дома, зошто ми се мочка! Прво мислеше дека се зезам , зошто нели јавни wc-а имаше еден куп поставено, ама кога му кажав дека немам намера да влезам тамо па макар се измочала во гаќи, ме однесе дома така да јавен тоалет НЕ
Кога само стварно не можам да издржам и почнува да ме боли стомак тогаш одам во тоалет на факултет или во некој трговски но и тогаш фала богу не седнувам , клечам високо над шолјата
ептен кога ке ме најде голема зорт идам на фах во вц или во кафич иако можам мн да стискам ..и никогш не седнувам на шоља освен дома и кај некои поедини роднини ...инаку оние јавнине вецињааа или кога си идам за мк по бензинскии...никакооооо мн ми е страв од некоја болест,инфекција или нешто слично
Ги мрзам, највеќе како што знаете заради хигиената што е еднаква на 0, ќе трпам ама гледам да не ги користам освен ако не ме фати ептен зорт.
Уфф мразам јавни тоалети. А што најмногу мразам кај нив? СЕ, почнувајќи од самата нехигиена, смрдеа... Затоа кога ми се оди во вц си трпам, подобро така отколку да добијам некоја инфекција или нешто слично.