Најчесто ги избегнувам (оние во Гтц, монтажните), ама во зорт.. И јас најчесто одам во кафич, Мек Доналдс или во тоалетите во Рамстор (и овие се јавни, ама се чисти). Зависи што ми е поблиску
За никаде се нашиве јавни тоалети. Немаат ни тоалетна, ни ништо. Да не збориме за вратите пред распаѓање и тие рѓосаните чучавци. Него ај да ја разведриме малце темава, да ви покажам еден многу интересен јавен тоалет шо го посетив у Виена, да ти е мерак да се измочкаш. 60 центи мислам се плаќаше, ама беше џам, стварно интересен тоалет, само требало изгледа да ми се примочка ко тогаш у право место на право време. Спојлер
Кога сме веќе кај вц-иња во странство, во Монако штом влезеш во тоалетот, се уклучува сензор и пластиката за седење веднаш се врти и се дезинфицира на лице место. И да седнеш, да си завршиш работа, да не ти е страв.
Што најмногу ве нервира кај јавните тоалети? Тешко е да се одлучи што повеќе ... Тоалетна никогаш нема , ако има тоалетна голема е веројатноста да е водена или помочана капакот е стално валкан или воопшто нема капак, расипано казанчето , претходниот не пуштил вода, нема четка за чистење на шолјата , миризба убија, вратата не се заклучува нема ни квака ни ништо . Избегнувам да одам ама некогаш едноставно мора Многу ми е ''смешно '' што на автобуска се наплаќа ,не тоа дека се наплаќа дека наплатувачот ме има прашано по мала или голема нужда?Јас цела прашалници и си прашав зошто . Бидејќи помалку или повеќе тоалетна да ми дадел?! Ти дава тоалетна, да ,колку што мисли дека ти е потребно ,ако одиш по мала нужда 10 денари а за голема не сум била
Се не нервира: Смрдеа Немање на тоалетна хартија Врата што не се заклучува Урина на капакот! Обично избегнувам јавни тоалети ама некогаш кога мора ете ќе отидеш -.-
Во кратки црти, ако сакаш да казниш некој, затвори го во јавно веце. Се разбира, ако вратата воопшто може да се затвори Добив нова идеа за предизвик за на Преживеан..
Со еден збор - гнасно Имам влезено два пати до сега и ужасно е! Ај што смрди, туку ниту се затвораат вратите, ниту има тоалетна хартија, ниту па можеш да видиш нешто внатре, црна темница. Бљак Попрво ќе истрпам до првото место каде што има пристоен тоалет отколку да влезам во јавен.
Можеби навидум изгледа смешно,но кога ќе размислам може секакви болести и инфекции да фатиш. А кога имаш циклус и отидеш во јавно ВЦ како ќе ја сменеш влошката? Навистина хигената е на нула. Има навистина некои јавни тоалети кои се добри, но повеќето НЕ!
јавните вециња кај нас се крш, да ти е мука да влезеш..едаш ме има фатено зорт и морав да идам ми наплати 10 ден а внатре ни квака ни даска ни хартија нема..ама ако се се самите сме криви..една иницијатива да се пушти до град скопје и проблемот ќе се реши, за се има пари да се даде за хигена нема. и да ви кажам женските вециња се многу повалкани од машките затоа што ние жените место да оставиме суредено позади нас ние прљаме..влегува врши нужда и ко низ турки гробишта не пушта вода а да ја прашате таа дали така и дома вода не пушта..претеризам е ова..ќе не зафати некоја заразна болест, колера ќе не фати...
пре би одела во некоја грмушка, ама ако немам избор... тоа е што ќе правиш, не можам во гаќи да се измочкам
За јавните тоалети ме нервира тотално све, не практикувам да одам, единствено кога веке неможе да се издржи. Чекањето ред 2 саати, вратата не се заклучува со едната рака мораш да ја држиш, немаш тоалет, и на крај кога ке се измиеш раце немаш со што да се избришеш и одиш со мокри раце...Ужас
Уф колку е одвратно...Смрди,нема тоалет,прљаво е и башка не се затвараат вратите . Никогаш не идам у јавни тоалети...Па макар и колку год да ми се иде у ВЦ..Ќе трпам
Никогаш не влегувам во јавен тоалет Освен ако мора Најмногу ме нервира нечистотата и смрдеата.Ако е чисто би чекала,не е проблем времето
Ау,ужасни се Нема сапун и тоалетна за да си ги избришеш рацете да не одиш мокра,смрди корне Абе шо да ти зборам.Јас влегувам само во оние шо се онами кај теранова на 2 спрат и оние во рамстор.Е тоа ти се вика тоалет
Во јавните тоалети ме нервира тотално сe, не практикувам да одам единствено кога веке неможе да се издржи.
Во јавен тоалет еднаш имам влезено, и мислам од тоа смрдеата за малку сто не си умрев Ептен смрдии, море не да смрди КОРНИ. Па така да уште еднаш не планирам да посетам некое јавно WC.