Јас воопшто не ги сакам јавните тоалети! Мислам не ми е јасно како има толку одвратни луѓе и несовесни - Ги кршат вратите без да размислат дека и нив еден ден ќе ги стегне сер*а. Се мочаат насекаде низ капакот.Дај Боже некој на нивниот да се по*ере. Смрди,корне и нема тоалетна хартија - каде се сега тие што се определни за хигиената? Па уште и кога ќе видам дека ми наплаќа некој некаде ..па да го акнеш од земја криво да не ти е!
Како прво во градовите во внатрешноста,поготово во помалите градови јавните тоалети се апстрактна именка.Значи мозеш буквално да се помочаш,ако не се снајдеш и да влезеш во некој локал.Таму каде што ги има-хорор филм.треба со едната рака да ја држиш вратата а со другата да ги обавуваш сите други работи.Помошани даски,смрдеа,г***а...
Не можам да се изначудам како некој може да користи јавни тоалети, јас никогаш не сум влегла во јавен тоалет, а исто така не ми е сватливо како некој кој го користи јавниот тоалет седнува на тие валкани и гнасни даски, јас кога сум имала потреба да одам во тоалет секогаш сум влегувала во некој кафич но и тогаш немам седнато на даска.
А тоалетот во кафичот каков е? Сопствен тоалет или...? Ако гледаме така во голем број кафичи е мање више исто „чисто“ ко во оние баш „јавни“ тоалети кои кај нас се бројат на прсти. Да не зборам за дискотеките кај што или е измочано или исповратено сегде само не кај што е предвидено да се направи тоа. Али ако те фати зорт какво сака нека е, нема бирање. А за седнување никој не би требало да седнува или ако евентуално мора, онда обавезно врз дебел слој тоалетна или палома.
Јас имам голем проблем со одењето во тоалет постојано ми се оде Шала на страна навистина се чудам каков народ сме, се кршиме, уништуваме Абе во другите земји се гледа какво е се средено убави тоалети да ти е мерак да се служиш со нив а кај нас од смрдеата ќе се задушиш
Па се страмам да кажам дека ова само кај нас го има.Ма не се влага,смрди копа на еден километар од тука.А внатре што да ти кажува,поубо зад некоја грмушка ако не можеш да издржиш отколку во јавен тоалет .Во Италија кога бевме на екскурзија,имаше човек до тоалето и веднаш после твоето излагање го миеше со црево.Па да ти е мерак да мочкаш
Не е само до луѓето, во случајов жените што одат, туку до одржувањето на хигиената во објектот. Значи секоја од вас во претходните 11 страници била во јавен тоалет, и не работело казанчето, не пуштила вода, некоја друга влегла и вторава ќе искоментира како смрдело, не се пуштало вода и тн. Значи, објектот, дали е кафиќ, кафана, бутик, трговски центар, факултет, било што, треба да одржува хигиена, да се платат хигиеничари и да си ја вршат својата работа, чистење на вецињата секој ден, проверување често дали има сапун и тоалетна хартија, хартија за раце и тн. Значи оставете го тоа дека луѓето немаат култура, тоа веќе го знаеме, и ние спаѓаме во таа категорија, само објектот каде има веце не одржува хигиена. Кривете ги нив за тоа.
кога тоалетот смрди! кога има урина на капакот!(поодвратно нешто нема!!!!!) кога некој заборавил да пушти вода. нехигиенски тоалет,во други зборови тоалет кој не е исчистен со месеци!
Ретко користам јавни тоалети, кога патувам единствено. Јавниот тоалет во сите други случаеви освен при патувања, го користам за освежување шминка, парфем, мастика, да се поднаместам и толку, и тоа е стриктно во оној дел со лабаво, а не во кабините.
кој од кој полоши.. Се може да се најде таму.. се обидувам да не се доближувам а не пак да влезам внатре
Две страни ме нервираат: Едната е немањето култура од народот. Намерно уринираат по капакот, надвор од шољата, ја злоупотребуваат тоалетната хартија, не пуштаат вода, влошките ги фрлаат без да ги завиткаат, чкртаат по вратите и ѕидовите, намерно го кршат ентериерот, ги оставаат чешмите пуштени. Колку и да е тоалетот чист, знаат да го направат катастрофа. Втора работа се самите јавни тоалети. Кај повеќето нема клуч. Како да влезеш, а да не се заклучиш? Па мораш да имаш некој покрај себе да те чува. Не работи казанчето, нема тоалетна хартија, чешмите на работаат, нема миризливо нешто, ако е извалкано никој не го чисти навреме. Немаат доволно тоалети на број, често пати е само едно вц. Знам дека донесоа некој закон за сите угостителски објекти, во кој мора да се почитуваат правилата за тоалетите, ама еве, никој не ги почитува. И да се разбереме, никој од нас не сака да оди во такво вц, ама да не се лажеме, честопати сме приморани. А, кога природата те повикува, нема бегање.