Имам денови кога одам почесто во веце,па така кога ќе излезам морам да отидам во јавен тоалет.Ме нервира кога треба многу да чекам некој за без врска е внатре а некој чека пола саат,ме нервира кога за без врска е трошена хартијата и многу други работи.Ама тоа е до нас луѓето до нашата култура...едноставвно немам култура за тоа како треба да се однеусваме во јавни тоалети
Според анкетава гледам дека дури на 27% им смета урина на капакот. Зарем вие си седнувате на капакот во јавниот тоалет, јас не можам да си замислам, а не да седнам на капакот во јавните тоалети, после тоа ќе треба да се пикнам во машина за перење алишта и пак не би се чувствувала чиста. Не можам да замислам да седнам на капак каде што пред мене седнале многу други непознати луѓе, зарем на тој начин не се пренесуваат разни бактерии, инфекции и болести.
Катастрофа се. Ужасно мирисаат. Не ни седнувам на шолја. Уште кога ќе видам дека нема хартија, ми се крева косата.
Секогаш гледам што повеќе да избегнам да одам во јавни тоалети, е сега ептен ако морам, не седнувам на шоља, неможам ни да помислам да седнам . Исто многу ми е гадно женскиве кога расфрлаат влошки, ко да нема корпа за тоа
Јас никогаш не ја користам хартијата во јавните тоалети, секогаш си носам марамчиња со мене. И никогаш не би седнала на веце шоља во јавно веце. Дечко ми едно лето работеше како келнер во една кафана во Скопје. Толку беше згрозен од женското веце, секој ден ми се жалеше. Измочани шољи, не пуштаат вода, употребени влошки на земја, тоалетна хартија на земја. Сум забележала дека многу девојки не мијат раце при излегување, па гадно ми е и кваката на вратата да ја допрам. Ги гледаш од надвор дотерани, средени и културни, ама по однесувањето во јавни вециња се гледа вистинската култура.
Избегнувам вакви тоалети , што од немање тоалетна и лоша одржана хигиена, што од тоа дека не се заклучуваат саглам ни врати ни ништо , и згора на се да си закачам бактерии не фала
Браво за темава! Ова е нешто со кое секодневно луѓето, наши или странци, се соочуваат. Што сурат имаат оние кои ги мочаат капаците? Тоа е единствена причина зошто треба да се дозволи видео надзор на јавните вециња... во висина на лицето може а е камерата, не мора снима она долу. И не можам да разберам кога ќе се измочаат или исерат и не чувствуваат потреба да пуштат вода потоа Таквите дома да не имаат полско веце?
Со оглед на искуството низ годините, имам фобија од јавни тоалети и со години немам влезено никаде. Се трудам сите потреби да си ги завршам дома за да се поштедам од истурање црева некаде, знаејќи ја состојбата во тоалетите низ кафичите и сличните локали од окружувањето. Ретко каде има навистина чисти и одржувани тоалети и греота е колку нехигиенични луѓе постојат, просто да не ти се верува. Дури ги избегнував и оние тоалети во школо додека бев основно и средно, понечисти од тие дотогаш немав видено. Навистина, после толку видени влошки распослани како едра, искористени тампони и изгужвани нафрлани тоалетни хартии насекаде освен таму каде што треба, се плашам да влезам и да си завршам потреба било каде. Да закачам некоја глупост заради тоа што некоја невоспитана шмизла пред мене не била педантна - не фала, ќе си одам во ве-це дома и ќе си завршам работа на раат.
Ги читaм oдгoвoрите нaгoре и си викaм фaлa Бoгу штo никoгaш не сум имaл пoтребa дa влезaм вo јaвен тoaлет
Од се по нешто ме нервира, но најмногу кога вратата не се заклучува. Како да извршам нужда тогаш?! Пазете ситуација, се истегнуваш додека се олеснуваш обидувајќи се со раката да ја држиш вратата да не ти влезе некој. Страшно.
Јавните тоалети се слика и одлика на нашата култура и нашата свест. Јас ќе кажам за тоалетите кај мене на работа, значи во мојата установа каде што во неколку вециња одиме само ние женштурачи, која од која по госпоѓа, која од која што се прави чистопатна, домаќинка, педантерија ...а позади нејзе остава помочана даска од веце шољата, понекогаш и до шољата, значи криво мочаат, вода не пуштаат, хартија еден тон, хартија до шоља, улошки отворени и раширени како да се спремни за полетување...ако имаат мензис сите знаеме, крвава шлапната тоалетна хартија во корпа и надвор од неа.... Абе аман жени, па погледнете позади вас, завиткајте тоа улошките во хартија, забришете ја даската која сте ја извалкале, употребувајте влажни марамици, одржувајте чисто и на работа...и мијте раце бе после мочање у пм.
Во Citymall се претежно чисти, освен ако не налеташ баш пред чистење, посебно кога има голема гужва, на пример во сабота, а за тоа не се виновни чистачите, туку голем дел од луѓето не се однесуваат соодветно на правилата за хигиена и го оставаат тоалетот нечист.(Како основно, не пуштаат вода, бе!?!) Во Ramstormall, во последно време ситуацијата со тоалетите е очајна, се’ е искршено, ништо не функционира и мириса на нечистотија.
Мразам јавни тоалети и колку можам повеќе ги избегнувам. Ама за време на долги патувања мора некаде да застане човек и тогаш се вадам од такт од смрдеата, некултурата, како животни да оделе во тоалет, а не луѓе...