Пак јас со rant за јавни вециња. Значи има две работи што ме нервираат, а тоа е коа има непреградени потполно кабини кога сите си ги слушаме милозвучните прдежи и мочања и фактот што народов е урочен ко мал. Друго објаснување немам зошто со напишани огромни букви на НЕ ФРЛАЈТЕ ХАРТИЈА ВО ШОЛЈАТА овие пак фрлаат. Значи колку е тешко да земеш и хартијата усрана што си го бришел газот да ја фрлиш у корпа, па пичка му матер дебилни да сте ќе сфатевте досеа. Како не ви е жал некоја кутра жена да отпушува гомна по вас и како не ви е жал да оставате затнати, помочани или посрани капаци. Не знам како е у машко веце, ама одговорно тврдам дека погадно нешто од јавно женско wc нема. Нема едноставно, па уште улошки несвиткани, такви крвави акнати како лепеза коа ќе видам, ми доаѓа да зеам и на таа што ја фрлила да и направам фронтален хируршки зафат. Опрајте се бе пичка ви матер дебилна, девојки сте, дотерани, пицнати и намирисани, а ваму смрдени тоалетни хартии не знаете на правилно место да фрлите. Смрдли, мрш, сиктер, одвратнотии.
@KateKane ја па после пандемијава забележав дека доста јавни тоалети се почисти од порано. Дали поредовно се чисти, дали луѓето почнаа појше да пазат на хигиената не знам ама баш се изненадувам позитивно во последно време. Мал напредок, за разлика од порано. Секако уште има и места кај што е катастрофа...
Најлошо искуство имам во Охрид, како се викаат toi toi. Ми дојде, морав влошка да ставам и сакав неќев морав да влезам, оти ми е срам во кафич да прашам. 3 дена не можев да јадам од то шо го видов, да не кажам шо се', а се обидов и во машкото и во женското, и на крај влегов во кафич. Едно прашање: дали и дома така живеат луѓево?
Во toi toi вецињата е најсрање (pun intended ) Сериозно, ако треба ќе трчам до дома ама во тоа не влегувам...
Mене ми е многу глупо кога ќе влезам во јавно веце кое е ужас со хартии на земја иако кантата до гз им била на тие шо фрлиле и таа па после мене што ќе влезе ќе мисли јас сум. И онака замислувам као ме пцуе под мустаќ, а друга била Јас во веце во болница сум морала да менувам влошка оти јебига, за мочање ќе стиснеш ама ова тешко. Се стегав да не повратам, буквално.
Еден ден коа ќе дојдам на власт, таквите мобилни вециња ќе наредам да се запалат од прво до последно. Хичкок и Ели Рот гомна (хехе) да јадат за хорорите и страхотите што може у таква абоминација, у таква црна дупка, вортекс да најдеш. Не знам кој ги смислил, се надевам гори во пеколот во некој круг кај што треба да нуждира во такво, кога истото бидува изнуждирано на најодвратен можен начин.
Кај мене во школо лепеа искористени улошки по плочките во вц, на пола метар од кантата, фрлаа влажни марамици у шоља, оставаа искористени тестови за бременост така на плочки, со се упатство фул распакувано. А по кафичи обично идам во машки вцња, ем никогаш нема гужва, ем е почисто.Не знам у која штала живеат тие жени шо праат лом така по јавни вцња ама алал да им е.. Четка за шоља, мисловна именка Ѝ паднало хартивче од улошката, ја мрзело да го крене, Имам начекувано и исповратени даски и сѐ околу нив…измочани даски, поклопец измочан, вода непуштена… Ужас!
Има еден ресторан покрај кеј(во центар) со прекрасно вц. Секогаш со другарка ми кога излегувавме прво идевме таму во вц. Келнерот не имаше научено и еднаш рече: Еве ги овие дојдоа за во вц. Тогаш не фати срам и не отидовме веќе таму.
Јас искрено преферирам надвор да мочам.Ако сум искочена (не во кафич) и ми се примоча, одбирам да е во природа.Некогаш ако видите натртена кобила како моча-јас сум
Ја по некоја среќа сум од тие шо можат цел ден да им држи бешиката. Некако чудно е, ама ко психолошки трик ми е. Пример ако сум цел ден во природа, можам да се препијам вода и да не ми се примоча оти нема каде. Е само што ќе наближам до некој трговски или дома, тогаш почнува
Искрена сум ме имаат и видено..еднаш една жена се дупна од дерење, ама многу имав акумулирано, не можев да станам.Затоа и не трпам кога ми се моча..буквално кај стигнам мочам, ко куче сум
Јас голема нужда не можев на туѓо вц ко бев тинејџер, гнас ми беше да седнувам на шолја кај шо го клавал друг газо.
Ја во природа не мочам ако нема кој да ми чува стража или не е некое ееептен задскриено место. Башка еднаш од што висока тревата, скакулец ми имаше скокнато на гз, приметив тек коа ме загреба нешо под тренерки па тресев ногавиците да падне.
Во право си скроз! Се согласувам со се. Ама има и друг момент- во многу јавни вециња нема услови за нормално вршење физиолошки потреби. Прво, врата што не се заклучува, или полошо не се затвара- да не знаеш дали попрво да ја држиш вратата, или да држиш рамнотежа да не паднеш клечејќи. Второ, како дополнување на првото- нема закачалка, па истовремено и капутот да треба да си го држиш да не си го помочаш, и врата, нормално ќе е помочана шољата и околу(а да не се лажеме никој не седнува на шоља, сите клечиме) Трето, кантата за ѓубре е расипана. Треба да се отвара со нога ама им се расипал механизмот, и нормално не може да го поправат тоа, па за да фрлиш во канта треба помочаната и покакана канта со раце да ја фатиш, да ја отвориш и да фрлиш. Така да, не е само народот крив. И дефинитивно, мора почесто чистење, не можеш во фул кафич пред и после затварање само да чистиш.
Кога се иде на пат она стандардното. На паркинг се отвараат двете врати и се моча помеѓу вратите и обавезно еден чува стража.