Кога се фативме со дечко ми, јако вљубени, имавме навика така да се гушкаме и да се лигавиме во улица или во кафич Меѓутоа наидовме на негативни реакции и сега се придржуваме, и се согласувам дека не е во ред тоа. Инаку некои емоции едноставно не можам да ги премолчам и држам во себе. Како на пример ако ми кажат добра вест да не скокнам од среќа и од што сум гласна, да го свртам вниманието на сите околу мене.
..Feel's like no one else in the room We can get down like there's no one around.. http://www.youtube.com/watch?v=HQsvnafwacs морав ..ме потсети
јас мислам дека секој може да се изразува и да искажува емотивни сцени и расположенија како се осеќа во тој момент.јас су таква не бирам место и време каде да рипнам,скокнам,да го бакнам дечко ми,да се смеам на цел глас едноставно тоа е мој карактер и на јавни места и дома и не го кријам.,....искажувам и ми искажуваат емоции јавно
јас кога се фанав со дечко ми цело време се бакнувавме,гушкавме,влечевме,драпавме,се фаќавме....ама веќе по долг перод јас ќе се залетам од по навика а дечко ми ме трга....само ќе ми рече..... -има народ...не гледа...полека дома ќе се галиме......и јас ок!!!!!!!
Бидејќи мене ми е непријатно кога гледам така гледам да се воздржувам.Но еднаш бевме излезени и седиме во еден кафиќ со уште еден пар и јас свртена накај дечко ми,си го галам,бакнувам и си добив желба.....кога почнав да му зборувам да го фаќам и ми вика ало свести се има народ сите не гледаат,а ок....и по некое време зимање парталите и да не нема!
Колку само јавно ги искажуваме емоциите ми се има случено да викам колку го сакам на плоштад било каде секаде го сакам најмногу и нема зошто тоа да го кријам кога сакаш некој и љубовта ти е возвратена битно ти е само да ти е убаво не е важно кој знае дека се сакате..... тој е мажот на јмојот живот
Мислам дека не е пристојно лигавење во јавност.Порано да сме биле такви,но сега ретко.Може да се гушнеме,да се бакнеме но подлабоките чуства ги чуваме за дома.Ако е темно може и нешто повеќе инаку преку ден ми е срам.Има деца,стари луѓе и е незгодно и непристојно.Во други земји мислам и дека постојат казни за бакнување во јавност и други интимности.
Абе ајде глупости. Има едни, генерација моја... Застанале сабајле во 7 и 30, професори на час одат, овие бате... се појадуваат. Се шлапкаат, се шмукаат, си гугукаат. Мислам, сфаќам дека се заљубени ама исав бе луѓе, исав. Уште плунката ти мириса, ако си се измил заби. Други па, кај една постројка за автобус, се јаваа. Оваа се расчеречила, овој меѓу нози и ајде, чекаме автобус. Околу нив седнале баби и си го криеја видикот со раката. Воопшто не е пристојно, а не е ни мила глетка. Сфаќам, доволно е едно мало цмокче, за поздравување или што ти знам, ама се друго ееее.....
Некои парови се просто ватрени љубавници, пак и егзебиционисти, сакаат љубовта да ја споделуваат пред воајери, а како да знаат кои се, ова е најдобриот рецепт. Пак и јас сум и воајер, и ватрен љубавник и се заборавав во младоста, а и сега во староста не сум ти поарна . Донт џаџ ми грешник сум, со грешен ум и грешно тело, си згрешавам јас. Кога ќе ми дојде потреба да му скокнам на дечкото до мене, како да не му скокнам, како да си речам „обуздај се жабо, те гледаат“, пак и тоа те гледаат,некако ми прави ќејф . Ова беше преувеличување на малите мои гревови да се шљакам со бакневчиња и гушкам во јавност. Го правам, виновна. Не претерувам само и да, не ги гледам попреку тие што го прават, не ме занима кој што прави околу, побогу. И не гледам причина зашто би се замарала. И јас бев клинка едно време. Пак и не сме некоја арапска земја па да одиш в затвор бидејќи се пипкате со рачињата за ноџиња у кафич, се грепкате со ноктињата, зјапате во очи, ко никој да нема околу вас, чешкате по тилот, грицкате обравчиња, играте со косите. Ако ова не го прави некој, мене па баш ми е чудно, јас во тоа уживам.
Ми ту-гјулти смајли со кренато раче со две прстиња. Понекогаш знам и сакам да си ги уживам емоциите преку бакнување,гушкање,допири и сл. и во јавност-со одредена доза на умереност,да не е пренападно и превулгарно.Ама,посебно ако сум малку алкохолизирана знае да ми исчезне остатокот од светот освен мојот спешл самван и да го нападнам на некој начин, -ми се случувало и сигурно и натаму има шанси од повторување-бидејќи е мајка на знаењето-не за друго ,ама не сум се покајала па ич-нити па сум примила поплаки . Мислам дека ова зависи од темперамент,кај мене пресилните емоции ако не ги искажам или демонстрирам ми се чини низ уши ќе почнам како парна локомотива да чадам.Истото се однесува и на кавгите,сега колку и да не би да ме слушаат се приметувало по реакции,експресии,мимики и движења,и кога сум се потскарала во јавност. Мене лично повеќе ми смета да го блатам партнерот пред другарки и колеги на работа,па со какви очи ќе го гледаат утре кога ќе дојде пример по мене,отколку да го гушнам онака насмеано и енергично и да му ја разбушавам косата.Една колешка ми кажуваше како сопругот секое утро ја бакнувал кога ќе ја донесел со автомобил на работа,па постарите колешки и сугерирале како тоа изгледа непристојно и престанала,па ми призна дека многу и недостига утринскиот бакнеж-како нецелосна се чувствува некако без него. Се додека не асоцира апла на секс и не ми го оптеретува ни сетилово за вкус ни дигестивниов систем,секој пар може слободно да си разменува нежности во мое присуство.Ако некому му пречи да гледа-секогаш постои опција да го пренасочи погледот.Мене ми е и мило кога луѓето покажуваат емоции,обратното ме застрашува повеќе.
Мене многу ми е незгодно кога седиме со некој пар и овие цело време се лапаат, се стискаат, си шепотат.....па идете си дома бре луѓе. Што сте излегле ако не ве интересира ништо околу вас. Несакам ни ептен ладно, знаеме да се гушнеме, или да се фатиме за рака додека шетаме или да играме заедно во дискотека, да се бакнеме онака......али да се лапам јас на маса со еден куп луѓе околу мене, уф грдо. Далеку од тоа дека се баталуваме, не е ни тоа убаво да седат ко да не се познаваат, ама се со усул А пак ова лигавењето и искажување емоции на фејзбук, уфффф, аман. Срциња на ѕид значат голема љубов? Јас ако имам желба да му искажам љубов, се јавувам, евентуално порака. Ама на фб бе, неможам да сфатам. Или цел ден сме го поминале заедно и од дома после ќе си праќаме бакнежи на фб, ќе си оставаме коментар4иња колку сме најпрекрасни. Ова ми е најглупа форма на јавно искажување емоции. Кога се работи за кавга, подобро ќе го игнорирам остатокот од денот пред луѓе, додека дојдеме на само отколку да се карам пред било кој и да се понижувам, а и на луѓето околу да им стварам незгодни ситуации. Или пак да им давам поводи за муабети/трачеви
Едно големоооо НЕ. Мразам такви лигавења а и не ја сваќам поентата. Да покажам пред пошироката ни јавност дека многу се сакаме, неможеме еден без друг или многу сме попалени?!?!? Најважно ми е да имам јака и стабилна врска а мислам дека тоа не е еден од начините на кој се покажува па уште емоција во јавност. Емоциите ќе си ги искажувам на др место а за во јавност доволно е што ќе ме види со него па макар и за под рака фатени.
Ама не стварно мн ме нервира одиш негде и некои си се фаќат си се лапат бе брате не регистрират дека некој ги гледа..пфф... ептен е глупо... сеа разбирам да се гушнат да одат фатени за рака... ама тоа другото не баш...
И мене не ми се допаѓа лигавење во јавност. Како да немаш време да се видиш на само па ајде сега сите мора да те гледаат. Јас не практикувам искажување емоции во јавност зошто како прво мене ми е глупаво и незгодно, а верувам дека и на друштвото и останатите околу нас
по глупаво нешто ми нема... многу ми е без култура тоа. посебно ме иритира ако си излегол со некој пар а они ко да се сами дома - без осет а и одвратно ми е и некој кој не е со мене ама ете у сред кафиќ се разлапале па фаќање мислиш у секој момент ќе се соблечат - значи за се си има соодветно место, а јавноста не е место за искажување емоции и лигавење
имам проблем со искажување на емоции и чувства, освен едно воодушевување ништо друго не излегува од мене, и тоа малку е со усул. немам ништо против оние кои искажуваат јавно емоции и чувства но во граници, одвратни ми се оние кои претеруваат.
О,дефинитивно крајно конечно НЕ! Секогаш сум против тоа,срамежлива сум по природа а и не ми изгледа вкусно. Демек види ме знам да се бакнувам и да се стискам.АБе ајде! Кој не знае... Или па неможат да додржат до дома,ХаХа како не! Единствено можам да кажам дека обожавам кога ќе видам краток бакнеж на парови кои се збогуваат. Пример на автобуска,железничка,аеродром...Тоа ми е ОКеј
Постојат 2 ситуации: 1. Кога парот се излезени сами. 2. Кога се излезени во друштво. Во втората ситуација, дефинитивно треба да се контролираат. Во овој случај дозволен е само понекој краток бакнеж на усните, или пак слатки бакнежи во образ. Во првата ситуација, кога се сами, излезени на прошетка во парк... нека прават што сакаат. Е добро сега, не да се оптегачат на клупа, таа раширила нозе, а тој страсно ја бакнува стискајќи ја за задник. Тоа НЕ Тоа нека си го чуваат за темни ќошиња и за по дома. Ама да си се бакнуваат луѓето... тука ми нема ништо страшно нити грозно.