Во друштво нормално воздржани, а на само ми е убаво кога ќе си се гушневме, ќе си се мазевме ама со усул, а многу ми е убаво и кога ќе видам во парк некој заљубен пар , нормално да не се понашаат манијачки
Кога ќе видам разлигавен пар на сред кафич, раце под блузи и сукњи во диско искрено ми се темни.Ако не можеш да додржиш патот под нозе и заврши си работа, не мора еротски претстави без пари.Исто ми се многу невкусни по клупи кога ќе седнат, па оваа легнала или му седнала со раширени нозе, којзнае колку се каат кога не се по сукња. Гушкање, чат-пат бакнеж, играње во кафана/диско ми е ок. А, и да не ги заборавам средношколците, особено оние што сега почнуваат да излегуваат по кафичи.По пола саат имаш глетка размена на плунка, некогаш ми иде чаша вода да им донесам откако ќе завршат
Леле нагон на повраќање имам од ваквите парови!!! Алооо, сте слушнале за соба ??? Не мора да ми се лигавите по бутици, автобуси, по улици и по секој можен ќош! Јас разбирам да одиш со тој што го сакаш гушната заедно или да си размениш по некој бакнеж. Ама тоа бацување , чиниш некој јазик ќе летни од некоја страна, па плус уште кога ќе видам за газ како се фаќаат во јавност?! Невкусно е и на секој таков пар ми иде бокс да им мавнам, а овде кадешто сум, ги има премногу ! Кај нас во Македонија се повоздржани. Многу ретко се случува да видам некои да се лигават до тој степен да ми одат на нерва.
Мене ова ми е многу невкусно. И мене ми е непријатно кога ќе видам парови кои постојано се лигават кај што ќе стигнат, во гужви, во друштво, во автобус... Разбирам да одат фатени за рака, да се гушнат или да се бакнат ама со мерка. Кога ќе видам таков разлигавен пар искрено ми се гади, а верувам и на другите околу нив. Толку ли неможат да се воздржат.
Сум била сведок на тегнење за коса пред ресторан. Девојката работеше во ресторанот и јас со другарка седев во близина на него, малечки бевме и немавме што да правиме па пукавме сеир. Едно добри 20 минути се караше со дечко, падна насилство, тегнење, плачење. Срамота. Ми падна премногу жал кај за насилството, па и за тоа што цел народ околу обрна внимание на истото. За парови многу ми е невкусно кога се тера тоа без усул. Јас сум најсрамежливото суштество на планетава земја и никогаш не можев да се замислам себе во таква ситуација, а ете бев. Дечко ми едноставно изгледа тоа не го гледа како нешто кое не е вкусно за очи. За туѓи очи, туку дека е тоа љубов. Не станувало збор за лигавење, умилкување, галење без прекин и така натаму. Но мене и еден обичен бакнеж (цмок што викавме како мали) кој трае 1 секунда ми е непријатен кога се случува во автобус, такси или на некое слично такво место.
Пред една недела имаше кај нас таков случај, девојката го изневерила дечкото и тоа со турчин,па овај почна да ја тепа пред цел кафич .Греота такви проблеми се решаваат дома,а не пред сите... Ние не искажуваме многу многу емоции јавно.Ладни сме кога сме во друштво , може бакнеж или два но многу ретко.Емоции и љубов само насамо
со дечко ми многу ретко е да се бациме во јавност, да шетаме гушнати ок, но да се лигавам не фала.Имав една друарка ми се смачуваше баш од таа причина, дури и другите другарки во друштвото почнаа да ја зборат.Она кога и да се видеше со дечко и се лигават како дома да се. Истото мислење ми е и за, други емоции, правење сцени и кавги, никако, се знае таквите проблеми се решаваат дома. Сметам дека секој разумен човек може да се воздржи и да почека до дома.
Големо НЕ за вакви работи. За мене ова е една голема некултура. Аман луѓе ако имате потреба толку да се мазите и лигавите затворете се дома и правете што сакате... Единствено нешто што ми е симпатично е краток (не)очекуван бакнеж на образ и сл. Тоа ме разнежнува... И да, најгрдо нешто е да седиш во друштво со пар кој цело време "покажува" колку се сакаат.
Не и не .Нешто најглупаво ми е кога видам како некој плаче во јавност,или пак се лигават,се гушкаат нон-стоп.Аман бе,мислам може да се прават тие работи дома.Не мора сите да дознаат дека сте тажни и да ве говорат дека сте плачеле
Сум личност што тешко може да искаже кога и е тешко..а кога сум среќна сакам да го кажам тоа да го споделам со моите најблиски.ТОЈ кога е со мене во друштво на другарките гледам да се воздржам толку многу да не ги изразувам моите чувства спрема него,се чувстувам и јас незгодно па и тие ...сигурно. А кога ке видам како се лигават некој како трчат по некое машко,како плачат во јавност...тоа значи дека се многу ,,лесни,,
Гушкање ми е во ред, ама лигавење веќе е без осет. Навистина иритира. Или жестоки зборови и расправии... некои работи се зад затворени врати, а не за пред јавност.
Не ми е јасна потребата на некои парови да ја искажуваат љубовта на јавни места..ајде, нека се држат за раце..ама да се мазат, бакнуваат..па дури и во автобус кој е мотивот на тој пар да ја покажува нивната заљубеност пред цела јавност, да ставаат слики на друштвените мрежи....Незнам психолозите што велат на тоа такво однесување...ама баш се претерува де
Се’ во граници на нормала. Не оправдувам претерано искажување емоции во јавност, некоја дискретна гушка или бацка ми е ок, ама не буквално со лигавење и привлекување внимание на околината.