Пред 2 дена се случи ситуација каде женет маж кој има бремена сопруга, пишува на девојка за да му даде број. Потоа како нивниот разговор тече и признава дека ја бара за секс, а таа му кажува дека јавно ќе го изнесе сиот тој муабет, што впроочем го прави. Тој фејсбук пост предизвика цела лавина на коментари и отвори огромен број на прашања за дискусија. Дали е во ред објавувањето на социјалните мрежи од страна на девојката каде јавно го пласира неговиот обид за неверство? Дали е погрешно тоа што женети мажи кои чекаат деца со сопругите прават неверство? Како нашето опшстество реагира на вакви ситуации, односно каков е нашиот менталитет по прашањата како брак, неверство, јавно прозивање, нарушување на углед и чест? Дали е правилно да се адресира ваква тема или поправилно е сите да си го гледаме само нашето и да не се мешаме во нечија врска? Колку нашето опшстество осудува неверство на женет маж, а колку жената која е вмешана во тоа? Темата е отворена за секаква дискусија, опфаќа неверство како појава, социјалните мрежи и нивната инволвираност во тоа, македонскиот менталитет на реакција на ваква случка, правни последици кои можат да настанат доколку се случи нешто вакво. *Дополнет вовед Spoiler: Првичен пост https://www.facebook.com/frosina.gorgioska/posts/10223565472674864 Фросе, ако си феминка пиши ми во лп, сакам едно кафе да те честам. Секоја чест. А сопругата од створов ако е и таа тука, премија си девојче за овој. Главата горе, немаш од што да се срамиш, лепотица и премија си за вакво сушстество.
А да го тргниш ова од форумов, и која е оваа глупача што се дрзнала вакви работи јавно да постира? Ја прашале дали може да се запознаат и дека има убава слика или ватевер и она веднаш како сака да ја ебат и предавања држи па и јавно ги истакнува?
Ох Господе Фросеееее ако си феминка, јас вечера ќе те частам сестро ♡♡♡ Леле кретениште гнасно. Дете да има ќе се срами од него. Сите од фамилија ќе го осудат. Се надевам жена му ќе го шутне ко ѓубре И се надевам дека долго нема да може женска да допре, се дури не му дојде памет, ако воопшто му дојде некогаш. Фросе, ти ми си херој денес ♡
Таа го прашува Ти се ебе и тој вика Да, па таа му вика Зошто бараш секс надвор од брак и тој вика Не ми држи предавања, немој да мислиш дека ќе најдеш маж кој ќе ти биде верен како магаре. Вака, парафразирано. Не измислува таа ништо. И нема зошто да се тргне од форумов, таман си е
Го знам дечкото лично, не беше ваков. Со девојка му одеа една година, и се зедоа мислам самиот сакаше да се скраси. Чуден ми е муабетов, ама и лични преписки можат да останат интимни. Нејзе ако и требало причина можела и кај друг да побара. Еве не знам...
Како може да објави такво нешто за нејзе, на што ќе се потпре за го објави тоа, на тоа што девојкава му кажува колкав сељак е што нема почит кон жена му? Сам себе убио
Мантуб, сакаше друго да каже вајлд Ако некоја жена која е мажена му пише на некој маж и тој маж вака сподели јавно, дали исто ќе мислевте за неа дека е ѓубре? Јас така сфатив.
Аха... За некого може ти си 'сељак', сакаш да те отчука на социјалните мрежи за нешто што ти лично не сакаш јавно да споделиш?
Брачни неверства се решаваат меѓу двајца, не пред цел народ.Никого не засега дали тој ја варал жена му и дали пишува по други за оваа третава да се стави во улога на судија и да го изнесе "случајот" пред народот па сите да навалат по осуденикот а на судијкава да и се крене егото од лајкови и поддршка.Баш незрело.
Не дека таа е 'ѓубре', туку дека е нејзина работа што прави во нејзиниот живот. Што сака, а што не сака да сподели јавно може само таа да одлучи, не било кој да одлучува за нејзе.
Може за некого сум. Ама приказнава немаше да добие толку голема популарност ако типов не беше стварно сељак и ако само девојкава што го објави мислела дека е сељак.
Не е битно каква е приказната... И оние сликите во Јавна соба беа интересни за многумина, ама тоа не значи дека е во ред да се објавуваат, нели?
Популарност добива приказната оти народот е таков, сеирџиски. Ако толку била загрижена за сопругата можела неа лична порака да и напише и крај, нека се справува таа понатаму. Што фајде од вака јавно? Сељачизам на ниво.
Тие во јавна соба што беа објавени ништо погрешно не направија и со ништо не заалужија да бидат објавени, за разлика од типов.