Значи стварно е бремена. Да ја изневеруваш жена ти е едно ниво на сељачизам, ама да ја изневеруваш бремена, е тоа е она баш високо ниво, не ми се верува
Оваа сакајќи да се вивне во небесата од тоа што е премногу "паметна", паднала многу ниско. Жално е за жената што утре и тие што не ја знаат, ако ја препознаат, ќе покажат со прст. Јбг таков народ сме. А за Фросево... да бил тој некој лепотан, одма ќе му рекла да се видат.
Оваа таква, онаа ќе ја покажувале со прст, а за идиотот со трудна жена што бара дунди на нет ни збор. И од каде знаеш дека ако бил лепотан ќе трчала да се види со него, се раководиш по себе или си видовита?
Најтрагично е што такви како него има многу. Некои навистина немаат осет. Ќе ги спомнам и оние што можат татковци да ни бидат и што мислат дека 'годините се само бројка'. Со лични примери нема да замарам, иако ги имам. За ова и пријавување на профилот врши работа.
Нити е прв изневерувач, нити прва на која и пишал женет. Куп мажи ми пишале, иако на никој не сум дала повод. Игнор само и крај. Нивни живот, нивни проблеми. Ама до толку да немам работа, и да правам птинсктинови и да ја покажувам жената која ни ми пишала, ни ме знае, јавно, дека е глупа до тој маж, не ми се десило. Може знае дека ја изневерува, може и е сеедно. Може се омажила од сто други причини, а сега знае и мајка и и брат и и татко и дека маж и оди по жени. И ако не го остави, сите ќе и се смеат, оти жената што простува неверство е глупа, па и покрај тоа што носи дете ќе се разведе од срам. Ете тоа направи Фроса за да се пофали дека и нејзе некој и се пуштал.
Баталете срамови, покажувања со прст и слично... Ништо тоа не е битно колку што оваа ситуација е преголем стрес за една трудница, толку!!!
Не знам како ги преброивте коментарите, па правите статистики, биле машки/женски? Какви двојни аршини, па на социјални мрежи сешто се пишува и ако има слика од женско на профил, не значи дека е. Како се наоѓате нападнати како пол кога ова не е тоа. Направивте како дечково да направил кривично дело. Крив е само пред жена му. И тоа не е јавен интерес. Дали машки пак ќе си пробуваат? Да. Дали женски ќе пробуваат. Да. Сета поента на постоењето на социјалните мрежи е да се биде виден од светот и да се поврзеш со други луѓе со кои можеби имате слични интереси. Тоа едноставно не треба да биде од јавен интерес и предмет на јавна осуда па и детална анализа. Велите дека не треба да ѝ биде срам на жена му, и апсолутно поддржувам, меѓутоа девојчево е уште под свадбени импресии, бремена и денес сигурно светот ѝ се сруши. Не е поентата дека таа е крива како што велиш за твоите познанички, тоа е најмалку срам, туку е болка од предавство и тоа од најблиски лица, може да ѝ е гајле за сите што зборуваат и полесно да преболи доколку ова беше искомуницирано во приватни пораки, а не пред очите на целата јавност.
Темата е ,,Јавно објавување на приватни работи" (затоа се става акцент на Фросина), или ,,Венчани само еден месец, а тој веќе ја изневерува, попат и бремена"?
Дека Фросина згрешила со објавата, да згрешила можела да ја прати во порака на девојката, ама да го жалите дотичниов Стефан и дека бил грефче, па уште и да ја нарекувате расипувач на домови, треба малце да се запрашате, дали сето тоа ќе се случело доколку Стефан не и пишел? Нормално не. Па уште по фб читам коментари она го навела да и пише хаха, колку прост народ ејјј. Секогаш машкото излева во која и да е било ситуација жртва.
Ај ѓубрево од маж што не може ни маж да се нарече заслужува да е спуштен вака јавно и понижен, иако и тоа е законски казниво бидејќи објавува нешто без негова дозвола. Ама во случајов најголема жртва е жената на дегенериков и навистина ми е жал за нејзе, бидејќи типкава(фросе) јавно ја понижи и нејзе со оваа објава. Јас попрво би и пратила на жената во лична порака, ако е толку морална личност оваа Фросе така би постапила, ама не поентата е вака јавно држење морал и сега дигање на егото до плафон што од страна сите и аплаудираат (лајкнуваат).
Затоа што јавното споделување на приватните работи, директно ја афектираат жената. Отвори само фб, па и твитер да видиш што се случува. Pray for Stefan, ете тоа направи ,,совеснава". Утре, на крај жената крива ќе испадне. Едит. Да се надоврзам, зошто мисливе ми тежат. Жената ќе се породи, тоа бебенце ќе порасне. Ќе биде предмет на исмевање и трауми поради вакви немили скандали, увезени од идиотот-татко. Особено на ова парче земја, вестите патуваат со брзина на светлината. И ти сепак повеќе акцент ставаш на оној? Тој и така и вака ќе ја изварал, ама па што има жената да биде предмет на потсмевање. Ме разбираш на што целам?
[QUOTE="KateKane, post: 5259459, member: 12630]Абе се убаво другар, ама за актов на пријателов да искоментираше? Пошто секогаш кога се фрла фокусот на друго, се разводнува случајот и се дефокусира вистинскиот проблем - а тоа колку е социјално нормално прифатено женет маж сексуално да вознемирува слободна жена. Страв ме фаќа кога гледам колку на сите ова им е како секојдневие станато, како да е нешто најнормално што секој го прави. Факт е дека илјадници жени се на местото на сопругата. Не е само таа изолиран случај. Ова ми е секојдневие да разбирам како дома имаат златни жени, а бидејќи телото им се менува да сакаат настрана да си тераат ќеф. И никој ништо лошо не рече за сопругата, да речеше овде јас лично одма ќе реплицирав. Ама пошто очигледно не е наша работа, не треба да се коментираат вакви случаи јавно, туку се во животов да биде ќути си - дупи си, ќе си живееме вака каде на тапет се и двете жени, апсолутно само за нив се коментира - а за ваквите мажи ќе правиме пресмешки на фејсбук и статуси за да ги бодриме.[/QUOTE] Што да кажеме за другарот, тој сам се впуштил во ризик. И што да правиме, протести за мажите да не нѐ изневеруваат. Овде не е проблемот кај нив, веќе кога сакаш да делиш полови. Проблемот е што им се може. Не заради тоа што е маж, затоа што мислат дека жена му нема кај да оди и нема да го остави. Или едноставно си бара авантура и сака да живее со ризик. Ова не е само за мажи туку и за жени, можеби помалку ама ги има. Генерализирате исто како и Фросе, само што сите мажи кои пишуваат излегоа сексуални предатори и манијаци според вас. Стварно мислите дека сите ги блокираат и откачуваат? Излезе работава ајде ќе се буниме и протестираме затоа што ни се пуштаат мажи во пораки, слушнавме ова често се случува, па ајде петиција да не го прават ова. Инаку има опција да не може да ти пишува никој ако не ти е пријател и на фб и на твитер итн. Искористете ја за да не ве манијачат секакви и за мирна глава.
Искрено, треба да се срамат и Стефан и Фросето! Прво, кога видов, реков: Е ако му е на ѓубрето! Јас стварно сум некој што е многу против неверство од било кој тип. Ама луѓе, Фросина е ненормална, ставила слики од свадба во црква а на истите слики ја има жената што е ни крива ни должна. Згора на се, изгледа дека е бремена. Ако Фросето толку се секира за жената можела да прати приватна порака а не вака јавно да стресира бремена жена. Не дај боже нешто лошо да и се случи на жената и бебето. Двајца сељаци се нашле! Пу бре! Да сум на место на изневерена сопруга, него би го шутнала моментално, а Фросина би ја тужела! Има основа за тужба! Нема што мои слики да се вуцараат кај трети лица по профили и доле кој што му текне да пишува. Ѓубриња од народ сме. И мене ми се повраќа Фроси од такви мажи ко Стефан, ја би ги кастрирала! Ама и од такви ко тебе ми повраќа, би ти ги пресекла рацете, никад да не ти текне да куцнеш на тастатура. Фуј!
Жената ја афектираат постапките на нејзиниот дебилен сопруг, а Фросина е само курирот. Гледам што се случува, како и секогаш при неверство, односно во случајов покушај за неверство секогаш е жена виновна, без разлика за каква комбинација се работи, дали жена во брак изневерува со слободен маж, или маж во брак со слободна жена. Читај ги коментарит. " еее гол.емо чудо ни прв ни последен што пишува," "мене сто души ми пишале ама си ќутам", "да бил убав ќе легнела со него", "да била саглам ќе била мажена," "криво и е што не е мажена па сега растура бракови", "кучката ако не мрдне со опашката никој не ја брка"," на оваа грдава само женети може да и се пуштаат" итн итн. Ајде биди реална, замисли спротивна ситуација, маж споделува пораки од некоја во брак како му се пушта, дали мислиш дека тој маж ќе бил ставен на столбот на срамот, дали ќе се потепаа мажи да го нападнат со изјави дека и нив стотици жени им се пуштаат ама они ги блокираат, дека не е ништо чудно жена во брак да си пробува насекаде па кај упали, упали, па демек криво му било дека не е женет, па ајде вадење на мегдан лични ствари аа го знам ја овој, во трето имаше тројка музичко, па ајде сигурно он сам си го барал, никоја не го сака.., . Како да не, жената ќе беше курва и дроља, а мажот херој што во ова време на блудници успеал да одолее на искушението...е добро некои ќе го караа зошто не ја изебал и при тоа не ја снимил па и тоа да го објави, ама дека ќе беше ставен на столбот на срамот и ќе се бараше морална одговорност за расипување на бракот мало морген. Мажите си се апсолвирани од морална одговорност, нивно право е да си ја пробуваат среќата, ете и тука прочитавме дека тоа не било ништо невообичаено, ама товарот е на жените не само да ги одбиваат додворувањата, туку и да молчат за тоа, "за да не растурат нечиј дом", а тој кој го создал тој дом и треба да го чува може слободно да си продолжи со ловот.
Мене некој да ме изневерува, да ми набива рогови, да ме прави будала, без разлика дали во врска или брак, сакам да дознаам!! И нема да тужам никого ако некој објави слики. Ако некоја ми прати скринови во порака, јас ќе бидам таа која без да ми биде срам дека сум изневерувана, ќе објавам сите да го дознаат што ѓубре е. Има скапо да му наплатам за неверството. Особено па ако некој помисли додека сум бремена да ме изневерува, дури тогаш не знам колку лошо може да си помине. Читајќи ги темите на форумов, читајќи вчера на фб за ова ѓубрево што го објавила Фросина, навистина страв ме фаќа да имам некој во животот, да го сакам, да му верувам, да му се посветам целосно, а зад грб да ми прави триста работи.
@Asparagus Да не беше јавно споделено, тоа ќе се решеше зад затворени врати, во адвокатска канцеларија, каде ќе бидат присутни само афектираните странки и само така е правилно. Останатото, небитно за мене, за тебе. Не треба нас да не засегаат туѓи проблеми во бракот. Јас верувам дека на жената и е највеќе тешко, поради постапката на својот сопруг. Но, не можеш да ми кажеш дека постот не е додавање сол на рана. Особено во вакви сензитивни моменти за неа, тотално не и е потребен јавен блам. Значи, тоа е нивна работа, што нас не треба да не засега. Јас можам да го пцујам до сабајле, ама што фајде има она од тоа. Да не си и во кожа, во моментов. Сега ќе знае цела нејзина фамилија, сите пријатели, сите колеги, сите. Ти велам, стави се во нејзините чевли и види како ќе одиш. Дали утре главата високо ќе ја кренеш или ќе се свиеш како бастун до земја.
Замислете обратна ситуација. Мажена жена му пишува вака на некој маж и тој тоа го споделува јавно. Тогаш фокусот ќе беше не врз нејзиниот маж и покажување емпатија кон него, не врз мажот кој објавил јавно слики и скриншот од чат, туку најголемиот број негативни коментари ќе паднеа врз жената. Се разбира, мажите во таков случај ќе ја обвинеа неа, додека мислењата на жените верувам би биле поделени. А сега, иако сиот овој циркуз на Фросина и е за осуда, оти е лош потег, товарот падна врз неа и го засени неверството оти очигледно во општествово понормално ни е маж да изневерува отколку жена тоа да го сподели јавно. Тоа беше поентата на KateKane од самиот почеток. И баш правецот во кој тргнаа коментарите, навистина покажува како стоиме со оваа проблематика и дека најверојатно секогаш жената што изневерува ќе биде полошо гледана од мажот кој изневерува. И воопшто жената ќе продолжи да си ја носи поголемата тежина од мажот за било што. Женскиот неморал секогаш ќе биде на тапет и жестоко осуден, со секакви епитети, а машкиот неморал многу полесно ќе пројде.
Со високо крената глава!!! Зошто бе јас да се свијам како бастун? Тоа ѓубрето неверно треба да пропадне во земја што не знае да си ја почитува и сака својата сопруга, особено жената која ќе биде мајка на НЕГОВОТО дете. Подолно однесување од неговото нема. Ако некој треба да ја удри главата во ѕид и да се срами е тој. А не изневерената жена. Таа треба да чекори гордо со крената глава што на време дознала со каков кретен дели постела и да го шутне во истиот момент. Таа треба да чекори со крената глава, бидејќи е чесна и не е таа што изневерува.
Треба! Но во пракса не е така. Ти можеби си силна. Јас пример не сум, мене ќе ми иде да пропаднам во земја, да земам виза и никогаш да не се вратам. Не знаеме за нејзиниот карактер како целата ситуација ќе ја афектира. А дека она не згрешила ништо, освен што ги собира трошките од фамата предизвикана од нејзиниот сопруг, е единствената вистина.