Јавно објавување на приватни работи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од KateKane, 14 октомври 2020.

  1. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Не го оправдувам овој потег на објавување било какви лични разговори на социјални мрежи кога се засегнати трети личности. Која е поентата? Некоја си Фросе ќе опаметува рандом идиот што и' пишал и свесно се решил да ја изневери својата сопруга? Зошто таа жена да биде јавно објавена, зошто барем нејзиниот идентитет не го заштитила? Се ставам на нејзино место, секако би сакала да дознаам доколку мојот партнер испраќа гнасни пораки кон други, но во никој случај не би сакала мојата интима да биде изнесена вака пред сечии очи и да биде нечиј предмет за коментирање.
    Сè ова се решава со директно праќање на сликите на жената, само така се прави дело на кое може да се искоментира со "браво", сè друго е еден обичен циркуз што не е воопшто вкусен.
     
    На sj *O*, Annora, Purplelilac и 11 други им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.566
    Пол:
    Женски
    Сте запнале да и ги пратела скриновите во порака на жена му. Ама колку јас што прочитав во коментари, Фросина не можела да и го најде фб профилот на жена му.
     
    На Elf, Konfetka и edna_malecka им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.241
    Допаѓања:
    176.216
    Пол:
    Женски
    Ја видов темата и ќе ја читам покасно зошто сакам мислењето да ми е независно од другите. Колку и да сум против изневерувачи и други гниди од луѓе, многу поќе сум против во мешање и против ликнување лични разговори и податоци.

    Ќе почнам од она шо најмногу ме мачи тука, а то е дека:
    1. Не знај каква врска има дечково со сопругата.
    2. Дур пробваш да повредиш еден чоек кој го гледаш како виновен, гледај да не тргниш долу со него некој друг.
    Тој некој друг во случајов е сопругата. Сопругата која абер нема ама слика нејзина кружи на интернет. Сопруга која сите знат дека е изневерена или ќе била изневерена и ни сопругот нејзин, ни оваа која објавила, не ни застанеле да размислат малку за неа. Јас се клавам на нејзино место. Нема да сакам ни некој да ме изневери, ама најмалку ќе сакам јавно да се објави то ПРЕД ЈАС ДА ЗНАМ! Ова ми е најголем проблем со ситуацијава. Кога некој гледаш како виновен и сакаш ете да му "одржиш лекција" гледај да нема и други НЕВИНИ жртви уз пат. Тука има и од тука ова шо дотичната го напрај нема шанси да го аплаудирам.

    Во врска со споделување на чатови. Нормално, сум против ради нарушвање на приватност. Ни сакам некој да објавува и над гла да ми држи шо сум пишала, и зато не го прам истото. Ама тука не сум начисто, многу ликнати чатови помогнале за се увидат многу работи макар и неверство, злосторување, манупулација. Во такви сериозни ситуации ова е океј само и само ако знај жртвата и дур тогаш пак не е баш океј зошто изневери доверба, нели. Али ете на ова точка сум многу флексибилна зошто не сум начисто со шо мислам.

    Ама и пак би рекла сум против зошто, шо постигна девојкава со ова шо објави чатојте? Да го шејма дотичниот? Жена му да го остај ( шо патем чим решила да се меша, можеше да ја контактира приватно)? Или интернет лајкој и валидација кои изиграа против неа? И ова ме врти цел круг до cancel culture ако е првото, против кое сум и фактички постои вооружување на приватни чатој шо никогаш не треба да се случи и да е опција.

    Поентата на се ова е, која е целта? Има кретени. И одење јавно не е решение. Не е решение оти е неважна индивидуа, која ни ја познавам и не ми треба да ја хејтам. Зошто? Дали е гнида? Да. Дал ми влијај на животот? Не. Едина жртва во цела оваа ситуација е сопругата шо ни крива ни должна е во центарот на ова. Ако Форска сакаше да си има јака приказна можеше да скрие идентитет. Ама ова е далеку од во ред. Пак ќе речам, неговото па ич не е во ред ама мислам тон теми има кај шо то го имам кажано.
     
    На sj *O*, Purplelilac, Ketchup и 16 други им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Сметам дека тоа и е изговор, од кога ја испонападнаа сите. Со оглед дека е бремена жената, постапката не и е во ред. Дополнителен стрес на нормален човек не му е потребен, не пак на трудница. Да е нормална околност, до некаде би се сложила, но е во исклучително тешка состојба, за да мижи не може.
     
    На Pixi5, Idedemja и Leat им се допаѓа ова.
  5. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Ова само го докажува тоа што го пишав, дека во случај на изневерување секогаш виновна е женската страна, и да изневерува, и да изневерува некој со неа и да е изневерена.
    Зошто побогу би се свила како бастун до земја што маж ми пишувал на други додека сум трудна?
    Тој треба да се свие, ама се додека постојат мислења како твоите, богами нема.
     
    На Annath и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Јас не ја судам неа. Ти кажувам од мој аспект, доста ми испревртуваш зборови.
    Теши се дека ќе ти биде убаво цела МК да збори за твојот брак, освен нели ако сакаш да бидеш позната.
    Колку и да си силен и да мислиш дека ќе ти помине, зборовите болат. Луѓе сме, не сме карпи.
    Можам и јас да лупетам дека нема да ме афектира, а навечер да липам во перница, зошто јас господе, што згрешив.
     
    На sj *O*, Purplelilac, christinnn и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.505
    Допаѓања:
    191.322
    Божеее ама го отупе. Нема мизогинија овде, барем не на темава, за фб не знам и не коментирам. Еве, да беше дечково на пример геј, и геј чет да му објавеа со слика на жена и све, хомофоби ќе бевме ?
    Друг пример- имаш чет доказ за педофилија. Ќе го шеруваш на фб за линч да напраиш на некого или ќе инволвираш полиција? Мене лично ми е ова дилема, ама мислам дека законот е јасен.
    Некои работи се малку сензитивни, треба и да се размисли пред да се скокне.
     
    На sj *O*, FancyCinderellla, kolovoz и 2 други им се допаѓа ова.
  8. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.094
    Пол:
    Женски
    Точно е дека и машко и женско пробува. Точно е и дека не секоја личност што има слика од девојка/жена на профил е од женски пол и обратно. Ама мене ми имаат пишувано и многу добро знам како е. Не вадам ништо од ракав.

    Никаде не спомнав дека направил кривично дело. Ама неверство е нешто што никогаш не би го простила.

    Со тоа 'двојни аршини' сакав да кажам дека ако мажот изневерува, тогаш луѓето велат дека било период и дека ќе му поминел,а третата личност е виновна за тоа, а ако жената изневерува, тогаш таа е неморална. Ете тоа ми беше поентата. Дека мажот - изневерувач е многу подобро третиран од жената - изневерувач. Исто така и изневерениот маж има подобар третман од изневерената жена. Лични примери имам такви. Многу добро го знам нашиот менталитет.

    Во ред е да имаш различно мислење од моето, ама не ми ги извртувај зборовите, во ред?
     
    На sj *O*, MeowMeow, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Ама јас и ти стварно не се разбираме.
    Боли постапката бе девојко, а постапката е дека личноста со која си решила да го поминеш животот, на која и веруваш, со која си зачнала дете ти забила нож во грб и бара нешто на страна додека ти седиш трудна.
    Зборовите, односно муабетите од околината се само последица на таа постапка и тие не би постоеле без постапката на тој дегенерик.

    Е сега не знам, може ти немаш ништо против сопругот твој да те изневерува, се додека никој не знае за тоа, он нека си пишува со кој стигне на фб и инста, битно е Трајанка од втори и Жане од човечки ресурси да си мислат дека имаш совршен брак.
     
    На sj *O*, kim.k, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  10. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.346
    Допаѓања:
    19.856
    Пол:
    Женски
    Едноставно требала дирекно на жена му да и каже и готово, а не вака да изиграва судија на туѓи бракови. Од каде знае може жената знае од каде знае каков брак имаат, знам за пример каде другар на маж ми секогаш и секаде излегуваше со шваљерката и тоа јавно дури на почетокот мислев дека му е жена. Жена му немаше шанса да не знае затоа што тој не ја криеше ама најверојатно си имаат некаков договор или корист... Башка што жената е бремена и недај боже да и се случи нешто.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Аа е па добро штом не можела да ја најде, оправдано.
     
    На arabella_, cresa-jagoda и sierra им се допаѓа ова.
  12. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Човек како тоа е твоја работа? Што мора па ти да знаеш за мојот сопруг? Ќе се решам јас со него, од тебе или од Петко мене помош не ми треба. Знаеш ли за терминот интима? Сакаш да брцам во твоја? Епа колку што ти сакаш, толку и јас.
     
    На sj *O*, Pixi5, Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Се слагам, малку сензитивно е дома да имаш трудна жена и треба малку ра размислиш што пишуваш на фб.
     
  14. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.779
    Пол:
    Женски
    Треба да научите да се носите со вистината!!
    Некако не можете да ја поднесете тежината на вистината и сакате да живеете во лажен свет!!
    Единствено што не ја оправдувам фроска е што на сликите ја покажува женаму!!
    Инаку немојте да им се смеете на сингл девојките или да глумите хепи фемили а мажот да ве вара наоколу ,зашо вака ќе ја налутите фроска и таквите ко неа и ќе ви извадат скриншотови :D


    !!
    Инаку јас имам пратено скриншот кај женска му од бившиот и она ме направи курва што сум го провоцирала и сум сакала да им ја расипам нивната хармонична врска ама тој мене стварно ми досадвеше и ме замараше |(
     
    На sj *O*, Nausicaa, noteforself и 3 други им се допаѓа ова.
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.346
    Допаѓања:
    19.856
    Пол:
    Женски
    Имаше на четот каде му пишува имам луѓе кој ја знаат жена ти. Можела преку нив да ја најде и лично да и ги покаже пораките. Ако веќе толку сака да и ги отвори очите за каков идиот се омажила, а не вака ни крива ни должна да ја знаат сите пошто живееме во Македонија каде сите сеир ќе и фаќаат и исмејуваат.
     
    На sj *O*, Pixi5, Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Да бе одеднаш се слагаш. Јас што дрндам истото ко навиена, се правиш на Тошо, јас зборувам за бело, ти за црно.
    Клај наочари ако не читаш дека истото го пишувам.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Знам, затоа што пробала да се меша кај што не и е место. Само што не сакам да ширам и да одам оф топик, толку ќе кажам.

    А за тој малку му е објавата, само лошото е што ради негов срам, ќе патат други луѓе.

    Еден совет за во иднина: Размисли пред да пишеш, дали треба да навредиш/нападнеш некој кој не го знаеш и не ти наштетил!
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  18. arabella_

    arabella_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Ужас невиден . Свесна каков скандал ќе предизвика да го објави ова може само ради самопромоворање да е постот.
    Да и беше толку за на жената да и помогне ќе и пратеше.

    Не можам да оправдам споделување на приватни разговори во скоро никој случај.
    Не враќаш на вакви ликови едноставно и тоа е тоа.
    Не сфаќам зашто обожаваат да уништуваат туѓи животи за глупа причина како популарност на социјални медиуми.

    Ова ми е на исто ниво како кога машки објавуваат голи слики од девојчиња испратени во приватен разговор. Или сите што имаат пишано на машко, а тој ги оставил на seen или нешто слично. Нема зашто пола Македонија да си тера сеир. Злобно премногу.

    Ужас и причината поради која го направила ова и све .
     
    На sj *O*, ElenaOfRivendell, FancyCinderellla и 4 други им се допаѓа ова.
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.332
    Пол:
    Женски
    Мое мислење од пред некој ден:

    Додуша јас не бев во брак кога ми се случи ова, ама знам како е човек кој си го сакал највише на свет да разбереш дека иде со други. Кај мене ми се случи да лежи со мене во кревет, а да си пишува со неа. Која е оваа, а ништо, другарка за нешто ме излажа. Ми се скрши цел свет тогаш. Ме болеше тоа што знаеле луѓе, а јас бев последна што дознав. Не ми беше јасно зошто беше со мене кога ете, не сакал моногамија, сакал да е со други девојки. Можеби не ме дозна цела држава, ама ме дознаа сите што ми беа блиски, сите што ми значат во животот. Ни приближно не е исто, плус јас не знаев дека девојкава е бремена кога го објавив пред неколку часа постот. Премногу ми е жал за ова што се случило, сакате верувајте, сакате не, толку можам, на жими мајка да ви кажам.

    Како се осеќам денес во врска со мојот случај? Поблагодарна од тоа што дознав не може да сум. Не сакам ни да помислам што ќе било доколку не разберев, ова да се случуваше уште, да си легнувам покрај човек кој ме правел магаре. Да, претешко е, ама ако не се случеше ова немаше да го запознаам сегашниот партнер со кој ми е преубаво. Ќе сум останела со таков човек, во токсична средина, каде што за неговите акти се бараат триста кривини со кои може да се оправда.

    Болно е. И тешко. Ама сега после неколку години сум пресреќна што собрав храброст, раскинав и си го разубавив животот. Ако седев, ќутев и ги слушав типичните малограѓански муабети не сакам ни да знам што ќе беше со моето ментално здравје денес. И исправено горда стојам, ниту пак ќе прифатам такво однесување, ниту пак има зошто да ми е срам, ниту пак се чувстувам одговорно дека не сум била доволно добра за да почне да го бара тоа што фали кај други.

    Дајте за ова да разговараме. За ова да се разговара. Затоа што нема зошто да пропаднеш во земја, да бегаш кога апсолутно ништо не си погрешила. Зошто да бегаш бре човек? Што си ти виновна зошто некој те изневерил? Што си ти виновна што тоа ти се случило?

    Ова мора да се искорени. Да се осеќаат понижено, огорчено, усрамено и помалку од нула изневерени жени. Не се никако криви, крив е тој што изневерува (или во случајов пробува да изневерува). И на на крај памет не ми е изневерена жена да коментирам, еве цело време во темава коментарите ми се насочени кон изневерувачот, да беше извршен акт ќе ми беше кон двајцата кои учествувале во тоа неверство. Така и според мене треба да биде.

    Јас за други не можам да кажам како треба да се осеќаат во врска со вакви прашања. Ама за мене знам дека никогаш нема со прст да покажам кон изневерен човек, да се ситам или да направам некако да му е неугодно. Можам на форум до утре да дебатирам зошто мислам така, дали сум погрешила или не што отворив тема која е hot topic овие два дена, можам да си воспитувам ќерка да не трпи булшит, да не е хиена спрема други жени, а ако имам син да не е како овој и како оние што си прават пресмешки.

    Ќе продолжиме утре на темава, долга и широка е зошто се прави булинг ваков, сега веќе немам сила, а утре работа ме чека.
     
    На sj *O*, RainBow, MeowMeow и 12 други им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    @KateKane Во право си, не треба да е така. За кутрата жена имам само сочуство. Јас нема да говорам за неа со лоши зборови. Ама ова е МК. Седат бабишта на селска чешма и кројат судбини, шират дезинформации. Само на темава колку има спротивни мислења.
    Инаку, на машки домаќински муабети, го бранат Стефан. Со оглед дека е јавно споделено, жената ќе прочита, ќе има секакви коментари. На еден пост на Филипче за корона, што пишуваат, не па за женава. Секакви ги има. На крај она ќе почувствува вина. Затоа што буквално има ѓубриња со два грама мозок и сметаат дека нејзиниов е во право.
    Наместо човек да си донесе одлука сам за себе, сега ќе дојдат сите теткици и ќе и солат памет.
    Не треба во никој случај да се чувствуваме лошо, но и свесна сум каде живеам. Државава е едно големо село, секој го пика носот, каде што не му е работа.
    Почнувајќи од постот...
     
    На sj *O*, Idedemja и LadyLollypop им се допаѓа ова.