Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јавно објавување на приватни работи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од KateKane, 14 октомври 2020.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.021
    Замерка имам што не е заматено лицето на жената, а и што деградирачки зборува за неа.

    А копуков дабогда у живот не си го види детето, не заслужил ни жена, ни дете, ни куче смрдле скапано.
     
    На sj *O*, VDT2906, LovelyGirl3 и 23 други им се допаѓа ова.
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Абеее... како да почнам, а да не згрешам.
    Сите сме сложни која е оштетената страна во приказнава, а кој е гомното, пардон мај френч. Работата е што ова е навистина бедното секојдневие и ако сите почнеме да објавуваме, дали 5% бракови ќе опстанат.
    Можам да почнам да редам милиони погрдни зборови за сељакот. Сум била изневерена, иако никогаш не ни добив признание од дечкото, а не пак вака јавно (па и бремена), но знам како боли и можам само да кажам дека на жена му треба да се даде поддршка. Најмалку што треба сега да чита (ако чита) е дека таа е кутрата, дека е жалче што некое копито ѝ набива рогови дури е бремена, дека многу женички простуваат неверства пошто менталитетот ни е таков... мислам, иако можеби не е кажано со лоша намера, не е нешто што би сакале да го прочитате за себе, не?
    Наместо тоа, кога веќе е јавно и несакано ставена на тапет, заслужува поддршка и да ѝ се вдахне сила да го издржи овој период (е сега, малку тешко, штом изгледа нема социјални мрежи, но ете...) и да го батали копилето.

    Пак ќе речам, јебо факич не го спомнувам. За него баш важи она „од мочка праени“ и нема што многу да се дискутира. Едноклеточен организам.
    Иако ја разбирам донекаде поентата на Фросина и во други услови и форматирана поинаку, пораката би ѝ била добра и би го постигнала посакуваниот ефект, не можам да занемарам дека муабетот е повеќе за полнење на егото отколку грижа за сопругата.
    И не, не е девојче до 18 години, па да не знае што прави, личи ко да има минимум 10 години над тоа, а претпоставувам и има, штом е другарка со Јоци... мање битно.
    Погоре некои прашуваа зошто е нарекувана расипувачка на бракови. Ова се нејзини зборови, што делува дека се кажани со гордост.
    Секако, расипувачот на бракот е еден и само еден, но и бустање со ова не е во ред. Во никој случај.
    thumbnail_Screenshot_2020-10-15-01-12-52-625_com.facebook.katana.jpg
    thumbnail_Screenshot_2020-10-15-01-13-35-333_com.facebook.katana.jpg
    Ерм... браво?
     
    На sj *O*, Lella, sierra и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Абе дечки, што ве читам вака чудни :)

    Нема што Фросина да се секира за жена му :) Реално, галје и е :) Сопругот е тој кој треба бремената сопруга да ја чува како капка вода на дланка само што... ете, прочитавме колку тој си ја почитува жена му. Фросе треба да се секира за бременоста на непозната жена а таткото на бебето што гледа да го брцне било каде е ослободен од таа одговорност според муабетиве што ги читам тука :)

    Не бе, дечки :) Само да ја изневери е најмалиот проблем, туку ајде да разговараме за можноста да и пренесе спб во бременост, пошто очигледно не пребира на кого пишува. Знаете дека од определени спб може да дојде до абортус, така? Мислите дека лиглево што пишува на непознати девојки ќе се замара со кого ќе се исплеска?

    Да се тргнеле сликите од сопругата, ок ама...самото бате си ги има ставено сликите од венчавката во црква како профилна и како кавер :) И која бедотија е за секс да ти пишува непознат тип кој за профилна и кавер слика има фотка од венчавка со бремената сопруга. Позади икони, ваму „дај ми бројче“ и „да, ми се ебе“. Дно дна, ама за батето.

    Исто, не ви беше језив малку моментот на гаслајтнинг каде ја убедува дека биле фб пријатели ама она го избришала?

    И зошто Фроска да ги и праќа скриншотовите на жена му? За да ја поштеди од срам? Не бе златни, мажот е тој што треба да ја поштеди а не на непознати да им пишува дека сака да се ебава со нив. Цурава на никого ништо не му должи, а на сопругата на ликов па најмалку.

    Типот којзнае на колку досега им има пишано вака ама ја имал (не)среќата да и пише на откаченава која целата преписка ја објавила јавно.

    Цуркава феминистички идол не е ама веројатно е напиздена типка на која и дошло преку глава од вакви идиоти. Нема девојка која не го поминала истото. Сите со другарките на куп сме се жалеле (или беснееле) кога ни праќале дикпикс или по пораки ни се пуштале манијаци или женети, разликата е што тоа што ние го шушкавме во група од три-четири, Фроска го кажа на глас, сите да разберат.

    И ако нешто добро излезе од ова, тоа е надежта дека на таквите како ликов нареден пат ќе им текне дека можеби досаѓањето на непознати девојки не е баш најдобрата идеа.
     
    Последна измена: 15 октомври 2020
    На sj *O*, crimson, MagsDestiny и 28 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.021
    SmartSelect_20201015-014331_Chrome.jpg

    Егзекли сите што збориме.

    Дали 5% бракови ќе останеле не знам, ама јас да сум женава, ќе сакам да знам.

    Дур јас дете му носам, му се ебело.
    Гнаса бе, гнаса, гнида.
     
    На sj *O*, VDT2906, smooch и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.092
    Пол:
    Женски
    Мене ми е чуден еден друг момент
    Да пишуваш на интернет, да бараш швалерка, и да ја имаш таа јака самодоверба мислејќи дека никогаш нема ни еден скрин шот да стигне до жена ти.
    Ај да и се пушта на некоја во живо и таа да и каже на жена му, може да рече дека лаже.
    Ама вака, без око да ти трепне, со докази пишани и да не ти пројде мисла дека многу лесно можеш да се заебеш? Или треба да не мислиш ич со главата или па да знаеш дека може тоа да се случи ама да не ти е гајле многу.
     
    На sj *O*, crimson, VDT2906 и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Нема што да ти е чудно, види ја темава.
    Колку од мислењата се осуда за лиглето, а колку се осуда за девојката што не направила ништо освен што јавно ја објавила преписката каде женетото лигле ја контактира за секс? Тој изневерувач ама таа е лошата вештерка што не мисли на жената на лузерот.

    Едноставно не очекувал дека оваа е толку мрдната (или храбра, небитно) за јавно да излезе со скриншотовите. Досега, сите како него ја користеа удобноста на тишината. Ќе игнорираш, ќе блокираш, ќе заклучуваш инбокс. Еве, колку жени и на темава а и на фб под објавата коментираа во стилот на „абе и мене и пишуваа па си ќутев“. Епа, ете, една реши повеќе да не ќути :)

    Не само што треба, од морален аспект, да знае, туку и мора! од здравствен, зошто гнидава може и здравјето да и го загрози, а и животот на бебето кое го носи. Нормално дека треба да знае. Мислам, еј, маж и контактира непознати жени за секс. Тоа ми е исто како да застане некоја од девојките кај мтв и да си плати за услуга.
     
    На sj *O*, VDT2906, темјанушка и 15 други им се допаѓа ова.
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    5F70D2EF-71B5-493C-B987-A96E75DB17C8.jpeg
    Бљак.
    Не оправдувам неверство, мажот секако е најголем дебил во ситуацијата, ама и типкава Фросина, желна за внимание. Можела на многу покултурен начин да го реши проблемот, ако сакала, ама она очито не сакала да реши проблем, туку да напраи драма за лајкови. Можела ич да не врати на пораката, или еве ако толку сакала да ја спаси женава, можела да сподели само на сопругата на дебилов. Вака и паѓаат у вода ,,добрите намери,,
    Па уште и со потсмев за сопругата коментира. Жална е, исфрустрираноста и вришти во секој коментар!
    Ми е жал само за жената на овој створов. Ни крива ни дужна се најде на тапет, а башка бремена. Зашто како сакате зборете, на никој нема да му биде пријатно да дознае за неверство на ваков начин.
    А Фроска, што мисли дека постигнала, еве незнам. Нова ера најверојатно, една пред Фроска, кога мажите шврљаа и сега оваа после Фроска кога ниеден оженет маж нема да пише на друга.
     
    Последна измена: 15 октомври 2020
    На sj *O*, crimson, VDT2906 и 30 други им се допаѓа ова.
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    77.615
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20201015-032915_Twitter.jpg

    Со невраќање и игнорирање сме до таму кај што сме. Да смее машко се да ти каже или пиши, а ти да преќутиш. И шефот на работа да ти коментира згодноќа, а ти да ќутиш. Колеги исто.
    Утре ко ќе ја тепа и ќе сте сведоци, ќе биде, нивно си е, фамилијарни проблеми. Може па и заслужила?

    Типката убаво му кажува да те запознаам со брат ми, тој упорно тера.
    Се прави мажага.
    Епа мажаго, утепа ли се?
    Пак ќе е, абе ми го хакнаа профилот :rofl:
    Дури бил да моча и да пие вода
    Ги знаеме тие мажаги :wasntme:
     
    На ALISA0000, Idedemja, tinka-mace и 19 други им се допаѓа ова.
  9. supersandy

    supersandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Не би да ги коментирам многу сопружниците, бидејќи бракот како институција е мноогу по комплицирана ствар од тоа како изгледа. Да бидеме малку реални, од околината нема како да не познаваме барем еден ваков пример како не треба да се понаша еден маж и иден татко. Јас што сум далеку од брак (во смисла со годините) познавам па може да се каже 3-4 вакви фамилии каде дотичниот пишува по другарки на ќерка му. Од ова по голема гадост постои ли? Што останува за моите родители кои нонстоп се во контакт со најразлични брачни партнери, какви ли ,,тајни'' знаат тие? Факт е дека денес се е на тацна сервирано (примеров со скрииншотовите), но тоа не значи дека вакви примери немало порано. Одсекогаш, како што имало лоши, така имало и добри сопружници. Сулудо е да му го коментираме потегот, еве може они се едни од посреќните сопружници, знаеме ли врз која база им е основан бракот? Тие си знаат најдобро и секако би ми паднало жал ако женава за прв пат на ваков начин се соочува со вистината, одозгора и бремена.

    Што се однесува до Фросе искрено не сум импресионирана. Ваков калибар девојки имам за другарки, душата си ја дава да ја оцрни мојата врска (за тотално небитна глупост), да ми докаже колку она е посреќна сама, бидејќи никој не ја манипулира да кажеме. Е, сега ова сценарио е отидено до крајност, бидејќи во прашање се вбројуваат злоупотреба на лични фотографии, лични разговори, нечиј углед и секако нечија психичка состојба. Во ред е, знаеме дека типов е гаден со постапкава, но која е потребата да биде сето тоа пласирано низ цела држава? Зошто бе некој толку да копнее да биде центар пажња, нит е прва нит е последна на која и пишеле женети. Со некој што не сакаш да разговараш и слободен дечко да е- одиш сиин, па ако те замара- блок, така? Зад ова стојат ред лични и персонални фрустрации, не е целата поента во тоа што женет и пишал.

    И како за крај, само јас ли приметив дека во текот на целиот разговор некако таа го наведува да каже дека од нејзе бара секс? Не знам, можеби сум грешка, но таков впечаток добив. Се нема испонашено нешто многу заинтересиран у старт од моја перспектива, повеќе ми е вештачко и со умисла од нејзина страна.
     
    На BayernKa, Priroden, BloodElf и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.092
    Пол:
    Женски
    Да мила, таа го наведе, нејзе и мрда опашката, пошо знаеш ако сакам јас на сите мажи можам да ги наведам да ми кажат дека сакаат да имаат секс со мене, и тоа без нивна одговорност за тоа што го кажале пошо биле наведени.
    Изгледа човеков стварно и пишувал пошо го интересирале планини, видел по сликите дека Фроска е планинарка.
    Чувај боже возрасен маж да е одговорен за сопствените дела, сигурно бил наведен, знаеш како оние кутрине мажи што мораат да силуваат некоја пошо облекла сукња, па мора ли да облекува сукња и да го провоцира, а тој на почеток незаинтересиран ц ц ц, и после мажите ни криви ни должни го јадат што жеништава ги наведуваат на сешто без тие да сакаат.


    ^ Македонија, Дами и Господа.
     
    Последна измена: 15 октомври 2020
    На sj *O*, crimson, VDT2906 и 16 други им се допаѓа ова.
  11. supersandy

    supersandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Не, дека сега ги гледам скрииншотовите пак и тој едно 5 пати и вика ,,ако нејќеш не мора/ ако не сакаш тоа е сасвим друга работа'' со што и дава прилика да го прекрати разговорот комотно.

    Инаку да си играме сега со зборовите мислам дека нема смисла, никаде не кажав дека и мрда опашката. Јасно си напишав дека разговорот го продолжува со умисла, свесна е што сака, на почеток не и кажува и таа фино-лепо го наведува да каже. После постира на фб и е кралица.
     
    На tinka-mace, Priroden и LadyLollypop им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.092
    Пол:
    Женски
    Ај ќе разберам да не ти е гајле за вклучениве во ситуацијава, ама ти сама ко женско ваков муабет да тераш, тоа не можам да го разберам.
    Реков јас, најтрагичните коментари кон жена, од жена доаѓаат.
    Не знам како очекуваме после почит од други и еднаквост, кога сами не си ги даваме.
    Така е, таа го навела, а тој за планини сакал да зборат.
    Што да прави кутриот.
    Со што може еден маж да одговори на
    "Ти се ебе надвор од бракот"
    освен со
    "Да".
    Гледаме јасно дека не му оставила избор.
    Јадниот.
     
    На VDT2906, Idedemja, smooch и 13 други им се допаѓа ова.
  13. supersandy

    supersandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Хаха се утепав од правење анализа за на крај да излезе дека во негова одбрана одам, ех животе.
    А бе секој си има право на мислење. Јас не сум ваков тип на човек, во ваква ситуација на крај памет нема да ми дојде еј да земам да постирам на фб. Зошто? Каква сатисфакција ќе имам јас од тоа?
    Еве мене во message requests знае да ми пише некој. Дали мислиш дека уопште враќам на пораката? Која сум јас да докажувам некому каков идиот бил? Па дури јавно... Едноставно е, не сум заинтересирана и крај на муабетот.
    Го почитувам твоето мислење, во ред е да ја респектираш ама во ред е и мене да не ми се допаѓа.
     
    На boo3 и MissChievous им се допаѓа ова.
  14. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.833
    Допаѓања:
    17.667
    Пол:
    Женски
    Ја префрлаш одговорноста само на неа. И тој имал прилика веднаш да го прекине разговорот, на првиот знак на незаинтересираност.

    Некако не го браните, ама темава стигна до 12 страна.
     
    На sj *O*, Idedemja, smooch и 7 други им се допаѓа ова.
  15. supersandy

    supersandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    До 12 страна е бидејќи се води дискусија.
    Нормално е дека секоја тема држи две страни, така и оваа.

    Мене ме нервира што читајќи ги коментариве и по другите теми на форумов добив впечаток дека некако во напад се оди кон членовите. Битно е да осудиме, јас знам, ти не знаеш.
    Лично немам позитивен став кон тоа што го направила, ти еве очигледно имаш и членката погоре. И што да правиме сега, да си префрлуваме како јас имам не знам што против Фросе и силно ги поддржувам женетите кои пишуваат на кој стигнат. Дајте Ве молам...
    Одсекогаш сум имала сопствен став, меѓутоа сум го почитувала и туѓото мислење.

    Залудно е да се впуштам на форумов во дискусија, анонимноста дава за право да се фрла негативна енергија преку екран на секого, зошто- не знам.
    Топол поздрав, останете ми со здравје.
     
    На tinka-mace, MissChievous, Rioers и 3 други им се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Никој на темава не даваше комплименти за мажот. Ама никој. Сите го судат. Но, ја судат и неа, меѓу нив и јас. Се работи за различни постапки, но подеднакво неправилни и неетички.
    За обичен пренк на yt, се бара дозвола за објавување на идентитетот, не па за ваков одвратен настан. Без разлика дали се работи за црна хроника или други дејствија, се пишуваат иницијали, а ликот никој не го обелоденува. Да нагласам, за него ми е гајле, но се афектирани трети особи кои не се изјасниле дали е тоа во ред за нив, а ние не сме тие да кажеме дали е правилно или не. Доколку постои согласност од сопругата, јас само едно ,,амин" ќе пишам и ништо повеќе.
     
    На sj *O*, Idedemja, BloodElf и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.833
    Допаѓања:
    17.667
    Пол:
    Женски
    @supersandy Има дискусија, ама е кратка. Пошто реално на сите страни едното исто се врти.

    Никој не напиша дека е супер што ги објавила сликите од жената. Начинот не и е најдобар. И за тоа се согласивме.

    Може ли да ја продолжиме сега понатаму дискусијата и да се фокусираме на тоа што масовно женети мажи бараат по ФБ да ги изневерат своите сопруги?
     
    На sj *O*, Idedemja, smooch и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Македонија и маж што не вара, има морал, е скоро митолошко суштество, еднорог. Вакви како него има милион. Тиндер врие!

    Кога барем 30% од нив би биле exposed - само не на ваков мелодраматичен начин би си ја подвиткале курвински опашката и не би мрдале многу.

    Ама за тоа се потребни кликер, колективна женска слога, и примена на reversed psychology.

    Вака не. :)
     
    Последна измена: 15 октомври 2020
    На sj *O*, Miss666, VDT2906 и 14 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.262
    Темава повеќе не е за она за кое е насловот.
    Префрлете ја во Брак, во тема за изневерување.
     
    На sj *O*, BayernKa, calliope и 2 други им се допаѓа ова.
  20. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    Дека е сељак човеков, сељак е. Никој не го негира тоа. Ама според мене, сељачки е и јавно да објавиш приватни разговори. Нема што да објавува пред цел свет четови без негова дозвола. Ако сакала да ја извести неговата сопруга, ќе најдела начин да ја исконтактира приватно. Crying for attention е всушност нејзиниов пост, не дека толку сакала да го “разоткрие” човекот. Не оправдувам изневерување воопшто, ама тоа е “проблем” помеѓу двата партнери, и никој нема право да зборува за тоа јавно, освен самите тие.
     
    На sj *O*, Pixi5, BloodElf и 2 други им се допаѓа ова.