Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јавно објавување на приватни работи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од KateKane, 14 октомври 2020.

  1. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Јас не го бранам моронот. Не оправдувам никакви неверства ниту отворени бракови....ама никој нема право јавно да споделува туѓа интима (распаѓање на туѓ брак или директно да придоенсува за распаѓањето за истиот, а притоа да се сити на тоа).
    Точно е дека одговорноста е кај идиотот и жената нема зошто да биде засрамена, ама да бидеме реални општеството во кое живееме е такво и секој трет кога ќе ја види жената некаде, ќе ја покажува со прст. Пак ќе кажам, требало во најмала рака да побара дозвола од жена му.
     
    На sj *O*, LadyLollypop, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.021
    Ма што имам јас (Фросе, Трајанка) да бидам јасна, него не му било јасно изгледа у матично, не дослушал, па богами и у црква му повториле, кај му биле ушите?

    Не е моја (и на било која жена) работа да ги одбиваме, нивна работа е да се научат дека не се јебовци како што се замислуваат.

    Следно нема да му текне, а веројатно уште неколку сфатија дека нема само да ќутиме и игнорираме ;)

    И не, не е негово да си проба.
    Шуглето нема право да си проба.
     
    На sj *O*, Idedemja, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.328
    Кое е кривично дело?
    Значи има право? Зашто ако не побарал, он е жртвата, не јас.
     
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    17.666
    Пол:
    Женски
    Врска немам. Ти што мислиш?
     
    На Nausicaa и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.328
    Не ми одговори дали смее. ама јасно ми е. Не ни мораш.
     
  6. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Повторно тема кај што се согласувам со повеќето коментари, а се спротивни.

    Мажот е идиот, кретен што му мрда долниот и е толку глуп што се пушта од профил кај што вријат слики од него и жена му (од венчавката!!!).

    Фросина убаво направи што го објави затоа што го избрука пред сите што го знаат. Но, се согласувам дека или требаше да ја замати жената или кропне, или да и ги прати тие слики на неа.

    Нешто што воопшто не смееше да си дозволи е да ја коментира и неа. Стварно е невкусно да каже дека има среќа што не е таа. Скроз неемпатично и себично.
     
    На sj *O*, Idedemja, GirlRose и 7 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.021
    Кажав дека требало да замати лик на жената.
    За него, нема што да го прашува.
     
    На sj *O*, Idedemja, noteforself и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.637
    Допаѓања:
    202.062
    Пол:
    Женски
    Според мислењата на форумов имам изградено мислење за тебе, не морам да те знам приватно. А мојот впечаток е таков каков што е.

    ----------------

    Зошто на Фросина би и било гајле за жена му, ако нему не му е гајле за мајката на сопственото дете?
    Толку ми е доволно. Жената не е крива за ништо, крива е само што не отворила очи пред да се омажи, и нема зошто да ведне глава и да се срами што мажот и шара по инбокс и пишува на рандом девојки оти сака секс.

    ----------------------------------
    Друго - до кога ќе ги пикаме работите под тепих? До кога само блок и некористење на социјални мрежи е изговор за да не те замараат рандом типови во инбокс?
    Настраното е тоа што не се само фб и инста, дури и социјални мрежи како ЛинкдИн се користат за вакво замарање. И треба да ќутиме? Да се правиме дека ништо не се случило? Демек не морало да враќаме на пораките? Па и да не враќаме, има луѓе што постојано замараат, па еве и да се исклучиш од виртуелниот свет, има луѓе што го прават истово во реалноста - недолични допири, провокации и слично, и треба да ќутиш? Ако пријавиш некому, сама си го барала? Мажот пак ќе биде жртва. До кога така?
     
    На sj *O*, crimson, Idedemja и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    17.666
    Пол:
    Женски
    Ќе ти одговорев ако не едитираш на секои 2 минути.

    Ај напиши јасно што сакаш да кажеш па да знам на што да реплицирам.
     
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.518
    Допаѓања:
    17.538
    Пол:
    Женски
    Мажот барал согласност од жена си пред да бара некоја друга да ја вара?
    Требало со сигурност, но не знаеме дали тоа се случило. Така да, може и Фросина побарала па пишала.

    А која согласност да ја бара? Направила и објавила скриншат од разговор во кој самата учествувала, и слика од акаунтот на тој што и пишал. Тој ставил слика со жена му. Е сега, повтрно не знам дали побарал дозвола од жена му претходно.

    Проблемот на општеството кое го опшишуваш, делумно лежи и во тебе, затоа што или подржуваш нешто, или не го одобруваш. Ако не подржуваш нешто само заради менталниот склоп на околината, а знаеш дека е погрешно, не помагаш и не го решаваш проблемот (во општеството).
    Значи ти си дел од проблемот со такво размислување.

    Согледуваш разлика? Гледаш каде е противречноста на тоа што го пишуваш?
     
    На Idedemja, smooch, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.328
    Дали ако на некој му испратам мои недолични фотки без да праша, смее да ги сподели пошто јас го вознемирувам и се во НЕГОВ инбокс?
     
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.018
    Согласност од сопругата. "Маж ти ми го пишуваше ова, еве ти скриншотови, дали е океј јас ова да го споделам на мојот фб профил?" Можеби и'го направила тоа, можеби има согласност од сопругата, не знам.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.021
    Како не сфаќаш дека има РАЗЛИКА, пошто споделување голи фотки Е КРИМИНАЛ, споделување компромитирачки разговор НЕ Е?
     
    На sj *O*, fana, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    17.666
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до мене да. Тоа е веќе сексуално вознемирување.
     
    На cresa-jagoda и Snow-Star им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.370
    Пол:
    Женски
    Само кратко ќе се изјаснам.
    Браво што собрала храброст вака јавно да покаже конечно какви мажи има, дека нели цело време жените растураат бракови, жените се криво, жените се к.. итн
    Ама од друга страна па, не мора вака цела Македонија да разбере.
    Само за жена му ми е жал, а он заслужува ругање и те какво.
     
    На sj *O*, Idedemja, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Lifelive

    Lifelive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Ама зошто ние да се замараме со нешто што не се однесува на нас? Сега јас ќе се замарам со некој што ми пишал здраво (каква год намера и да имал). Едноставно правилно е да не ми е гајле и да не навлегувам во комуникацијата. Која сум јас да "оправам" туѓи бракови?
    Денес со мажи изневерувачи да се замарам а утре може и на криминалци да прејдам? Оти се треба ЈАС да решам. :D
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Што поддржувам? Неверство? Каде сум пишала дека поддржувам неверство. Не е убаво така да ги испревртувате зборовите со цел да ја доловите својата поента.

    Никако не поддржувам неверство, ама никако не поддржувам и јавно споделување на туѓа интима. Не сум јас таа, што треба да решавам туѓи проблеми. Споделување скриншотиви од вакви идиоти, нема да биде решение на проблемот како шти ти викаш. Жената (Фросина) се обидува да испадне вистински феминист во очите на жените, но начинот на кој што го прави тоа има контраефект, пред се заради неемпатичност кон неговата бремена жена, а потоа и заради егоцентричноста која може да се долови од нејзините коментари, каде јасно се согледува нејзината желба за слава и внимание.
     
    На sj *O*, noteforself, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.021
    На Фросе нека си стои дали ќе оправа брак или не.
    А јас (и секоја) има право да не ќути за секој што ќе пише.

    БУКВАЛНО тоа што го кажуваш значи - негово е да си проба.
    Епа мое е да го посрамам.
     
    На sj *O*, Idedemja, Mantub и 7 други им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.098
    Пол:
    Женски
    Фби не ви е рамен,дознавте ли која е жената?
     
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.518
    Допаѓања:
    17.538
    Пол:
    Женски
    @Peperutce1115 пред да пишеш дека некој ти превртува зборови на тема неверство, те молам убаво прочитај ги двете милсења за кои во случајов ти превртуваш зборови, во ред?

    Моето мислење се однесуваше на обележаниот текст погоре, кој се однесуваше на општеството, менталитетот на општеството, какосакашнаречиготоаштојасгоадресираввосклопнатвоетомислење.

    Во ред е сега?
     
    На S.W.A.G и CameliaMiller им се допаѓа ова.