Апсолутно не велам дека е негово да си проба и никогаш не оправдувам такви работи. Ама не ми е гајле за други, мојот профил е затворен не може мене никој да ми пишува, а и да ми пише јас тоа го игнорирам. Не ќутам туку не дозволувам такви работи. Не можам, не сакам и не треба да решавам безразлика дали е изневерувач, крадец, или било каков криминалец или што и да е во прашање.
Тогаш имаш многу погрешна перцепција и слика за мене. Ама тоа си е твое мислење и мене не ме допира нималку во срцето. Има една опција ignore се вика, ќе ти направи услуга во иднина, во однос на мене. Мојот лик и дело не се предмет на расправа. Јас, како и ти имаме право да ја дадеме нашата перспектива во однос на случајот. Дали ти сметам дека ги немам тие карактеристики е твое право и твоја проблематика. Јас сакам да го изнесам своето мислење. Ако не ти се допаѓа, никому ништо. Тоа не го прави помалку точно.
Пишуваат и пробуваат затоа што има опција дека може да му пишиш порака на одреден корисник, исто така некои им одговараат, а ти не си сите жени и не можеш да тврдиш за сите. Зошто се правите жртви тоа не ми е јасно? Ова е далеку од metoo движење, зошто ми стои дека натаму ги терате работите? Знаеш дека има и жени кои пишуваат први? Правите галама околу еден изолиран случај. Мене никој не ми пишува, непознати не прифаќам за пријатели, ниту машки ниту женски. Прочачкајте по подесувањата и мирна глава штом е ова толку проблем.
Фросина не се обидува да испадне феминист. Фросина е "колумнистка" која се бави со скандалозни теми. Единствена цел и е да добие популарност преку скандалозни потези. Демек да го протресе општеството. Кретенов и се најде како "добро утро". Тоа е Фросе, уште една инфлуенсерка. На идиотов му фали даска во глава, Фросе се понаша ко битна фаца на интеренетов и билда его како кој знае што да направила или раздрмала, а вие сите ја споделувавте и и дигате популарност, додека таа во коментари пишува за жената "А види ја колку е горда затоа што се омажила", додека на страната на Јоци има 150 колумни на тема како ја терале сите да се омажи ама таа не би. Фросе си го постигна своето, сите ја одигравте нејзината игра и ја направивите позната. Гајле и е најзе и за Стефан и за жена му. Дефинитивно е потребно курс за употреба на социјалните мрежи, додека вака секоја рандом лејка ја правите инфлуенсерка. П.С. Мелита истото да го објавеше сега ќе и се смеевте во Македонски јавни фаци. Тоа е се што имам да кажам за двојните стандарди.
Дојдов некако по првичната објава на ФросЕто. Одвратно и недолично. Колку и да било така, колку и да е вистина, социјална мрежа не е место за ваков вид ,,реклами,, Колку и да сум идиот и говедо, никој нема право на ваков начин (плус со фотографии на кои има и други личности, без разлика дали се засегнати или не со проблемот) да пишува. Ако е ,,МАЖ,, нека застане карши мене и нека се расправа .....ако смета дека сум го обесправила со некоја моја постапка. ....а за мојот интимен живот....нека не го боли ИЧ. @DAngel се слагам со тоа дека секоја лејка ја прават популарна.
Факт е дека жените во Македонија имаат проблем со манијаци, и треба да се санира сексуалното вознемирување кое се случува на социјалните мрежи. Еднаш во нервоза, овде на форумов отворив тема во која се заканив, дека уште еден ако ми пише недолична порака или ми прати дик пик, јавно ќе го објавам. Темата заврши во канта. Она што ни е потребно е закон кој ги следи трендовите. Таму треба да го пренасочиме гневот. Моментумот го имаме, критична маса имаме. Сега е моментот кога треба да бараме носење на закони кои ќе не заштитат и на интернет. Дома почнаа да ни влегуваат манијаците. И не само на возрасни жени, туку и на деца. Ќерка ми има 14 години и и нејзе и' праќале дик-пикс и и' пишувале понуди за секс и средби.
Точно. Баш заради неа го имаме моментумот. Едит: Иначе ова што го направи, нема да заврши тука. Тек почнува. Сега треба да сме конструктивни и да ја искористиме приликата за да направиме промени во правниот систем. Ај некој/а од правниците нека не посоветува како со граѓанска иницијатива може да се дојде до предлог закон во парламент? Колку потписи требаат?
Абе се убаво кога профилот ти е затворен, социјалната мрежа ти го овозможува тој филтер, комодитет еве да го наречеме, ама проблемов не е ради социјалните мрежи само. Убаво пиша @Annath што кога ќе го немаме тој комодитет да ни се случи ова онлајн, туку во живо, преку непристојни понуди, непристојни допири, малтретирање? Истото што ќе се случи. Прво ако каже жртвата нема никој да и верува, муабетите ќе бидат дека измислува, дека златен човек е тој, со жена и деца, со икони и богородици и дека нема теорија да прави нешто такво. Второ дека веројатно таа некако го испровоцирала, а тој грев, не знаел како да одбие. Овде при јасен и читок муабет, пак имаш луѓе што пишуваат дека таа го наведува тој да и предложи да се ебат (?!) и на ваква јасна слика пак имаш луѓе што ова го сметаат како акција на подведување. Ене ти неколку страни поназад. Од менталитетов страдаат луѓе кои ова го осетиле на своја кожа, а нажалост не биле во способост онлајн да блокираат или да се заштитат. Тогаш веројатно кратки сукњи носеле, иделе сами навечер по улица... итн итн. Ако по некоја случајност некој те смара онлајн, а ти со игнорирањето уште повеќе го нервираш и те нападне во живо, најмалце што сакам е да се соочиш со коментари какви што има по интернетов. Затоа и пишуваме овде. Или да треба да ќутиш, пошто не е наше да се мешаме.
Од тоа не е наше да се мешаме, жени ќутек јадат и ќутат, деца ќутек јадат и трпат, психичко малтретирање не се ни смета како проблем некаков, од тоа немешање кучиња скитници шетаат, отрови се расфрлаат... се' е од немешање. Од седи си на страна. Секоја чест на оние кои не седат.
Златно си ќутевме жените што и текна сега на оваа да ги оцрнува мажите кога они се најневините и најчистите суштества, коишто само имаат нагони..
Што убаво си испревртувате како вас ви одговара. Ок како сакате мислете, немам намера да се објаснувам. Имајте убав ден.
Не, не е во ред. Не знам зошто глумиш како да си падната од Марс. Живееме во Македонија, државата во која многу е важно мислењето на комшиите и луѓето кои не не познаваат. Да прочиташе уште еднаш, ќе видеше мала доза сарказам во пишаното. Дури и во Америка да живеевме, немаше да биде убаво јавно споделување на сликите без знаење на неговата сопруга. Многу ниско и просто. Пак ќе кажам, ако толку сакала да помогне можела како алтернатива да го искористи, обидот да стапи во контакт со неговата бремена жена и во живо да и го каже тоа. Понатаму џабе ме цитираш, немаш поента.
Значи излегува дека Фросина е херој. По стоти пат пишувам, да и било целта да помогне, ќе пишела приватно. Ќе понудела помош, рамо за плачење, броеви од институции за самохрани мајки. Тоа е вистинска помош. Всушност херојство се докторине што прст пред око не гледаат, неуморно се справуваат со пандемијава која секој ден голта жртви. Ама да ја величам неа, не благодарам.