Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јавно објавување на приватни работи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од KateKane, 14 октомври 2020.

  1. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Женски
    Зошто е важно? Ајде кажи зошто? Прво тргни од себеси ако сакаш да го смениш тоа што се случува во оваа проклета држава. Кажи една причина зошто комшиите ќе ме спречат да живеам живот каков што сакам? Што имаат тие со мојот живот????
     
    На sj *O*, Idedemja, smooch и 7 други им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.673
    Допаѓања:
    22.650
    Пол:
    Женски
    Едвај третина од темава исчитав.
    Толку имам време и нерви.

    Не знам колку е правилно ова тука да стои, затоа што и покрај тоа што има илјадници реакции по фејсбуков, јас на форумов дознав.

    Го имав порано Булеварон, ама го избришав оти некои постови ме засегнале како жена. ФБ сетери и такви у обид за истото не следам од причина што многу често себе-реклама надвладејува над информирање и читање на искрен став. Така што благодарение на фемина дознав.

    Апсолутно се согласувам, тука има баеги примеси на toxic femininity пред некој феминизам и женска солидарност. Таа објавата во која напаѓа еден куп недоволно лепи и одржани жени и нивните недоволно способни мужи за боље у одбрана на новата жена на реисот ми го докажува тоа.

    Како и самото офирање на жената. Чиниш таа е поголем предмет на омраза.

    Технологијата е толку напред што многу лесно може сѐ да се монтира, како нивното, така и нејзиното, највеќе нешто статично како чет прозорец. Затоа никад не треба да се палиме и жестиме на прва.

    Инаку многу ме занима место бербер да беше згоден и отмен бизнисмен, богат и спремен да остави сѐ за некоја ваква фб сетерка, дали ќе се најдеше на тапет вака?
    Ко тој статус упатен на Димитров.

    Ко онаа зафрканцијата тој од 50 нијанси да беше сиромашен механичар ќе беше рејп стори.

    Сум феминист, но сум против наметнување погрешни вредности и квази-феминизам.

    Конечно, многу ме натажува нивото на сеирџиство и како ич не сме мрднале.

    Инаку, од неверство ми се блуе, ама јавно офирање на жена не е начин.

    И тоа што е бремена и треба пазење не е зафрканција. На работа кога имав многу принципиелна директорка, со бремената колешка што ми праеше ориентација буквално одеше на прсти и секој збор трипати го мислеше.
     
    Последна измена: 15 октомври 2020
    На sj *O*, SandStorm, crimson и 7 други им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.627
    Пол:
    Женски
    Да му се помочам у грдата фаца и појава, на пичко патеников.

    Можеби сите треба да вадиме од инбокс манијакални пораки од мажи со деца и жена слики, за да стават прст на глава, да не поминуваат веќе неказнето, да застанат и они еднаш на столбот на срамот.
    Многу изненадени би имало.
    Секој втор е Стефан, кој поумешен,кој не.
     
    На sj *O*, SandStorm, crimson и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.092
    Пол:
    Женски
    Блазе им на мажите во мк со жени ко вас.
    Дирекно придонесла Фроска за распаѓањето на бракот ох боже мили.
    Стварно блазе им на мажите, по свет сонуваат за вакви македонски жени.
     
    На sj *O*, SandStorm, crimson и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Во потполност сфаќам дека постапкава на девојкава е grey area, па затоа за тој дел има различен став.
    Но, ве молам да не велиме дека намерата ѝ била од емпатични, феминистички, хумани побуди.

    Еден дел од тука веројатно никогаш не доживеале неверство т.е. не биле оштетената страна.
    Сега тука тврдите дека не би ви било грижа ако некој така објави за ваш партнер, но треба да ви се има случено неверство барем еднаш за да знаете како би реагирале и какви емоции би ви предизвикало.
    Да ви кажам искрено вкусот е горчлив и не, не би сакала цел свет да дознае истовремено со мене.

    Сакам да почнеме да си помагаме една на друга.
    Сакам да престанат сексуални вознемирувања и исплашеност од пријавување на истите.
    Сакам да се обелодeнуваат сите вакви идиоти кои немаат ниту грам совест и одговорност кон партнерките.

    Но сакам тоа да биде направено на начин каде сите ќе понесеме дел од товарот на јавно изложување.
    НЕ МОЖЕ и НЕ СМЕЕ тој товар да го износи само една жена, затоа што нејзиниот избраник бил магаре.
    Треба сите да застанеме и да зборуваме за сите волови кои ни пишувале, ИСТОВРЕМЕНО.
    И сликите на истите (само нивните!!!!) да се изложат преку тоа движење.

    Само така ќе успееме да направиме нешто од кое сите девојки и жени ќе имаме придобивка.
    Вака единствено што се направи е таа навала на осуда и жалење на две жени, а молење за створов.
     
    Последна измена: 15 октомври 2020
    На sj *O*, SandStorm, butterfly6223 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.021
    Па уште ќе ја тужеле...

    Не тужба за развод, тужба за Фроска оти го оцрнила јавно...

    Убила ме туџа срамота.


    Пак да кажам, оваа Фросе не ја познавам, прв пат сега читам нешто од неа, и ме заболе каква е таа иначе.
    Вакви како Стефче има со лопата да ги ринеш, фино е малце да се усрамат момчињата заведени, наивни, сиротички.
     
    На sj *O*, SandStorm, Konfetka и 14 други им се допаѓа ова.
  7. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    @Peperutce1115 ти не би сакала некоја жена да ти го растури бракот така што ќе ти покаже каков кретен од маж имаш?
    Јас би. Дај боже ако дојде до тоа, да ми го растури некоја.

    Ама зошто јас да бидам на тапет утре.

    Луѓе што сакате зборете, ама факт е дека жената ќе е озборувана. Не е важно всушност дали ќе зборуваат. Ама не е убаво утре кој и да ја сретне да ја гледа и памти по ова, секој поглед да е сожалување.
     
    На sj *O*, SandStorm, Konfetka и 14 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.733
    Допаѓања:
    322.892
    ..може имаат отворен брак бе;)
    :D
     
    На sj *O*, Angie1432, Tan4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.194
    Допаѓања:
    88.832
    Пол:
    Женски
    Тажно е што преку газење преку жртви(сопругата) и со потсмевање на сликите со „женичката среќна омажена„....
    Оваа нарцисоидна личност , вана би популарна наеднаш станува некаков си феминистички борец кој ке ги сотре и открие сите мажи во МК.:lol:
     
    На sj *O*, butterfly6223, Idedemja и 15 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.021
    Секое чудо за три дена.
    Апсолутно, да не си и' во кожа, во ова примитивно општество.

    Се гледа до каде сме, според коментарите и на фејс.
     
    На sj *O*, candy.cane и Annath им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.021
    Исто како сите 500 што до сега ми пишале.
    Верувам, верувам. :)
     
    На cresa-jagoda и Annath им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Ама зошто воопшто да замара?
    Ова со принтшотовите е само рефлексија на реален живот.
    На фб ќе заклучувам инбокс да не ми пишуваат манијаци, на улица нема да носам кратко за да не ми свиркаат манијаци, на фемина нема да пишувам во темите за секс за да не морам да го затварам сандачето поради манијаци.И на крајот, мојот живот и мојата слобода се засегнати од слободата на однесување на манијаците. Јас патам зошто други си земаат слобода да ја намалат мојата слобода.

    Озбилно ова? Тебе најозбилно неговата постапка и нејзината ти се исти?
    Маж што си ја изневерува бремената сопруга ти е еднакво на јавно споделување разговор?
     
    На sj *O*, SandStorm, crimson и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.637
    Допаѓања:
    202.061
    Пол:
    Женски
    Најстрашно е што одамна, отсекогаш е присутно по институции, кога се појавија социјалните мрежи само зеде поголем замав. И упорно се молчи, оти нели, жената е крива, провоцирала, се облекла несоодветно, ставила некоја слика на социјална мрежа, па дури и просто напишала една порака да честита роденден, од општа култура (мене тоа ми се случи, пишав на соработник на ЛинкдИн да честитам роденден, ми врати со понуда да честел торта некаде на само)... па градиме цели генерации наназад растени на мобинг и малтретирање врз жените кои сметаат дека е тоа нормално и оправдано и дека мажите можат и мораат тоа да го прават, оти мажи се, ќе им падне к*рето ако не пробаат, исто ко за јадењето.

    Оти ќе те распнат ако не си по нивен терк. Оти такви осуди и предрасуди и приказни што може да се рашират од комшии може да ти го зезнат животот невидено. А не се сите доволно јаки личности за да не ги тангира муабетот од Стојна и Трајанка што ќе го дознае цел град оти своето ѓубре не го гледаат, ама за туѓиот живот се експерти.

    Нека ја тужат. Со самото тоа што тој и жена му се против неа, доволно кажува за жената. Е заради такви жени ќе бидат мажите вакви какви што се. Во некој нормален свет, Фросина треба да го тужи за малтретирање. И да добие. Ама таков филм нема да гледаме, дури ни во развиените земји. Оти сепак, во машки свет живееме, во кој жените една на друга си се непријатели. Се надевам дека барем моите деца ќе ги воспитам да ги почитуваат жените и да не подлегнат на тој општ филм дека на мажите се' им е дозволено само затоа што се мажи.
     
    На sj *O*, SandStorm, Idedemja и 8 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.262
    Не.
    Некој да ти зборува за секс и да ти го покажува половиот орган, а ти не сакаш.
    Очекував искрено.
    И јас да сум би тужела.
     
    На sj *O*, Biljarkata, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Живееме во општество каде женети мажи безгрижно шетаат од инбокс во инбокс без да помислат на опцијата дека можеби жената еден ден ќе ги дознае, додека жените и откако ќе раскинат цел живот после не знаат кај може да им заврши интимноста што ја имале со бившиот дечко.

    Глупо е што во случајов и жената е загрозена, иначе за вакви ко овој само спуштање на негово ниво и вака јавно.
     
    На sj *O*, crimson, Konfetka и 13 други им се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Не знам само дали вие сте биле во ваква ситуација. Јас лично искусив на своја кожа, но овој пат јас бев Фросина (разликата беше што директно настапив на жртвата, без публика).
    Имено, моја пријателка беше во врска со еден дечко. Навидум , среќни, заљубени. Супер, мило ми е.
    Еден ден, решив да одам по рестораниве надвор од СК. Го гледам него, со друга, еден до друг слепени, гушнати, се лапаат. Сестра сигурно не му била.
    Се мислев дали да кажам, дали не. Сепак, не е моја работа, а и не ми беше многу блиска. Да напоменам, имам исклучително добра фото-меморија за ликови, но имиња не памтам.
    Сепак се решив, го вртев одоколу муабетот, како да кажам директно. Боли, знам. Викам, ќе кажам, па нека си одлучи. Знаете што?- Нема шанса, он беше со мене, ти гарантирам, си видела друг. За по две недели да објави слика со друга на својот фб. Мајнд фак.
    Сакам да кажам, не е добро да се мешате во туѓа приватност. Јас си ја научив својата лекција. Ме направија ненормална и слепец. Но сепак, вистината не можеш да ја сокриеш. Се надевам дека си ја нашла среќата.
    Подобро седете си на страна, вие засекогаш ќе бидете криви затоа што сте кажале. Не секоја жена ќе верува.
    Кажувам како паталец, а не гаталец.
    Колку и да мислите дека тоа е правилна постапка, на крај вие ќе го наебете. Ова е само еден случај, но сведок сум на уште десетина.
    Жените имаат интуиција, знаат кога смрди нешто. Кога тогаш ќе дознаат и оставете сами да се справат. Не треба да мудруваме, како треба да се реагира во оваа ситуација. Има своја фамилија, која ќе и даде безрезервна подршка, а и најправилна, тоа е нивно чедо.
     
    На sj *O*, SandStorm, Idedemja и 4 други им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.733
    Допаѓања:
    322.892
    Извини Кечо, ама подеднакво има и женете мажи и мажени жени низ инбокси.
     
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.092
    Пол:
    Женски
    Само замислете како му е на факманов во моментов :)
    Да изневеруваш бремена жена не паѓаш само во очите на жена ти, паѓаш во очите на сите кои тоа го знаат, во случајов пола Македонија :)
    По што сакате да се кладиме дека нема никогаш дури е жив да му текне уште еднаш да пише на друга дури е со жена и со дете?
    И за некој кој рече дека имало на социјални мрежи блок
    А што има кога ќе ми застане некое чиче до мене во автобус, на постојка, кога ми збори свашта, кога се допира пред мене? Кажете како да го блокнеме тогаш?
    Пошо ако некое девојче изреагира во автобус на ваков манијак, другите знаете што прават? Ништо, ќутат, никој не го осудува.
    Ќе испадне да ти е незгодно да изреагираш. Страдај во тишина.
    "Да не се мешам јас" глуп менталитет.
    А зошто да ја тужат фроска, нели хакнат му беше профилот? :) :) :)
     
    Последна измена: 15 октомври 2020
    На sj *O*, SandStorm, crimson и 10 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.262
    Сто работи измешавте во темава.
    Каша-попара.
     
    На sj *O*, BayernKa, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.021
    Апсолутно грешиш Рефке...
     
    На sj *O*, crimson, Annath и 2 други им се допаѓа ова.