А за мажени жени дека нема од каде знаете? Или дека на вас не ви пишуваат. Едноставно има и од двете страни, не гледам што има да се расправа тука.
Леле,леле Мажените жени китки за мирисање. Ајде, ве молам Јас околу себе имам две најмалку (за кои сигурно знам) а за други се сомневам. Ама, како си намислиле , така нека си тераат брак и живот.Која сум јас да пишам објава на ФБ дека таа има телефон кој го чува на работа во фиока и со тој телефон комуницира со швалеракисот.Другата си зема слободни саати и оди во ТииииииТ на два часа на секс, уствари се некоја потврда вади таа, зашто адмиснитрација како и таа до 16 работи, неможе после работа. П.С. ...а да отворам јас ФБ, ко шо си имам инфо за секој еден (како и сите што си имаме еден за друг) па да си пишеме таму јавно, јасно и гласно.
Полошо. Ја осудуваат девојката која изреагирала. Буквално. Ете, направила сцена, невоспитана, хистерична. Глупости, човекот за греота, само поминал покреј неа, случајно ја допрел она леле како изреагира, го засрами, уф младинава денешна, за никаде се, без култура... Па и мене ме пипкале, ама си ќутев...
Во патријархален свет, не е исто дали маж пишува, или жена пишува. Ти ако му пишиш на некој дека сакаш да го ебаш, ти ќе си 'курвата', а тој 'јакиот маж'.
Ама зошто одите од крајност во крајност? Доколку некоја се облекла како таа сака и некој ја вознемирува на било кој начин поради тоа, тогаш тој заслужува осуда и девојката треба да биде поддржана да има право да се облекува како сака за тоа не знам веќе како да се изразам. Доколку пишува во теми за секс на форум и некој и прати ЕДНА порака тоа се игнорира. Доколку се продолжи со замарање, вознемирување тоа се пријавува и треба да се поддржи девојката. Ете кажав и пак ќе кажам кога некој ќе ти пише "здраво" на фб тоа се игнорира но доколку упорно пишува, вознемирува, доколку дава непристојни понуди прва ќе ја поддржам девојката која и да е. Не знам што не е јасно во моето искажување за ова или можеби јас не знам правилно да се изразам..
Ја осудувам, затоа што не смее да се објавува лични податоци, без дозвола на засегнатата страна. Во прашање е заштита на приватноста. Она што ни треба е закон според кој, ако некој те вознемирува сексуално на интернет ќе одговара кривично.
Дали стварно познаваш жени што замараат мажи пропорционално колку што мажи замараат жени? Јас не. Не знам ни за мажи што се силувани оти раскопчале кошула. Ни за мажи што се ебени за оцена. Ни за мажи што се драпани по автобуси. Ни за мажи што се очекува да легнат со некоја за да ги унапредат. Ни за жени што се драпаат под прозор на мажи. Еве не познавам. Швалерај има колку сакаш и не сакаш. Ама такво нападно и индискретно однесување, јас кај жени немам видено.
Скроз небитно колку мажи пишуваат по инбокси. Многу побитно и пстрашно е што стана прифатливо немање никаква емпатија кон страдање на личност (сопругата)некому за фрустрации сопствени,некому за популарност.
Не знаев дека нема закон, искрено. Мислев дека има некое членче, ама никоја досега не се запнала со тужби. Значи сега стефче ќе ја тужи фроска, а фроска и сите останати што биле вознемирувани во пораки немаат на што да се потпрат за тужба? И после кажувајте ми дека не е општествово создадено во корист на мажот.
Што е крива девојката жити се, ако сопругот не сакаал да му страда сопругата ќе мислил што прави, оти еве оваа девојка не наседнала па дури и го објавила, со некоја дуга и можеби ќе си завршел работа. Што подобро е да не знае ли дека сопругот и прави нешто зад грб? Зошто воопшто да сожаливате некој, оди дадете му поддршка да ја прекине работата а не да ја жалите.
Јас од кога исчитав се сум збунета. Темата е јавно објавување на приватни работи и случајот со Фросина е само пример за да се дискутира јавното објавување на приватни работи дали то биле разговори, текст, слики и сл. За изневерување ми се чини секоја недела збораме и знајме горе- долу кој кај седи со то. И пошто обично тие кои не аплаудираат на Фросина за ова се осудија како луѓе кои поддржуваат неверство, ќе кажам јасно - то е едно од тие работи кои најстрого ги осудвам и веќе се осеќам како досадна да сум оти го повторвам бар еднаш неделно во некоја актуелна тема. Али то не значи дека Фросина имаше право да напрај то шо напрај и дека е лишена од вина само зошто кретенов не знај да си го чува в панталони, шо впрочем, е тема на муабет темава. Нејзината вина не е дека тој изневерва, скраја да е. Туку е: јавно објавување на приватни работи. Фросина објави јавно приватни информации и збораме дали е то добро или лошо и како тоа влијае на другите околу и дали има жртвти. Вака утрински да се надополнам, ако секој вака објавува разговори и лични информации, се вооружуваат чатови и никој не е безбеден и то не е иднина кон која треба да се стремиме, шо не значи дека ете изневерувачи треба да останат „неказнети“. Само значи дека ако оправдаме нешто само зошто сега ни одговара, утре истото нема да не ни одговара во друга ситуација и да „налепиме“.
Убаво е да се подберат ваквите ко дотичниов фраер, но јас сепак не сум за вака јавно линчување. Ако веќе сакала да го покаже што човек е, тоа можело да оди дискретно до жена му, па таа да си реши што ќе прави. Имав ситуација, ми пиша еден познаник женет, со две деца. Ја знам и жена му, и се дрзна да ми се пушти. Го одјебав фино, помислив да и кажам, ама се повлеков. Мислам дека и таа знае дека си има излети на страна, ама се прави дека се е ок. Си имаат двајцата бизниси, успешни луѓе и може си премижуваат такви работи. Може и се во отворен брак, поима немам. Ама ако се замешав знам дека јас на крај ќе излезев лошата и расипувач, а тие ќе си останеа заедно и понатака во нивниот "среќен" брак. Не се едноставни овие работи, може ќе речете што сум преќутела, се додека молчиме вака ќе биде, ама некогаш не вреди да си става човек здрава нога во трн.