Не можеш да го споредуваш неговото здраво со твоето фаќање за газ. Не е сексуално вознемирување некој да ти пише "здраво" на фејбук. Сексуално вознемирување е да те фати за газ.
Значи ако некој ми каже здраво и јас се почувствувам вознемирено, ќе имам основ за тужба?! Шо ви е бе?
Во случајов повиновна е страната бр.1, а малку помалце е страната бр.2. Многу е лош начинот што госпожата вака јавно го споделила тоа. Тука поголеми проблеми може да направи (роднини, мајки, татковци, сестри, браќа) и ќе настане хаос. Подобро да и пишела во приватна порака на жена му па они дома сами заедно да си се расправаат. Како што дознав од приватни извори и оваа Фрос Фросина не е нешто цвеќе за мирисање и имала и порано некои слични испади и глупости.
А да се префрлиме на темата ,,изневерување во бракот". Таму ќе бидеме сите едногласни и ќе судиме на типот. Значи темата е јасна и гласна. Не се работи за содржината, туку начинот на кој се презентира.
А што е подобро? Ќути си - трпи си? Еве јас тоа го правам на форумов пример. После секое мислење у подфорум секс, мора некој да се "понуди". Не е решение затвори пораки. Зашто јас да затварам пораки, зашто бе не се воспитани да се понашаат цивилизирано? Зашто да им е простено тоа однесување?
@Purplelilac Се согласувам со твојот пост, освен овој дел. Не знам што се коментира на ФБ, не ја знам која е, небитно... ама тука во темава никој не рече ништо од тоа. Веќе кажав, се гледа дека намерата и е водена од егоистични причини. Темата можеше да превземе повеќе правци, затоа има офф топици на веќе постоечките офф топици. Правец 1: Право на објава на приватни разговори. Правец 2: Наплив на несакано внимание од (венчани) мажи. Правец 3: Дефокусирање на теретот за изневерување, од изневерената страна кон изневерувачот. Да се решиме кој правец ќе фатиме.
Чоек, едноставно не сакам да ме замараат, ни во живо, ни во виртуелен простор. Дали мене некој ќе ме свирка на улица или ќе ми пишува на фб, исто е. Односно, да, не е исто од аспект пошто преку фб не може да ме нападне физички и барем имам опција да го блокирам ама harassment-от тука е. И не е ова едно невино „здраво“. Не му е на него за муабет. Му понуди цурава број од брат и, со него да разговара за планини. Не е заинтересиран, нормално, зошто на него не му се прави муабет за планини и не е заинтересиран да шири невини пријателства. Односно, на него воопшто не му е до муабет- батково пишува по девојки за да добие секс. Пишуваш „доколку дава непристојни понуди“ па што е тогаш ова? Ок, не дава туку бара (телефонски број, секс) ама ако ова неговово не е „непристојна понуда“ не знам што е. Ти ако сакаш да игнорираш, игнорирај. Никој не ти брани Ама затоа не треба ни да ги осудуваме оние кои решиле дека НЕМА повеќе да игнорираат. Зошто на нив да им браниме да си ја кажат својата вистина?
Никој не вели за 'здраво' бе. Ти мислиш сите секојдневни муабети тераат по пораки? Не. Пример: Пишувам во тема за секс некоја префернција или желба, и добивам ЛП: Сакаш јас да ти ****? Ќе ме извиниш, ама не сме ненормални па да не разликуваме регуларен разговор и сексуално вознемирување.
Пишав и погоре, ама сега видов дека си ме цитирала. Да останел само на „здраво“ и муабет за планини, немаше ни ние да го правиме муабетов. Ама не, тој и бара телефонски број и и признава дека и пишува за секс. Епа ако тоа не е форма на сексуално вознемирување, што е тогаш? Машко е па да си проба?
Кој го рече тоа? Каква врска има ова што го пишуваш? Фросе нема право да ја објавува сопругата.Точка,крај.Зошто не го скрила нејзиното лице? Сопругата сама нека си го оправа бракот,нека го открива мажот,нејзин брак,нејзин живот.
Точно. Искрено тешко ми е да верувам дека не можела да ѝ го најде профилот, оти така ќе отидеа петте минути слава. Ако разговорот не е плод на фотошоп како останатите коишто ја таргетираат нејзе, младожењава е само за осуда, никад да не се полаже некоја да го земе никад, авторот ептен наведува па дури зборчето на ,,е" прво таа го користи. Ептен е апла дека собирала материјал, го наведува бетер од фби, мене некој ако ме вознемирува ќе го предупредам два, три пати, па ќе се заканам со пријавување за вознемирување. Темата е објавување лични податоци јавно, а не гнусотилаци шо многу мужи прават.
Не е сексуално вознемирување. Таа активно учествува во разговорот и го наведува да признае дека е за секс. Секс се случува помеѓу двајца и е консензуален кога двете страни се согласуваат на тоа. Нејзе не и е проблемот што тој бара секс, нејзиниот пролем е што тој е женет и бара секс. Не видов никаде во тој разговор дека тој ја вознемирува, дека таа му рече "не ми пишувај не сум заинтересирана" Напротив, таа му вика "ти се ебе". Замисли ситуација во живо. Запознаваш дечко, почнува разговор. Очигледно е дека не си заинтересирана ама мутав е и не сфаќа. Ти бара број. Ќе го прашаш "ти се ебе" и од кога ти признае ќе го објавиш на фб? Не викам јас "машко е да си проба", вие ги направивте жените деви Марии што не сакаат секс со рандом лик од социјалните мрежи по ваше лично искуство, додека на крај, искрено има куп жени што се впуштаат во секс за една ноќ со мажи кои ги запознале токму така. Не гледам никаде во разговорот на Фросе одбивање затоа што не сака секс. Не гледам никакви елементи на сексуално вознемирување. Ама апсолутно никакви затоа што не гледам од неа обид да го прекине разговорот. И не видов дека моментот се сексот и е проблем, проблемот и е што тој е женет. Да не бил женет и да и се допаѓал веројатно друга ќе била приказната. Еве, се вратив на постот, го прочитав пак разговорот. Пак не гледам елементи на сексуално вознемирување.
Жената колку што разбрав немала фејсбук профил затоа и неможела да ја најде. Само дотичниот мора да има каде да се пушта на жени/девојки , женаму несмее да има такво нешто изглеа. Одвратен тип. Како бе фотошоп шо зборуваш глупости ????... Никој неможе да те наведе на нешто ако не сакаш/посакуваш ко во случајов со гадотијава. Тој очигледно се глеа шо сака затоа и пишал. Она еднаш го одјебува тој продолжува да ја убедува ... До кога само ќе се оправдуваат ропациве како него ,а ќе се напаѓаат жените што одбиваат такво нешто и притоа ја кажуваат јавно вистината ...
Колку што може да се фотошоп разговорите мужите што ги објавија. Темата не е бескрупулозноста на муживе шо вараат одвратни, туку начинот на објава. Зошто жена да се офира со слики од жената, зашто пет минути слава и мавање у груди? Ја коа живеев у странство имаше сличен твит и е многу подобар начин, ти го преведувам подолу: ,,Драга жено на возачот на автобус бр. хх кој оди кон yy во втора смена. Ако маж ти е тој што се јави да ти каже дека вечер ќе гледа натпревар со zz, да знаеш дека после тебе се јави на некој другар, ќе се собираат денес (петок) на фиљанместо, слушав дека ќе пијат и ќе донеле жени. Сестринство меѓу жени ќе победи." Беше притискано секаде да се сподели и речиси беше невозможно да не се види.
Да де, consent На страна што токму моментот што е женет е тоа што ја покрена целата ситуација Муабетот беше дека таквото „здраво“ во никој случај не е невино, другарско „здраво“ како што членката го доживува (или се обидува да го протурка како такво). А сега, за мене лично, Е harrasment непознат маж да ми бара телефонски број, па уште и да ме убедува дека долго време сме фб пријатели (ама сум го избришала). Па така, или е форма на harrasment (пошто сам признава дека и пишува за секс), или е „машко е, да си проба“. Нормална комунијација ова во никој случај не е, така да...што е?
Не сум од мочка правен бе како другиве. Изгледа од гомно е, чим е лајно од човек. Како таков и на билборди треба да го стават, ама греота е за жената и за бебето. Ако не се лажам, имаше пишано дека знаела некои што ја знаеле жена му, зашто не побарала број од неа ако не можела да ја најде на фб? И немала што да враќа на непознати и посебно не кога гледаш дека е женет и самата знаеш кај води разговорот. Навистина жално за жената, не би сакала таа болка никогаш да ја осетам. Посебно да дознаам за тоа заедно со цела Македонија. Мене некоја да ми пишеше така мажот ти ми пиша, јас сама ќе го ставев на фб, ама вака некоја трета личност... Не знам, којзнае што и се врти у глава, дали мажот и ја изневерувал, дали дека сите знаат и ја сожалуваат, дали зашо мажот и пишувал дека не му правела веќе мерак. Греота стварно, и не сметам дека требаше ова сето да биде во јавност.