Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јавно објавување на приватни работи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од KateKane, 14 октомври 2020.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.711
    Допаѓања:
    35.674
    Пол:
    Женски
    Ај да се потсетиме... Објавени се приватни пораки. Уште еднаш: приватни. Знаете што значи тоа, така? На страна однесувањето на „господинов„ или на „госпоѓицата„ и нашите мислења за тоа. Објавени се приватни пораки. А тие се приватни со причина, нели?
    На форумов се добива бан за објавување лично пораки, што мислите каква е казната ако јавно обелодениш лични пораки?
     
    На doubleg, Pixi5, Nisse и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Тој дел го пишав за да се сфати дека истото се прави во спротивен правец.
    Значи дискусијава се претвори во тимот што ја поддржува Фросе, ја мисли феминистка и кралица и тимот што ја критикува Фросе и со тоа по дифолт станува другарче и поборник за правата на Стефанчо.
    И всушност ниту еден од овие тимови не постои како таков, само потребата да се обвини некој директно.
    А сето тоа не придонесува за ништо продуктивно, освен меѓусебно напаѓање на членови и евентуално собирање на лајкови од досада or whatever.

    За правецот на темава не можеме да се одлучиме затоа што уште од почеток не е измодерирано како што треба т.е. само е одвоена од СДК, со наслов кој никако не се поклопува со првичниот пост и не е пишано никакво дополнение за што уствари се очекува да се води дискусија.
    И токму затоа секој си зазеде свој правец.
     
    На sj *O*, Idedemja, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    2.949
    Пол:
    Машки
    „... Ете затоа никогаш нема да се мажам, барем ќе нема кој да ме вара и ќе можам да го шутнам тој некој ропак што ќе ми е партнер дури и да има само обид да ме изневери, па макар и имала 5 деца со него. ..... И дај боже да имаш ќерка на која некој во иднина ќе ѝ го прави ова што ѝ го правиш ти на жена ти. Не знам само што си мислат женичкиве што рипаат од среќа коа некој ќе им извади прстен да ги бара?... “.


    E тука лежи зајакот зошто го објавила. Сама си се убедува и теши дека 95% од мажите во брак се идиоти како овој и дека уствари бракот е тоа, неверство и ете ја фрустрацијата нејзина погоре во 3 реда.

    Не дека не требало да го објави, да се разбереме. Кога праиш глупости треба да си спремен и на последиците, ама омој цитат погоре се кажува за неа.
     
    На tessie, sj *O*, butterfly6223 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Обид за комуникација со сексуална конотација кој можел едноставно да се прекине.
    Да не можел и да гледам доказ дека се обидела да го прекине, а овој продолжил да ја малтретирал, тогаш би рекла дека е сексуално вознемирување.
    Не е секој разговор за секс сексуално вознемирување.
    Како би постапила ти кога би видела здраво од некого? Веројатно не би одговорила.
    Или би одговорила ама би прекинала комуникација кога тој разговор премине во нешто што не ти се допаѓа.

    Дали е харасмент непознат маж да ти бара телефонски број? Не би рекла дека е соодветен начин да се почне разговор, би рекла дека е идиот кој не знае да се однесува. Ама харасмент? Нема елементи на харасмент. Прашал, му кажеш не - секој на своја страна

    Дали биле пријатели па го избришала? Можеби и е вистина, не можам да проценам.
    Како што кажав, збориме за инфлуенсерка која веројатно има добра колекција на пријатели. Не би ме чудило да биле пријатели и да го избришала во налет на бришење луѓе кои не ги познава. Немаат сите луѓе 50-200 пријатели кои им се строго најблиски.

    Дали е харасмет што и пишува со понуда за секс? Би било ако таа го одбие и изрази дека не ја интересира. Фејбук тотално може да наплаќа за дејтинг сајт, всушност е поголема кежуал дејтинг мрежа од тиндер. Само треба да гледаш на која/кого ќе налеташ.

    Мислам дека не гледаш објективно на комуникацијата, дека се проектираш на Фросина и носиш заклучоци врз однос на тоа како би ти реагирала.

    Таквото здраво не е невино здраво. Тоа се сложувам. Ама харасмент? Озбилно? Толку нежни сме? Толку само еден збор во зависност од конотацијата може да се смета за харасмент?

    Значи кога ни пријде маж во дискотека со "здраво" треба одма да кажам "харасмент" затоа што освен "здравото" кое е упатено кон мене како женско плус мора и да го гледам? А сигурна сум дека не сака со брат ми да се запознае.
     
    На sj *O*, doubleg, Pixi5 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Со ваков пост, кретенката и мене ме вреѓа. Затоа не е достојна да се нарече херој, а не е. Значи нејзиниот пост е чиста фрустрација, ништо друго, како што пиша.
     
    На sj *O*, Kitten, Cosmi и 3 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.628
    Допаѓања:
    252.596
    Некаде од сабајле прочитав дека мажот и жената веќе ангажирале адвокат, ќе ја тужат и за нарушен углед меѓудругото.
    Собираат лекарски уверенија за претрпена душевна болка. Епа фраерката Фросе ќе си го јаде.
    Никој нема право, особено некој рандом лик да кажува дека некој треба да ги разведи. Можела да и пише само на нејзе, а не она светот ќе го управа, демек неверство е ретка појава.
    Швалерај на секој чекор има, ако не, сите да вадеме вака муабети јавно?
    Да ја вознемирува да ја сфатам, ама од мубетот не е така и ова не е за во јавност.
    Мене вака да ми направи некоја, јавно да ме става оти маж ми бил неверен исто би постапила, затоа што ми го загрозува угледот и приватноста.
    Мое право е дали јас ќе останам во брак со неверен маж или не.
    Може и јас сум неверна, од кај знае некоја Фросе како јас и маж функционираме?
    Затоа Фросе сега ќе си ги сносе последиците. И воопшто не е херојски нејзинот потег. Повеќе би рекла мизарен и е потегот за 5 мин слава.
     
    На sj *O*, butterfly6223, doubleg и 15 други им се допаѓа ова.
  7. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Објавава на разговоров е океј според мене, но слика и име и презиме јавно да се објават ми е незамисливо... и јас би тужела.
    Мажена сум и доколку мм ме изневерува сигурно би сакала да дознаам, ама не по цена цела Мк да дознае за мојот брак. Тоа е мој и на мм проблем за кој нема потреба рандом лица да гледаат сеир.

    Како што кажав, девојкава сакајќи да се направи паметна, падна многу ниско со тоа што почнала да коментира и да се сити на туѓа несреќа и да ја исмева изневерената сопруга.
     
    На sj *O*, doubleg, Idedemja и 3 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.733
    Допаѓања:
    322.892
    Го разбирам револтот што го предизвикува мажов кој тазе женет изневерува.

    Ама темата е сосема друга.

    Еве на пример со некоја од вас овде сме пишувале ЛП.
    Во ред е да го објавам тоа овде јавно ?
    Колку да ви покажам дека не е таква каква се прикажува ?
    Ако ви е тоа ОК, тогаш :tmi:

    Не е темата дали тој некој си Стефан изневерувал или и пишувал пораки на некоја Фросе, туку објава на приватни информации.
     
    На sj *O*, doubleg, duffi и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    2.135
    Пол:
    Женски
    Добро де ете можела да ја затемни сликата кај шо се наоѓа женаму и ред др работи како да постапи ама веќе стрелата е фрлена ..
    И баш таа бескурпулозност на мажите што за жал не е само Стефан таков еден куп пишуваат и на мене и на мои другарки женети и ќути си трај си.
    Баш се најде една да изреагира и да го обелодени сето тоа кое ние другите сме учени ќути, трај и игнорирај.
    А тој секад нови жртвички.
    Арно што објавила требаше некој да раздрма со вакво нешто во име на сите други што сме се соочиле со истото, а сме игнорирале и ќутеле.
     
    На Idedemja и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.017
    За сопругата и јас пишав, дека требало да и' го скрие лицето.
    Немало потреба неа да ја објавува, а можела и да се воздржи од коментари "колку е горда женичката" и слично.
    Едноставно, изостави ја, не ја коментирај.

    А за него, сите како него треба јавно да се лепат.
     
    На sj *O*, Idedemja, Elf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Аха, ок :) Лол
    Јас проектирам, ама ти си објективната :)
    Ај нека ти биде.

    Маж што бара телефон на непозната жена по фб е гревче кое не знае како да се однесува? Ооооо, не знаел пустиот како сооветно да се однесува. Дека меѓу волци израснал, па ете несоцијализиран срцкото, не видел цивилизирано општетство. Епа после ова можеме да кажеме дека научил :) И тој, и другите како него :)

    И да, да ми пишува некој на фб за секс, за мене е харасмент. Ете, до толку сум свилена. Или можеби се ценам себе си :)

    Не е исто да се заправам со некого во живо муабет, па да најдеме заеднички теми и интереси, да ми се допадне дечкото и да размениме контакти за понатаму. Не ми е јасно само како успеаваш да ги изедначиш двете ситуации, ама ти си знаеш :)

    Се што пиша ти се сведува на „машко е, да си проба“.
    И нормално дека проектирам, зошто јас на никого до сега не сум му пишала на фб за да му барам секс :)
     
    Последна измена: 15 октомври 2020
    На Konfetka, Idedemja, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    60.884
    Пол:
    Женски
    Тоа е така заради тоа што јас искоментирав на објавата, потоа се надоврзаа членки и затоа нема јасен вовед и прашања во која насока да оди темата. И пишав одма на @RainBow како да направиме, ако треба ќе го дополнам воведниот пост, ич не ми е тешко, макар што отприлика се што имав да кажам, кажав. Не дека ми е досадно или збирам лајкови, да сакам да збирам лајкови нема овде да изнесувам ставови кои многу души ги сметаат за погрешни.

    Ич не е дали сме тим Фросе или тим Стефчо, туку темата си фати неколку правци а тоа е неверство на тазе оженет маж кој дома има бремена жена, фрустрациите кои излегуваат од тоа, дали е правилно или не да се искочи јавно со ваква објава, каков ни е менталитетот во однос на ова прашање, дали е во ред јавно да се зборува за ова, еве дури и правно какви реперкусии носи се напиша.

    ---------------------------

    Мене ме интересира уште една работа, па полека да привршувам со дебатирање во темава затоа што навистина се што имав да кажам, кажав, после се се сведува на препукување, за кое апсолутно немам намера да го правам. Вие што сте родители како би реагирале во ваква ситуација? Ве прашувам тие што сте родители на женски и тие што сте родители на машки деца? Еве имате бремена ќерка која сопругот сака да ја изневери или син кој покрај бремена жена сака да оди со други? Што ќе ги советувате?
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Idedemja и 9 други им се допаѓа ова.
  13. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    А што е со сликите кај што она газот му го праќа? Или тоа некој трет неа ја руга сеа.
     
    На sj *O* и xnotyourbabex им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.017
    Ама Рефке, сосема е различно јас и ти да си лафеме, а сосема е друго мачомен1пуси да ти пишува : маче многу добро масирам.

    Не е исто.
    Едноставно не е.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda и Mantub им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.637
    Допаѓања:
    202.039
    Пол:
    Женски
    Криво ми е што тука гледам жени како се ситат што Фросина ќе добие тужба од ликот што немал образ да и каже на жена му дека сакал да шара на страна, оти нели, нормално било да изневерува, такви биле сите бракови во Македонија, и сами требало да си ги оправаат... oh, my...а во темана за отворен брак сите го оправаат туѓиот брак пошто нели подобро знаат од некого како му е во животот
    [​IMG]
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Konfetka и 16 други им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.757
    Пол:
    Женски
    А ова? Сега овој што објавува ќе биде виновен, а не она

    FB_IMG_1602759487080.jpg FB_IMG_1602759490833.jpg
     
  17. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Сама си одговараш дека не си објективна и си ја гледаш ситуацијата само од твоја перспектива.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    А која е другата перспектива?
    Од страната на манијак кој замара жени на фб за секс?
    :D:D:D
     
    На Konfetka, Idedemja, Elf и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    17.666
    Пол:
    Женски
    Ве молам 6тиот пат со поголема резолуција задникот на Фросина, полесно да го изАНАЛизираме. (facepalm)

    Која е потребата од тоа постирање и зошто не сме еднакво загрижени за тоа?
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Konfetka и 9 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.017
    Оти "нормално" е да изневеруваш, "ненормално" е во отворен брак да живееш.

    Не знам за вас, вереников јас прва јавно ќе го линчувам да дознаам за ваков муабет, а не да се срамам.
    Од што да се срамам?
    Еве не сфаќам.

    А не па уште под рака да си го фатам, да се браниме ние двајца :x
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Konfetka и 7 други им се допаѓа ова.