А можела да го "разведува" така што би ја исконтактирала директно жената му, без вака јавно да објавува и слики од неа.
Не прави разлика што направиле, не направиле криминал ни тие, ни типов. Нема никој право да објавува туѓи приватни работи, и точка.
Само зошто некоја девојка е убава и има фб треба да се помири да биде мета и да им ќути на вакви фаци? Абе ајде Ако му е. Друг пат ќе размисли два пати пред да пише на непозната девојка за секс. Да не може ни профил да отвориш на фб да имаш без некоја будала да те замара.
А од кај знаеш како си се имаат со жена му договорено и дали е тоа наша работа? Може се во отворен брак, може ја фатил со друг па сака да врати...како и да е, ова е дно дна.
Пријави го на ФБ. Немаш право да го објавуваш јавно. Стварно бе... и жена му на слика ја опнала. Безобразлук до даска.
Туку ај ме интересира. Дали ако му пратам голи фотографии на некој БЕЗ ДА ПОБАРА, има он право да ги сподели јавно?
Жена му повеќе се гледа на сликите како него. Не, добра била идејата, одвратен е пристапот. Буквално како "јас сум попаметна од жена ти" став да има. И тоа е поентата, да добие на популарност и на мисла дека "таа направила нешто", довела до промена во светот, имала таа нејзина објава некој influence. Инфлуенсерка е сега, ловџика на неверни мажи кои имаат глупави жени. Е Фросе, не се прави тоа така. Имало милион начини. Нека објавела колку сака, можела барем жената да ја осече од сликите, вака буквално на тапет ја става. Сепак, мислаам нема полош пристап од скриншот мафиата која мисли дека со скриншоти решава се, а само насочуваат омраза кон одредени луѓе. Моментот не е "видете овој брка жени по интернет", порака и излегува "видете мажот на оваа брка жени по интернет". И пораките "затоа јас нема да се мажам", уште да каже "не сум глупа како жена ти". Гадно, искрено е гадно.
Финска ќе лежиш затвор ако праќаш такви слики https://pledgetimes.com/up-to-six-m...people-for-posting-unsolicited-nude-pictures/ а во принцип unsolicited nudes се сметаат за sexual harrasment. Немаш право да споделиш, зошто тогаш е дистрибуција на порнографија. А зошто во конкретните слики нема порнографија, џабе муабетов
Не беше у контекст на порнографија него дали приватни муабети и слики кои се недолични и не се побарани од другиот океј е да се споделат, затоа.
Не прај разлика дали има порнографија на сликите. Пред цела јавност го ставила односот со жена му. Со име, со презиме, со се'. Двајца оштетени има во случајов. И тој, и жена му. И имаат право да ја тужат. Кај нас нема закон за испраќање приватни експлицитни слики, а постапката е иста како на манијаците по парковите што си го покажуваат половиот орган.
Цурава ќе испаднеше права баја скриновите директ на жена му да ги препрати, вака ми личи ко желна за внимание. Со потегов не направи ништо арно (освен што го експоузна сељоберот што и не е некоја еурека, секој трет женет мушкарац е таков) , само ја посрами жената и нејзините.
Кога ќе размислам подлабоко, имате поента, да, навистина сте во право. Само јас никогаш во ниту еден момент не би помислила за жена му или било која друга што ќе се најде оштетена од маж, дека таа треба да се срами од нешто. Тој е тој што треба да се срами, таа нема за што, неговите постапки не се во нејзина контрола, ама знаејќи на какви коментари ќе налета кај што обавезно го оправдуваат, па таа го разведува и слични, можеби за жената подобро ќе беше во лични пораки. Ко да прочитав дека ја барала да и пише, ама изгледа немала фб. Иако јас во ниту еден момент не помислив за жена му ни дека е глупа, ни дека таа е крива, ни ја сожалувам па за да треба да се срами од нешто.
Аха ок е, по статусов со навреди шо го објавила пред неколку месеци се гледа колку и е "жал" за жената на овој т.е. колку сака да привлече внимание. Фејсбук статус на Фросина Ѓорѓиовска „А што ви е гајле вас реисот со каква жена се оженил“?
Објавата ќе имаше поента само ако тој и таквите ко него имаа памет да сфатат. Ама чекај, ако имаа памет немаше ни да пишат... Да му е страв на чоек да е во врска, оди и вервај на некој да те видам.
Не е работата во срамењето, туку да имаш докази за маж на твоја сестра, пријателка, роднина, дали неа ќе и кажеш или прво ќе постираш на фб сите да знаат? Зошто би било ок да се постира вака за брак на жена што не ти е блиска? Не е, исто е.