Тоа сигурно е некој мајтап што си игра. https://www.fakechatapp.com/ https://play.google.com/store/search?q=fake chat&c=apps&hl=en_US&gl=US
Коментарот воопшто не ми беше да те обвинам тебе, ова најискрено. Навистина немам грам осуда за тоа што изнесе сопствен став кој секако беше во општа тема. За осудата во однос на него сите се согласуваме, а за постапката на Фросина како што реков е grey area. Поентата ми беа последниве неколку страници се претворија во меѓусебни обвинувања на членови и некаков заклучок дека ако ја искритикуваш постапката на девојкава мора да го поддржуваш него и обратно. Воведот би било убаво Реин да ти дозволи да го дополниш за да се знае каде треба да води дискусијава. И уште еднаш, ниту лајкови, ниту било што од пишаното не се однесуваше на тебе. Сето беше поради препукувањата од последниве страни.
Да ја crop-нам сликава и да направам reverse image search сто посто дека ќе биде превземена од интернет. Досадно му беше на македончето па мора и нешто друго за да се забавља.
И да не е. Ова е типично "да и' покажеме на курвата" Мене рандом лик да ми пише здраво, нема да ме изживцира. Ете сака да се запознае, рецимо. Рандом лик, со слика од свадба на профил, да ми пише здраво, а не се знаеме ни познаваме, да, знам дека не ми пишува за планинарење/кучиња/одмори. За жал не чувам, да видите каква стока пишува.
Може за втора жена ќе те зема бе па и ти еее. Одма ПрЕдРаСуДи! Да се надоврзам: Не знам каква врска има нејзината слика со случајов, дури и да е вистинска, и зошто побогу треба да е некаков аргумент во целава работа. Демек ако пратила некому таква слика готово, сега треба и на Стефче исто да му врати.
Интересно е што од прва реченица знаеш што сака. Има мажи што ми пишале, што нема врска со никаков швалерај. Виделе моја објава за нешто, и разговорот секогаш е: Здраво Ја видов вашата објава за тоаитоа тамуитаму и продолжува разговорот за конкретното нешто А вакви... Здраво срцка Здраво Хај Хај женска Или ни еден заеднички пријател немаме, јас на профилна со вереникот, јавно ми е пишано енгејџд, битно ме додава и пишува здраво. Мислам... осет?
Сосема јасно. Секако дека има начин се да се пише. Не дека јас неа ја оправдувам, ни па некад нешто јавно би објавила такво ако не продолжи да ме замара, ама не можам никако да сфатам како се сврте дискусијава кон тоа дека е он жртва.
Добро, само јас не сфаќам шо е тоа углед. Како ќе ми е мене нарушен угледот ако маж ми ме изневери и сите дознаат? Нели углед е она што јас си го градам сама со години и само јас можам да си го посе*ам. А не други луѓе со нивни постапки, па макар бил и маж ми. Ај сите по еднаш да пишеме дека нарушен и бил угледот и да и кажеме дека треба да се срами за маж и, баш така поддршка се дава.
Ми искочи во предлог за пријател. Марк, и ти ли бе синко? Да не биде дека сум дволична, ете како се прави криење на лик.
Де прочитај правно и практични примери од завршени судски процеси што значи " харасмент", сексуално вознемирување и сѐ друго што те интересира. Ти и некои други тука не сте сите жени и не зборувајте во име на сите. Стефан не е сите мажи и дечковци кои се пуштаат во пораки. Фросе е секоја втора "инфлуенсерка", исфрустрирана особа со плус психички проблеми. Ајде зберете се сега и да се забрани секаква комуникација меѓу машки и женски пол, да не случајно некој женет или мажена направи грев па ќе ги браниме од самите себе.
Ма кај мене не гледаат што споделувам секако, заклучен е профилот. Ама кога веќе кликнале, буквално само тоа енгејџд стои. Колку треба да си сељак од 1 до бесконечност?
Оти толку им сече. Отвори во риквести, ќе видиш. Мене вилица до земја ми падна кога еднаш случајно отворив. Си немаат луѓето друга работа.
Искрено? Многу жени се ставија на местото на изневерената сопруга, запрепастени од фактот дека утре може они да бидат на нејзиното место. Мислиш дека тој до тебе ти е лојален а тој вусшност се ебава со кого стигне и еден ден цела Македонија дознава дека маж ти те вара. Буквално, портали известуваат за тоа. Тргнуваат од тоа како би се осеќале самите кога ова би им се случило на нив-понижени, посрамени, обрукани. А вусшност единсвениот кој треба да се срами е дибекот ама...во Македонија живееме. Врти-сучи, жената ги сноси последиците. А тек како им е на оние кои знаат дека мажот ги изневерува. Помислата дека еден ден швалерката може јавно да ги објави преписките и сите да читаат како мажот ја изневерувал.