Епа тоа зборам. Тоа е најстрашно што сопругата ја потценува и ја исмејува со "женичката...,и јавно ја објавила кога можела да и го скрие ликот. И такво нешто не можам да подржам. Таа нема ништо со неа,а и со нивниот брак. Може имаат отворен брак па со дозвола ова говедово се швалерисува. Кој ги знае што прават. Никој не го оправдува говедово,туку не ја оправдува постапката на Фросе во однос на сопругата.
Пишал здраво, не пишал за секс. Друго е некој да ти се избаци веднаш со понуда за секс. Е харасмент. Да ти пише "здраво, би сакал да се запознаеме" не може да се квалифицира како харасмент. А она, се цениш... Жени што имаат секс за една ноќ по автоматизам не се ценат себе си? Не изедначив јас ништо, ти кажа дека здравото кое е здраво само затоа што е женско е харасмент. Муабетот буквално почнува со "здраво, може ли да се запознаеме". Апсолутно нема никакви елементи на харасмент. Ама апсолутно никакви.
Само последниве неколку месеци. Немав ни отворено. Сите до еден се женети, со ни еден немам ни заеднички пријател, ниту сме во иста група некоја (за миленици најчесто) Еве ако јас сум глупа нешто, објаснете ми вие што сакаат од некоја за која знаат само дека е верена, ништо друго.
Ама зошто запнавте со дечково, Фроса и жена му ? Темата е јавно објавување на нечии приватни работи. Ако комшивката става слики од Париз, Рим...шетање, кафани... И сеа за да покажам дека не е така како што таа пишува, да пратам слики од руината во која живее ?? Ќе бида по ценета...или ќе пораснам ако пишам дека лаже?? Темата е сосема друга, а фрустрациите кон копуков се само излив на осуди кон неверството. Ами постирање на туѓи приватни слики и податоци не е само швалерај.
Па ако мислиш дека би ти било сеедно дали ќе знаете тројца или 2 милиона, браво. Никому не би му било сеедно ама ај ќе се правиме овде анонимно на форум.
Така е, и јас се ставив на нејзино место, и каква и да е она ми е жал искрено што заради постапки на друг она е инволвирана страна. Не заради тоа што маж ми може да е неверен, туку заради тоа што не би сакала се што сум правела во животов да ми е засенето од идиот што некако успеал да ме убеди да сум му жена. Мене не ми е гајле за другите, ама како што кажа живееме во Македонија и знам дека во најмала рака на моите блиски нема да им е сеедно. И стварно сметам дека не е ок постапката, зошто она и да е најлошата жена на светот, нема врска со ситуацијата. А Стефче ако претрпел душевна болка и не знам што, сам си ја приредил. Ако некому швалерај му е нешто најнормално, мене не ми е и никако не можам да го оправдам типов.
Нема да ми е сеедно ако знам дека мажот ме изневерува, ама нема да ми е гајле дали знае цела Македонија или не. Барем јас знам дека за тоа што мажот изневерува единствен виновник е тој, и баш тој треба да се срами. А не јас. Ако ја заболе цела Македонија за тоа што мене ме изневерил мажот, не баш. Повеќе е за сеир фаќање, затоа и за ова скокнаа. А не дека реално некого го заболе за сопружниците или за Фросина. Сеирџии само, и ситење на туѓа несреќа, за тоа сме способни. А да мрднеме со прст да ги искорениме мажињава што се во отворен брак за кој тие знаат, мрзливи сме. Се настрана да си седиме оти не е наша работа.
Плус ако навистина жената не е на ФБ, значи дека апсолутно не дала согласност нејзиниот живот таму да се споделува. Има причина зошто не е таму, нема што на сила да ја влечат. Време е да престане "објава на социјалните мрежи" да е решение за секој проблем. Искрено се надевам дека ФБ конечно ќе се повлече од ЕУ. Ајде Ирска, само напред.
Не би сакала, а уште помалку би сакала да биде мојот брак предмет на дискусија на цела Македонија. Замислата и е убава, само доколку добие согласност од жена му. Во бракот се двајца и само тие имаат право да одлучуваат дали, кога, зошто и како треба да го завршат истиот. Дури еве и да имале отворен брак (нели така се договориле .... јас не го одобрувам тоа, ама која сум јас да се мешам во нивниот брак?) .... едноставно нема право ниту оваа Фросина јавно да споделува. Или може од правен аспект ете има (не знам), ама сепак е простатилок и желба за внимание и повеќе лајкови. И кога дискутирате, немате потреба од вреѓање, вакви сте, такви сте. Сите си искажуваме став и мислење, ако не се согласувате имате право да го искажете своето мислење, ама да вреѓате и навредувате.....тоа не е дискусија туку шалабајзерски муабет. И не правам таков муабет. (не го мислам за тебе ова candy, за тие што ме цитирале).
Ана, нема право вака јавно да изнесува скриншот, притоа да си дава за право да ги разведува. Никој не оспорува дека е ѓубре што сака да изневерува, ама како што велиш во темата Отворен брак, оправаат туѓи бракови, истото го прави и Фросе, а вие нејзе ја подржувате, а ваму во темата ставот е друг. Може и они се во отворен брак, не знаеме, па оттаму и вакви работи не се споделуваат јавно, туку, само со засегнатите страни. Јас Фросе лично би ја тужила, нема зошто она јавно да ме објавува по социјални мрежи, мене и мојот сопруг. Бракот е интимна работа, јас што сакам ќе правам. Дали ќе се разведам или не, моја работа, не треба некоја Фросе јавно ова да го зборува и да си прави шоу. Швалерај не е нормална работа. Најлошо е да си изневерен, никогаш да не дознаете, а и да ви се случи, решение има. Ама тоа решение си го донесувате вие, со партнерот, а не Фросе. Многу морализирање и осуди, а по други теми сте опен мајнд. Не е наша работа да коментираме за нечиј брак и немаме право јавно да споделуваме. Научете дека некои работи се приватни, интимни се додека лицето кои ги прави не се одлучи на спротивното.
Голем дел би се чувствувале вака. Го разбирам тоа. Ама како што реков, од трите правци кои можевме да ги тераме за дискусија: јавното споделување приватен разговор (каде засегнат е Стефче), масовно пуштање на оженети мажи по ФБ (каде засегната е Фросина) и дефокусирање на срамот од изневерената кон изневерувачот (каде засегната е жената)....епа ние која ја избравме?
Како мајка на син и ќерка, ќе ти одговорам: Ќе им кажам да се разведат! Ќерка ми не е кукла, па да дозволам некој да игра со неа. А син ми ако сака да оди со други ќе го советувам да не мисли на брак, само се надевам дека ќе го воспитам убаво за да ја почитува таа што ќе биде покрај него, а не да игра со нечиви чувства.
@Purplelilac тамам е, се разбравме Немај гајле. Предложено и е на Рејн, ќе го дополнам првиот пост. Иначе пошто никој не ми одговори, сама да си одговорам. Ако имам ќерка и ова и се случи прво нешто што ќе направам ќе биде да и дадам утеха, да и бидам поддршка и да и кажам дека сум тука за неа што и да одлучи. Никако нема да и викам дека углед и чест и е нарушен затоа што според мене апсолутно женава никако не е виновна за ништо, ниту пак сметам дека нејзиниот углед зависи од човекот за кој се омажила. Скраја да е мојата чест да зависи од нешто друго, освен од моите лични постапки. А скраја да е и да ја терам да остане со ваков, да не си растура брак ради други. Последново мислам дека е клучна точка зошто сме на ова дереџе стигнати. Да имам син кој го направил ова, срце ќе ме стегне, најискрено си кажувам. И никако нема да го терам да се фокусира врз тужба на жена на која тој прв и пишал, директно и понудил секс и да му давам ветер во грб да иде и да тужи жени кои проследиле која му била замислата, наместо да го освестам малку дека погрешил. Затоа што да не и пишел, Фросина немаше да има што да објавува. Ќе го советувам да си ја признае грешката и да се фокусира да си го држи во гаќи, а не после Цацко да му е крив што добил retaliation кога бара секс а дома трудна жена има. Второво исто е клучна точка зошто сме на ова дереџе. Ај што ми пишувале во инбокс мажи, ама тек на форумов колку жени ми пишале да им дадам совет оти се во ваква ситуација, оти разбрале нешто што ги мачи, оти им е страв да говорат јавно, баш заради тоа што на нож ќе бидат дочекани и се срамат јавно да споделат. Да се срамиш да споделиш дека некој ти право зло, а ти е партнер, еј, не можам и не можам. Ќе давам совети се дури можам, ама не сум само јас општеството нажалост. Можам само да изнесам мој став и да гледам добро да воспитам деца. И глупо ми е да зборувам за нечиј углед, кога многу повеќе ме боли тоа што се крши довербата, а тоа е тоа кое е жива рана. Ние овде ќе си ја прокоментираме ситуацијава, ќе заборавиме за 1 месец, додека вакви ситуации со неверства се малтене секојдневие. Изгубена доверба боли многу повеќе од чешмарски муабети за изглед, постапката боли многу повеќе од тоа дали Стојна од Прдевци разбрала. Барем според мене.
Ама целта не секогаш ги оправдува срествата. Или во случајов, ако треба да се пренесе некоја порака во општеството треба да се земат превид околностите и оние за кои е наменета. И најомилената песна да ја слушаш на рипит ќе ти збоктиса, а не пак некоја пипава тема што треба внимателно да се сервира, зошто сепак целта е масовно ширење на информацијата, а нели не има секакви. А што се случи конкретно овде во кашава со Фросе и јебо факич? Се испомешаа и емоции и морални гледишта и право на приватност и влечење во кал на трети страни. Премногу фактори и варијабли за да се извлече вистински заклучок. Од она што гледаме како засега почнаа да се расплетуваат работите, јебо факич ќе го извлече најтенкиот крај, а сите други споредни актери во приказнава вистински ќе го окркаат. Кој психички, кој со достоинство, кој од околината, кој ќе биде тужен...и на крај сме направиле едно големо НИШТО во однос на благородната порака што сакаме да ја споделиме. Некоја страна пред ова @tessie баш стави пример за твит како масовно да споделиш ваква информација, без јавно да изругаш и што треба и што не треба, а успатно да пренесеш порака дека ете - жените на крај треба да се држат заедно. И јас сум за да се потиснат овие мрсулковци во општеството, ама ова не е начин.
Искрено не знам како да ти одговорам и погоре се дискутираше дека многу без контекст е само извадена тема, па не знам која е "правилната" насока, мислам дека ја нема и затоа застрани муабетот Јас се надоврзав таму кај што имав нешто да кажам или додадам.
@DAngel, еве не можам да разберам дали нешто навистина не се разбираме или намерно се правиш наудрена? Обично „здраво“ не е ништо, освен поздрав и можен вовед во комуникација. Ама „здраво“ од човек кој не го знам, и со кој немам ни еден заеднички пријател, и на профил ми стои дека сум во врска, што мислиш, зошто е кажано? Не сум наивна па да се чудам. Сигурна сум дека не ме контактира зошто сака да ми биде другар. Јас покани за пријателство не прифаќам ни од непознати мажи ни од непознати жени (освен ако не ми се претстават во инбокс кои се), а на „здраво“ пораки ич не одговарам. И баш зошто не сум растена меѓу волци на планина, точно знам што ќе се случи ако одговорам на тоа „здраво“. Пред некој месец ми требаше помош околу едно улично кутре. Ми дадоа контакт од девојка што може да помогне, и пишав порака во која и се претставив која сум, и кажав од каде ми е контактот и зошто ја контактирам. Ја увидуваш разликата, така? Секс за една ноќ секако нема да имам со некој непознат кој на фб ми напишал „здраво“...Мислам, хелоу? И стварно не знам како стигна до тој заклучок дека мислам дека жени што имаат секс за една ноќ не се ценат себе си само зошто не сакам на фб да ми пишуваат манијаци за секс.
Фросина пишала ваков коментар "Nego mu se ebe so drugi. Plus deckoto e prijavuvan za tepanje na devojce, za manijacenje komshika na prozor i nejzino slikanje dodeka se presoblaka. Koj ke i gi plati nea stresovite? " Ве молам полека со емпатиите кон дечково.