https://dnevninovosti.mk/skopjankat...2FzGIWEwEtn-9tV94JnDg6sb2fs_jXcFjLc1e0JgYULzs Ќе го јаде стапот душебрижничката. Скапо ќе ја кошта нејзиниот глуп начин за слава
За да се сменат некои работи, некогаш е потребно и вака да се постапи. Промените се тешки, не се безболни. Секогаш има жртви, тоа е неизбежно. Морализирам и осудувам? Не осудувам ништо, секој си знае зошто го прави тоа што го прави, ама секој треба и да си ги сноси последиците од своите постапки. Толку е просто. Не би ја тужела Фросина, бар не јас. Ама мојот мајндсет е малку поинаков. По ниедна цена не би останала со партнер што ме изневерил, ниту пак би го поддржувала во ваква бесмислена тужба.
Емпатија према мрсулов не можам да имам. Дај боже веќе никад да не осети допир од жена. Ама не можам ни да ја величам Фросина. Лично јас не би сакала цел фб да ме чита, дека имам посран маж. Вечно ќе и бев благодарна доколку истово некако ми го пратела мене, во инбокс или на некој мој близок. Вака на цел фб да ме објавува за она да си се издигне, и да плука по "женичките што гордо се омажиле", не фала.
Тоа е иронијата. Нема тој да го јаде, него таа, срам да и' е, што не преќутела. Тепај ме и не ми давај да плачам работава. Ако жена му после ова стварно остане со него... немам зборови.
Ти не би имала секс со рандом тип од фб ама од кај знаеш дека друга не би имала? И зошто според тебе тоа не е нормално?
Мажите си го подржуваат тој Стефан за да можат сами да си ги заташкаат работи оти они пишуваат на други. А жениве па што ја напаѓаат. Боже сачувај. Македонија.
Зошто швалер и неверен се во наводници? Непотврдени обвинувања? Фатаморгана беше тоа што читавме на сликите. Тоа е. Секој ќе го извлече подебелиот крај освен тој што изневерува. Легално може да се тужат колку сакаат и тоа е во ред. Но која независност на порталов? Точна одлика за мислењето во општествово наше.
Стварно немав живци да ги прочитам сите испишани страни...ама, зарем некој овде пиша дека го брани дечкото??? Емпатијата колку што разбирам е насочена кон жена му. Додека го скролав ова повторно ми влезе во очи моментот „ваков маж е ин витро без пари“. Како она воопшто да има поим што е ин витро и што тоа значи за луѓето што поминале низ тоа. Дефинитивно не се контролира девојкава што све кажува, меша баби и жаби, фрустрации се намирисуваат на километар и токму затоа никој не сака да слуша морализирање од вакви личности. Секоја поука што би можела да се извлече од целава каша, за жал ќе падне на дното.
Таканаречениот "швалер" само сакал да поразговара. Ништо друго. Само се обидел да си помуабети, ама не бил добро разбран. "новинарство"
И да имаш ќерка и да имаш син, ќе ги научиш дека постои нешто што се вика privacy violation. Во мк веројатно не постои приватност, пошто сите се јавни особи, ама затоа многу со душа па ќе страдаат од душевна болка. А, и сите се угледни Значи приватноста е моја и неповредлива. А дали може да се казнува сексуално малтретирање на платформа- веројатно исто колку што се казнува ко ќе ти каже некој -Шц мала- на улица. Притоа, фор д рекорд, ништо од тоа не поддржувам, исто ми е јадно и гадно како и тебе што ти е. Многу има за работа, многу...
Ана јас не верувам дека некогаш би имале свет без неверство. Не велам дека и нема такви бракови. Има. Не велам и дека секој втор брак е таков. Ама дека ова нешто ќе смени, не. Повеќе би рекла дека за многу други работи би требало да се сменат отколку за неверство во бракот. Ова не се случува сега и само овде. Пре би рекла дека треба добро да избереме со кого ќе стапиме во брак. А дали после неверство ќе се разведеме или не, тоа си одлучуваат самите партнери. Јас во ова ситуација не го оправдувам јавното објавување на разговорите. Нема право и нема зошто да ме става на социјалните мрежи, ако нема дозвола од мене.
Очигледно не си Плус, сите изневерени кажуваат цело време на темава дека најмногу ги болело што последни дознале. Епа замисли вака, цел ФБ за тебе и твојот брак збори, а ти и немаш ФБ. Да не дознала прва случајно? Пак последна дознала на сметка на тоа што цела држава си игра сеир два дена веќе. Ама не збориме за тебе, нели? Збориме за здравото насочено кон Фросина и текот на нивниот разговор. Тоа здраво не е сексуално вознемирување. Тоа е целата поента. Фросина во ситуацијава не е жртва на сексуално вознемирување. Може да и се гади од постапкава, може да и се повраќа, може да и биде неудобно. Ама не е жртва на сексуално вознемирување. НЕ ВО ТОЈ ЕДЕН КОНКРЕТЕН РАЗГОВОР. Е жртва во пораките кои и ги испопраќале после без разлика дали одговорила или не на нив, е жртва во сликите објавени без разлика дали се или не се нејзини, ама во тој конкретен разговор не е жртва на сексуално вознемирување.
Мене ми е жал за жена му. Опната профилната со неа, сите да знат дека и набиле рогој. Без разлика типкава што објавила, што праела во минатото, не го менува фактот дека е тој ѓубре од чоек.
Типот дека е дебил, дебил е. Ама дека Фросево уште у старт имала намера да го објави, се гледа од авион. Можела уште одма да го прекрати разговорот и едноставно да не враќа. Дури и има момент кога и пишал "ако сакаш ок ако не ништо" кажуваш не и крај. Да не зборам за нејзиниот одвратен коментар за мажените дека се глупи. Па имаш сестра,братучетка, крај краева мајка ти е мажена значи сите глупи јавно да ги кажеш, еве не знам. Демек еве ја феминистка, а од друга страна женИЧКАТА била горда оти била омажена. Намерно да оцрниш некој јавно (жена му) за да собираш поени е најдолно нешто. Не знам по која основа жената ќе ја тужи, ако ја тужи уопште. Неговите слики се јавни, за разговорот не знам. Ако е запознаен некој подетално, баш ме интетесира какви се законите.
Не ни прочитав после насловот. Можеа да пишат: "Скопјанката која вчера објави слики од наводен приватен разговор со одреден С.А. денес добила тужба од истото лице, за клевета и нанесена душевна болка." Навистина новинарствово кај нас е на највисоко ниво.
Клевета е само ако се фотошопирани скриншотовите. А ако се вистина,тогаш како е клевета? Не те сваќам. Сакаш да кажеш дека е ок да ни пишуваат манијаци само зошто таму некаде можеби постои некоја жена која можеби би имала секс со некој непознат кој и пишал на фб и сега да не ја усеруваме работата ние што не сакаме да не контактираат непознати мажи за секс????? Знаеш дека постои Тиндер, така? И уште неколку сајтови кои се специјално ориентирани за наоѓање на сексуален партнер?
Нема да смени во неверството, точно, ама можеби ќе смени нешто во однос на малтретирањето на жените не само на социјалните мрежи туку воопшто секаде. Не ми е мене за неверството, нивен проблем е, мене ми е моментот каде што Фросина ја направија виновна, а тој е оној што го почна ова, само затоа што сакал муабет/секс. Тој и милиони мажи низ светот што малтретираат рандом жени по социјалните мрежи, а богами и насекаде во реалниот свет, само оти се мажи и им е дозволено. Зошто на жената се покажува со прст, мажот е секогаш жртва иако прв почнува? Тоа сакам да се промени.