@CameliaMiller а ако остане со него што? Нејзина работа е тоа. Демек као глупа м? Не е наше да судиме дали треба или не треба да остане со него во брак. Јас не би останала, ама јас не му сум жена. Имаше фин начин Фроси да го објави муабетов со гомново без сликите од жена му. Таа го избра погрешниот. Па и уште хехенце пресмешки на нејзина сметка женичкава горда е дека е во брак. СРАМОТА. Никаде не реков да ќути и да си трпи секоја будала да ја ремети на фб ама па ова на што личи? Газиш некого за да се издигнеш себеси? Дно Иначе овој е портал ко сите други - ништо повеќе, ништо помалку
Каква врска има едно со друго? Еве пример јас сум слободна и се "наоѓам" со некој тип на фб (слободен) и започнувам врска каква сакам па макар била само за една ноќ или за еден месец. Зошто е тоа за тебе погрешно и зошто да ме осудуваш за тоа? Кому јас штетам за да ме осудуваш? Тиндер постои, да. Ама никаде не пишува дека е забрането на фб. На фб има многу кои започнале пријателства, врски, авантури итн..
Буквално можеш да подесиш во сетингс да не можат да ти пишуваат луѓе кои не ти се пријатели. И не е оправдување "ама зошто јас да подесувам сетингс, наместо мањаците да престанат". Ако ја држиш опцијата отворена, ете им loopwhole и ако сакаат да пишат, ќе пишат. Се' додека нема сексуално малтретирање, остај го сељакот нека биде сељак. Нема поента да трошиш време и енергија да превоспитуваш некој друг.
И најјакиот момент по порталиве - фросе и нанела душевна болка. Не сопругот што сакал да ја изневери дури била бремена, не.
Не знам дали е глупа, ама не ми делува како стабилна, сигурно. Ќе помислам дека е воспитувана "ќути си, трпи си, маж е". Не би рекла дека е само нејзина работа, реков, од тоа немешање до ова дереџе сме, кај што комшијата ја млати комшиката, ама тоа не е наша работа. За вториот дел веќе неколку пати напишав, се согласувам со тебе. И за заматување на лице, и за дебилните коментари. За порталот... селска чешма.
Јухуууу, сакам во следниот живот да се родам маж во македонија убаво ќе беше на чело да и пишеше на секоја жена - ако има вакво размислување како коментаров, си го заслужува сето ругање на свет исто на чело да им пише на жените кои си ги тепаат децата додека се жалат од мажите дома дека јаделе шамари многу сакам да знаев за секоја жена пошо како што кажав вчера ние да бевме свесни, да не бевме самите патријархални, да бевме феминистки ни стефан ни свети стефан ќе имаше шанса да не повреди
Ако е повредувана, наша е. Чија работа е бракот на комшиката што јаде ќутек? Само нејзина? Моја? На полицијата?
@Lifelive, О Господе... Кој те осудува тебе жено, аман. Еби се, не се еби, што сакаш прави. Не е тоа тема на дискусија Ама кога веќе ме цитираш: Еве, ќе се ебеш со дотичниов? Батково што дома го чека бремена сопруга? Ќе му дадеш број кога ќе ти побара, иако за профилна и кавер ја има сликата од црковната венчавка со видливо трудна сопруга?
Нивниот брак го направил и нејзина работа кога почнал да и се пушта преку порака. Дали е повредена жената од изневерувањето на Стефан? Да. Дали е повредена од постот на Фросина? Да, најверојатно. Што ќе се случи со Стефан, а што со Фросина? Дали секој пропорционално ќе одговара за нанесената душевна болка? Тоа е она кое сакаме да се смени.
Припаѓањево со тужењево е пресмешно, па уште позната скопска адвокатка о џизс. Пример за кај е ок да објавиш некој со име, оти јавно искажани ставови никој не е должен да ги крие Ова на коментар ми личи така? Жена ли е??
Не знам, сликава беше во Сакам да кажам објавена, ми се чини од @Amellie13, ете таа нека одговори Ама нема врска дали е маж или жена, јас лично познавам жени што истово би го рекле
Во ова што го напиша: Не те сваќам. Сакаш да кажеш дека е ок да ни пишуваат манијаци само зошто таму некаде можеби постои некоја жена која можеби би имала секс со некој непознат кој и пишал на фб и сега да не ја усеруваме работата ние што не сакаме да не контактираат непознати мажи за секс????? Пишуваш за некој кој би пишал за секс. Не пишуваш за маж кој изневерува (бремена) жена. И јас убаво пишав дека ќе пишувам со слободен, намерно го напишав да не дојде до недоразбирање. Ама што и да се пише џабе, мора да се испреврти.
Вака беше и за Јавна соба, и за Тимјаник, и за Саздо и за се'. А-у некој ден, и после сите ќе заборајте шо било-како било. Дајте, сега ни е шаната да смениме нешто. Џабе вака само ако се натегате по интернетов. Ништо нема да се смени.... утре-задутре, пак ист муабет ќе се врти само со други луѓе. Сеирџиски народ. Асертивност, нула.
Сигурно. Секаде, ама секаде вакви коментари од жени има. Затоа и фејс одамна не користам. Добивам желба да им ги кажам сите најпогрдни зборови што ги знам, а не вреди, глупи ко кур ќе си умрат.
Јас уствари мислам дека сите на темава се согласуваме со генералната идеја дека на ваквите лиглиња треба да им се ускрати задоволството да гњават и да набиваат рогови на фамилијата, ама дефинитивно имаме несогласување за начинот. И мене ми е криво дека дечково најлесно ќе помине во целава ситуација, ама со оглед на се што попатно беше напишано во постот на Фросина, и поради фактот што ја објави и жена му, се остави многу голем простор за целава ситуација да се мава по ќерамиди, со денови да се дига прашина на сите споредни теми кои не го вклучуваат неверството и сексуалното вознемирување, за на крај да се изнервираме дупло кога уствари дечково ќе тужи и ќе добие. Јас се нервирам што девојкава со нејзиниот однос остави простор и повод токму за сето ова. И во никој случај не се осеќам дека ја напаѓам, а го бранам швалерот. Ама вакви примери не одат во прилог на тоа дека жените во иднина ќе се охрабрат да се спротистават на матретирање. Не викам дека секогаш мирољубовоста е начинот, да некогаш треба поагресивно и порадикално, ама овој конкретен случај барем за мене е тежок шит и тотално недостоен пример за тоа како треба да се тераат слични општествени револуции.
Нормално е да се расплини малку на почеток темата бидејќи има повеќе аспекти, а различни луѓе различно гледаат на работите. Еве го дополнетиот вовед од @KateKane, па може да се продолжи дискусијата.
Дадов. Два пати го постирав истото. Да ни каже некој/а од правниците како оди процедурата за граѓанска иницијатива за донесување предлог закон. Ама никој/а не се огласи.. ниту пак ги прочитавте постовите.