Дефинитивно. Може да останеме до тука со ова мислење, сумирано се накратко и да продолжиме со предлози. Навистина веќе 20тина страни истиот муабет се врти.
Нема бе... немаме за ништо закони, зато ЕУ инсистира да ги порамниме со нивните, оти сме ко во феудално општество.
Па и во ЕУ немаат државите идентични закони. Де посочи ЕУ закон кај што конкретно ова е регулирано. Немам истражувано, ме интересира баш.
Не се разбираме. Наша работа и на полицијата е ќотекот. Дали после тоа жената ќе остане со него или не, не е. Имам свекор бивш полицаец. Знаеш колку пати е пријавено насилство од комшиите, а потоа жената го брани мажот од полицаецот (свекор ми)?
Од кај знам кој е. Не сум правник И не ми е гајле за ЕУ, само го кажав како одговор на тоа дека немаме закон за сексуално вознемирување на интернет. Не мора ни една ЕУ земја да има закон, нам ни треба. ЕУ нека си мисли за нејзе.
Е ама буквално не можам Реков веќе дека не прифаќам покани за пријателство од луѓе кои не ги познавам, се додека не ми се претстават во инбокс кои се Ај погоди која е оваа Андри Јана со слика на планина на профилната? И пошто не е манијак, Андријана во порака ќе пише која е и од каде се знаеме Мислам, ништо трагично, секогаш можам блок да направам ако отиде вон контрола ситуацијата ама...зошто воопшто да ми пишува некој што не го знам? Толку немам право на свој простор, па макар и виртуелен? Пак ќе кажам, си има Тиндер.
И после зошто ни е чудно дека вака реагираат луѓето? Ко во темана пред некој ден што зборевме дали ќе ја превземеш правдата во свои раце ако некој ти го тепа детето, а институциите спијат. Секој си прави што сака без контрола и поединци ќе изгорат пошо биле морални и праведни. Анархија, анарија Не знам веќе од што не се попиздени луѓето во државава
Па дека викаш дека треба со нив да ги порамниме, а не е дека они секаде имаат исти закони. А и да постои ЕУ закон, не значи дека е добар за секаде.
И шо? Ако го истепате насилникот, ќе престане да ја толчи жена му? Знаеш колку им е тешко на жртви на насилство од партнери, да се откачат од насилникот? Цела гранка во психологијата има за оваа тематика. Тоа треба социјалните служби да водат грижа, државата да обезбеди услови за жените да можат да си заминат. Кај џенем ќе одат ако немаат финансии, кај да живеат, државата не обезбедува безбедносни куќи итн.?
Пак се враќаме на тоа. Не постои закон кај што "здраво" ќе се протолкува како сексуално вознемирување. Ама никаде. Во ни една ЕУ и ни една Тоа треба мрежата заедно со надворешни регулатори да го реши. А на мрежата не и е гајле за женските права. Затоа и јас и ти и куп жени не сме а ФБ, затоа што ФБ е насилен кон жените со тоа што и дозволува на машката популација да биде. Друго. За објавените слики и Фросе може да бара правда, ќе добие колку оние од Јавна соба што добија. За закани, насилтва, малтретирања на социјалните мрежи. Милион пати сум рекла ПРИЈАВУВАЈТЕ оти и да не направат ништо ќе ги има во евиденција, дека против ниц е поднесена пријава. Па на втора-трета-петта пријава веќе никому нема да е сеедно. И недај Боже некогаш да направи нешто сите тие пријави ќе бидат таму. Дека бил пријавуван а ништо не се презело. А не делење правда на социјални мрежи. Така е само 2 дена сеир и ништо.
Арно немав фб едно време. Од коментарите од мажи, а и од жени не ми се живее. Грев ми е за воздухот што го делеме сите. И реално ама, сите имаме чат што може да растури нечија фамилија. А, ако си зрела единка ќе ја информираш жена му прво. Воопшто не е вкусно да ја исмева жена му и да става слики СО неа. Жената не е воопшто крива. Самата постапка не ја оправдувам ич. Се гледа дека е сељак и дека нема 2 грама совест. Се согласувам и со сосем спротивни ставови пошто во ситуацијава ни Фросина е богиња, ни мажот е невин ко капка роса.
Чудно во прв план за осудување ги ставивте пак жените тоа е Фросина а оној торкото на страна што сака нека прае машко си е машко никаде го нема ова пишано ама кога ке погледнеш е така.
Ана, ама од муабетот Фросе не е сексулано вознимирувана. И јас сум ваквите да се казнуваат, па ако треба и јавно, ама овде тоа го нема. Овде има муабет за обид за изневерување само. Он и пишал, она го продолжува муабетот. Он воопшто не ја ни напаѓа ниту пак има безлични коментари. А Фросе што прави? Поентата е да ги развде. Он е ѓубре, ама жена му што ја објавува вака јавно и ја нарекува женичка е недопустливо. И мене единствено во оваа ситуација ми е гајле само за нејзе. Трудна плус. Немам никаква емпатија кон мажот, имам кон жената. Без да даде дозвола е вмешана јавно во циркусот каде што сите им фаќаат сеир, а Фросе никаде не се бори за правата на жената и не, во ситуацијата не е нападната ниту пак има врска нешто со било какви права и положба како жена.
Фросина е крива за изнесување приватни податоци. 'Ебачон' е крив оти сексуално вознемирува жени. Едната кривица, не ја исклучува другата.