Ама Јуле, јас не зборам дали треба Фросе да одговара или не. Јас зборам за тоа што викате дека во неговото однесување немало ништо што спаѓа во sexual harassment. Тоа се 2 различни теми.
Да е жена на место, ќе сфати дека само мажот е крив за целото тоа вознемирување. @JuLleE ете погоре има што е вознемирување, @Mantub пишала. Ама кај нас нема закон, може секој да си толкува како сака. И да, имал простор да се повлече дечкото, ама упорен бил во муабетот. Тоа ако не е вознемирување, што е? Можела да го брише, блокне, тоа не значи дека немало да продолжи да пишува. Жени сте бре, еј, утре на ќерките ваши некој ќе им го прави ова. Оти да им дозволиме?
Па нема. Елементи на вознимирување нема. Разговараат двајцата. Јас ко што знам Фросе не ни спомнува дека ја сексуално вознемирувал.
Аха, значи ако нафрлиме 2-3 предлога за законски решенија во темава дали и ние ќе се рачунаме во прогресивците што придонесуваат кон позитивни промени во општеството? За другарка прашувам. Знаеш како се стига до ново законско решение? На пример да се направат првични контакти со организации кои веќе работат во областа. Да ги видиме нивните досегашни наоди, затоа што има луѓе и со децении што се во областа. Да видиме кои од присутните развојни организации имаат одвоено средства за оваа намена. Дали има тековни проекти што би можеле да се заангажираат со оваа тематика. Дали има релевантни истражувања на темата. Да се разгледа која е можноста да се прошират и надградат. Да се мобилизираат дополнителни средства и мрежа на луѓе. Да се разработи концепт на активности. Да се размислува на одредена кампања. План за медиумска покриеност. Да се остварат контакти со надлежни институции. Да се остварат контакти со пратенички групи. Да се направи преглед на слични законски решенија кои функционираат во регионот или светот. Да се направи подетална правна анализа. Во соработка со надлежното министерство да се започне пишувањето на првиот нацрт на законот. Па да се проследи истиот до сите засегнати. Да следат дискусии. Па нова верзија на нацртот. Па прво, второ читање во сообрание, па гласање. И на крај last but not least - да осигураме успешна имплементација на законот во пракса и спроведување на сите констролни механизми. Еве јас не сум правник, ова го напишав најлаички и најкратко што може, прашањето ми е што ТИ имаш направено од сето ова? Затоа што не можам а да не забележам дека изминатиов период постојано мафташ со прстот наоколу и ги набедувш сите дека се без иницијатива и желба да придонесат кон промени, во стилот „што сте направиле“ и „кога ќе решите да направите“.
Ана, далеку е ова од вознемирување. Класичен муабет за изневерување. Фросе не ни реагира дека ја вознемируваат, туку нејзе целта и е да го навлече да си признае зошто и шише за да го објави. Во друг случај доколку постои сексуално вознемирување, јас сум секако и за пријава и за објавување јавно. Овде не прочитав такво нешто. Ниту пак он е безобразен и ја навредува.
Нешто ми смрди во целава работа. Мислам, тргам од себе. Ја сум као магнет за женети типови, но никад не би испостирала нешо вакво на нет. Пошо као прво, не ни враќам коа ќе ми пишат на мреживе. За шо да се докажувам со некој што очигледно сака да е’е на страна. Ако не вратам ја, никому нишо, ќе си најде друга. Има и жени присталици, да бидеме реални. Најмногу ме иритира ставот на светава судијка кон жената на Стефан и општо сите други жени кои се во врски/бракови. Ме нервира генерализацијата и попувањето. За него неам шо да кажам освен дека е класичен пример за неиживеан човек лој влегува во брак тотално несвесен и неспремен за се’ што истиот тој брак го носи. Фроса не може да ми биде херојка, дури ми е жал зошто од продавање лажен морал спадна на нула со нудсот. Кои притоа, не се никаква монтажа.
@WildMk всушност не смее да се објави здравствена историја, ама баш никаде. Ама апла не е тоа темата.
Темата сепак е ЈАВНО ОБЈАВУВАЊЕ НА ПРИВАТНИ РАБОТИ. Не е ни мајмунот ни онаа што објавила, туку дали смееш да објавиш туѓи приватни работи.
Да е жена на место?Глупа е,малоумна ,проста женичка која Фросе треба да и каже за кого се омажила. Мажот е крив за изневерување,освен ако сама не му дала дозвола.Тоа не го знаеме. За јавно вознемирување ,користење на нејзиниот идентитет без дозвола ,потценување,исмејување е виновна Фросе.
Според мене не е океј што ги објавила сликите поради тоа што не е правило дека ако некој ти пише и дојде до ваква ситуација ти мора одма тоа да го постираш на фб или било која социјална мрежа...си има институции кои се бават со тоа и кои ќе го решат тоа (ако фросина сметала дека ја вознемирува и дека треба да се прекине тој брак требало да се обрати на друго место). Не е воопшто убаво да става слики и од жена му која нема никаква врска со скриншотот. Плус сега ги има на сите профили со забавни содржини на социјалните мрежи што е тотално невкусно, бидејќи и двајцата сигурно имаат фамилија на која сето ова може лошо да се одрази. Но, од друга страна воопшто не можам да прифатам а ни па да сфатам како го бодрат дечково и тоа што во нашата држава се прифаќа прељубата како нешто нормално....
Фросе користеше доста понижувачки муабети за сопругата на ропаков. Тука и пропадна цела работа, и ја издаде дека немала никаква добра намера со ова, туку само внимание. Ако самата се однесуваше со почит кон "кутрата, глупава женичка" тогаш ќе си речев, ете може има добри намери, ама си се издаде.
Да превоспитувам 30-ни мажиња никако. Ова не е менталитет и проблем на цело општество како што се претставува овде, туку изолирани поединци кои не знаат што сакаат со животот. Не е секој створен за брак, ама ете тоа е друга тема. Другиве што ви пречат, ве малтретираат и вознемируваат повеќето се најверојатно тинејџери кои исто не знаат што со себе на интернет и те како се свесни дека нема ништо да добијат, ама ајде ќе реметиме тетки на интернет. Ако ги превоспитате, прва ќе ви честитам
Вистинското прашање е? Настрана нејзината постапка. Дали би било во ред, да се ставаат јавно слики од вас, вашиот сопруг на дневна тема, низ цела МК, со цел туѓа придобивка за нешто? Слики од свадба, слики од вашиот лик? Ставете се во кожа на оштетената и размислете дали е убаво моментално цела држава да зборува за вас. Колку и да сметате дека можете да се носите со таа ,,фама", сепак е притисок. Алал ви вера, на повеќето што би го издржале сето ова. Јас не би, навистина не би знаела што ќе правам, ама сигурно нема да ми биде сеедно. Телефонот ќе ми биде жешка линија, што роднини, што пријатели, што непознати. Постот на Фросина е ефект на пеперутката. Можеби самиот пост нема да ја повреди толку, но хаосот што се создава како последица, ќе и се мавне како ураган. Мене не ме интересира дали се работи за жена или маж. Постојат жени идиоти, постојат мажи идиоти. Но, да генерализирам дека едниот пол е поарен од другиот, нема. Во случајов, барем јас конкретно говорам за дело, навистина не ме интересира каков полов орган е носител на дејството. Стојам зад својот став дека јавното објавување на туѓи идентитети, ако немаш дозвола, не е во ред. А за изневерувањето на сопругот, јас можам да судам до сабајле. Ако на сопругата и е сеедно, тогаш што?! Нејзин живот.
Крив е само мажот е греота е за жена му да ама покрај кривото горе и суровото дрво така да тражиле сте гледајте е работава
Колку сте изнапишувале... Нема потреба да се преувеличува, ѝ пишал здраво, сакам да се запознаеме, од кога е тоа форма на сексуално вознемирување? Сељачки и кретенски е начинот на кој пишува, ама не е напад. И не, ако мислиме дека не е океј да се мешаш во туѓи брачни неверства, не значи дека мислиме и дека е океј да се заобиколува и замижува пред насилства и силувања - корелација што ја прочитав на претходните страни.Различни работи се, едното е во област на морал, друго во област на кривично дело и загрозување на туѓа безбедност. Туку дајте да видам што пишувала друго женава, така ко да прочитав по постови.
А кој туѓи приватни работи ги објавила? Типот и пишува нејзе така да зошто д а нема право да објави разговор во кој едната страна е самата таа, друго неговите слики се јавно објавени веќе на фб. Зошто да нема Фросе право да објави нејзин разговор со коментар на истиот, никакви приватно слики и податоци нема. Сликите тој самиот си ги ставил јавни, па и од истиот профил пишувА.
Типична attention whore која си заслужува казна бидејќи целта очигледно и била да се прослави без да размисли каква штета прави на девојката. Сигурно само неа и пишуваат зафатени мажи, да имала повеќе памет ќе го искористела на поинаков начин. Јас не разбирам и како размислувате вие што ја браните.. Едит: Што го направивте пишувањето како некој дома да ви влегол и ви се заканил. Постои опција да не отворите порака од некој што го немате на фејсбук, па и да блокирате.
Јас Ви велам, кога има вака некој што пристапува, било машко било женско, дајте му грев е да одбивате некој/а Мислам нема потреба од вакви сценарија, скриншотови, пораки слики објавување. Кажи ми звоне 'Маја Нокти' или 'Миле Механичар' , оди заврши го задоволството, и ни лук јал ни лук мирисал Стварно дечки ова нема смисла Џабе глумење светици и светци со тоа ставањето икони на кав'р, кога сите горите внатре, како трајно жарче Не е во ред објавување лични слики и разговори, затоа одите и празнете ги хормоните
За последната реченича, Фросето го прашала "Ти се ебе, а?". Ситуацијава - он и се пушта, она му се мрести. #НекаСеУдават