Точно така, од жена беше коментарот. Се помислив дали да го кријам името воопшто но го скрив, иако беше на јавна страна.
Овој случај ќе заврши овака: - Фросе ќе јаде кривична и ќе плати оштета. - Жената ќе остане жигосана од јавноста дека е загреота. - Тој ќе остане не казнет иако е крив. Сето чудо ќе се заборави за 3 дена и повеќето нема ни да се сеќаваат на ова. Последиците ќе ги трпи таа, нејзиното неродено дете и блиските. А тој... Тој ќе си продолжи и понатаму да си шврља ако останат во брак. Наравучение: Ако сакаш некому да му помогнеш, помогни му на вистинскиот начин а не да газиш преку него за да стигнеш до лична слава и внимание. Некому може да му отвориш очи, а негово е што понатаму ќе одлучи.
Сама си барала муабет со Стефан и точкаааааааа. Да не барала МУАБЕТ! немало воопшто да му врати и другааааа точкаааааа. 200%
Зошто жената да биде жигосана? Мој сопруг да е јас ќе и речам фала што си го објавила каква свиња е нека го знае цел град и неговите и цела македонија, а јас со крената глава ќе си се разведам.
Затоа што гледам дека поднеле заедничка тужба кон неа. Значи не планира да го остава, напротив. А од друга страна и јавно е исмеана од Фросина, која нема намера да и помогне, туку да ја оцрни.
Многу сељачки од нејзина страна. Ова е исто кога машко ќе објави гола слика од некоја што му пратила. Мислам хаос
Претрпен стрес, нарушен углед Битно женава не го тужи него за стресот, Фроска и' е крива Озбилно вакви има. Ама се' е под тепих. Жалосно.
Она црвеното е масажа ми се чини Ова е негде во закон имплементирано? И во пракса како е спроведено и санционирано? Многу лончиња измешавте, не можам крај да фатам. Ај да го видам новиот вовед во темата, на што уште може да се осврнеме.
Исто е. И тоа баш така како што ти едначиш "здраво, да се запознаеме" со силување и сама си го барала муабети.
За кривично да ја гонат основ нема, евентуално навреда ама и тоа е спорно од еден пост, за парница може да одат, со тоа што едно рочиште е минимум 100 евра ама стварно мислам дека не се исплати
И не е дека измислува, па ај за клевета. Тој буквално одговара со ДА на прашањето "ти се ебе?" Со среќа нека им е, да видам кој ќе пресуди во нивна корист, кога гомново само се компромитира, башка што сликите му се буквално јавни. Можеме да дебатираме колку е морално неисправно што ги залепи сликите од жената (не е во ред), ама дека ќе добијат на суд... баш да видиме.
Како не може да разберете дека е исто? Исто е како јавна соба, кајшто некој руга девојки ни криви ни дужни. Исто е како тинејџерското малтретирање на девојчето од бившиот и ,,другарите,, кајшто на лично ниво, се дебатира некоја особа со име/презиме/фотка. Исто е, не заради дали е жена му ваква или онаква, дали треба или не треба да знае, дали треба или не треба да го остави...туку затоа што жена му не треба да ја има ни со слика, ни со име. Нема веќе гемиџии, делачи на правда од своја рака, сега терористи ги викаат, иако ние интимно знаеме дека имале добри и возвишени цели. На крајот на денот ќе има пак две жени за жртви, оти таа првата (гемиџијата) не можела да го исклучи импулсот и да го уклучи мозокот. Што уствари сакала да постигне и што постигнала?
Ја не знам тој Стефан со кој образ ќе се појави на суд, што тужи он... Како ќе ги гледа сите луѓе таму во лице кога знаат што пишувал. Ми се ебе, нема везе што сум женет, ти го имам тебе меракот, не ми филозофирај жена ми филозофски има завршено... Јаден ли си идиоту еден....