Дај жити се сконцентрирај се на пишаното, што ти е? Истото го зборам, аман, цел ден ќе се ловиме ко глупавиот и поглупавиот.
Како не. Уште не сфатија луѓево дека онлајн приватност не постои. Инаку, не е ок, ама дека некој ќе ја тужи и ќе добие, мало морген. Тоа ко да и кажеш на другарка ти тајна и да ја тужиш ако те прекаже.
@Bridget нека го тргне Рејн ако смета дека нарушува некое правило. Постот е јавен, виден и шернат над 100 пати, уште од вчера. Јас денес дознав и тука го ставив. Кога отворив денес фб цел ми е преплавен со ова. И искрено не знам до кога може да се тера тој менталитет eheh toj masko e dasi proba, a taa ako nejke da go blokira treba eheheh. Ова е секојдневие, стотици девојки добиваат вакви пораки и мене ми е одвратно. И мене лично ми се случило оженет тип кој чека дете со друга да ме смара, а верувам дека и на многу други од жениве тука. Смачено ми е да добиваат free pass само затоа што се мажи и ова да се смета за нормално, додека женско може да си го однесе оти става слика по сукња. Трпиме секакво малтретирање, епа некому ќе му пукне филм. Праќаат dick picks неповикани, вршат сексуално вознемирување на секој чекор, лупнати богородици на фејсбук а ваму жиг кон секоја жена за која ќе се слушне некој "скандал". И нема зошто да е страшно ова за сопругата, жената апсолутно никако не е виновна. Ниту пак гледам некој шејминг неа да и прави. Баш напротив, сакам да ја добие сета поддршка дека не е ништо виновна, дека не треба до неа да допираат малограѓански муабети дека маш е го личи, дека можеби таа не се остварила како сопруга и слично. Затоа што ако не се збори за ова се држи таа константа каде ние сме вечно виновни. Недобри сопруги, таму ни е местото, не не личи и уште милион други примери кои верувам дека и ти како жена си ги осетила. Ако ме чита девојчето сакам да знае дека нема ниту ништо срамно ниту ништо страшно на нејзината углед и чест. Сакам да се дига глас и да се нормализира застанувањето зад една изневерена жена, наместо да тераме муабети од 19 век. Смачено ми е луѓе од вакви како овој, навистина ви викам. А ги има со лопата да ги ринеш. Пак ќе повторам, еве ќе ја тагнам и @RainBow ако мисли дека треба да се избрише мислењето. Ова е јавен пост, не е лично мој, па може убава дебата да се отоври дали треба или не ваквите сељаци славни да ги правиме.
Никој не му го оправда однесувањето на типот. Ама неговата неверност, не ја оправдува госпожа да објавува туѓи приватни работи.
Кој е малтретиран по пораки лични може слободно да си пријави, блокира, си постојат копчиња за тоа, ако е над граници тогаш и полиција нека вмеша, ако мисли дека полицијата ништо не превзема, нека постира закани јавно и нека бара поддршка и помош. Ќе шеруваме, ќе кренеме иницијатива, ќе се помогне. Ова закана е? Малтретирање е? Здраво, сакам да се запознаеме, многу си убава. Па и -се палам на тебе да ти напише, откачи го ако не ти одговара и крај. Може пак има жени што сакаат секс муабети, ти ако не сакаш не значи дека сите не сакаат. Прати ги пораките на жена му ако мислиш дека треба. За ова нема оправдување. Сум добивала и јас, веднаш блокирам и крај. Ниту ме интересира дали е женет, слободен, дали има или нема деца, дали треба да е верен на сопругата или не, пошто не сум во потрага по нови познанства или секс. И толку. Подалеку од тоа никогаш не отишло.
Кејт молим те, ти ко да не живееш у Македоња па не знаеш каква виктимизација се дешава, и еб*н и тепан увек е. Вакви работи не се решаваат со паблик постови на социјални мрежи, има поефикасни начини. Ете на машки домаќински муабети се вадат скринови како Фросе праќала голи слики и разни други гнусни работи , на крај и крива ќе испадне.
И јас се согласувам дека жената требало да ја нема на постираните слики ,можела да ги отсече Значи стварно има преголемо лицемерие меѓу луѓево и се глуми среќни во брак ,а им се смее на оние што се сингл , а мажињава стварно не ја сфаќаат сериозно институцијата брак Јас не знам што жени имаат или ги знаат какви се па глумат во јавноста среќни , или пак глупи се и не ги знаат Јас не би објавила лично онака јавно туку дирекно би и пратила на жена му за да после ми рече дека сум го испровоцирала со нешто ,дека јас му се пуштам и светецот не можел да одоли да ми пише ха ха ха
ти не си фесбук инфлуенсерка погледав, портали полни со претходни статуси од девојкава, очигледно смета дека и е инфлуенсерска дужност да дели фејбук правда. Итно ни е потребна едукација за користење на социјални мрежи, доста споделувавме статуси од секого за сешто, како бабите што делат ментол бомбомчиња
Чек, има таква група? Мора да си машко за да влезеш во групата така? Примате такви со заеднички профили?
Не треба да и' срам туку едноставно сигурно и' е глупо бракот наеднаш да и' е exposed и пред тие што треба и пред тие што не треба, а да не ги заборавам и коментарите со потсмев кои би ги добила од луѓе на кои ич не треба да им е гајле за туѓ живот.Сигурно не е пријатно да се разбудиш и видиш дека некоја те ставила на фејсбук со појаснување дека маж ти им пишува на рандом жени.
Така да, на сопругата ни крива ни должна, неа нешто и фали. Штом овој вака се понаша изгледа она глупа е или глуми.
Не знам Џули не сум админ, сега ми излезе на почетна баш у контекст на муабетиве па морав да споделам. Стоп за заеднички профили!
Какви коментари имаше за оваа Фросина, брак им растурала, зашто па она му вратила, некој и голи слики и чет со нејзе извади (ако не е само фотошоп) на крај испаѓа она кривата, овој цар а жена му ја жалат (што не верувам дека не знаела што сорта е маж и), тоа е се што треба да знаете за македонскиот менталитет.
Зборував општо , не за неа , не требаше она да биде на сликите јавно постирана , а инаку се повеќе и повеќе гледам дека глумат во бракот луѓево Значи ова е вистина , вистината знае да боли ,мене ми е жал што постојат луѓе што сакаат да ги лажеш оттколку вистината да им ја кажеш бидејки не можат со тоа да се носат
Ете, гледате! Шо напрај со ова? Ги оправда другите за нејзе да објавуваат. Затоа не смее да се објавува туѓа приватност, оти истото и вам може да ви го прават.