Тоа јас не знам, не ме ни интересира. Можеби и си имаат одреден договор со сопругата, не е моја работа. Ама не е во ред да се прават споредби со силувања, ако не за друго, барем од малку почит кон жртвите. Не е фер да едначиш таква ситуација со порака "да се запознаеме".
А виде некој да рече ок е што ја објавила жена му? Ако виде посочи ми. За него, ме заболе курот. Оти мотивот е важен. Ваљда знаеме. И не релативизирајте. Ова нема ни допирна точка со јавна соба.
Толку е интересно да извртуваш зборови? Каква и да е жена му, нема никаква врска со неа и не е во ред тоа што го објавила јавно, цела Мк да гледа. Реалноста е таа што секогаш ќе има вакви мажи, кои не ги оправдувам во никој случај, ама не е мое ниту на некоја Фросина да ги разведува на ваков начин. Ама мое е да не враќам и блокирам доколку некој ме вознемирува или да пријавам можеби
Не ми е и мене јасно со кое лице тој ќе тужи за нанесување душевна болка, ај жена му да тужи сама, ќе сфатам, иако не знам дали таа има основ за тужење кога не се нејзини пораки споделени, од мажот и се, туку што ќе тужи тој, сакав да најдам швалерка и ме заболе дали жена ми трудна ќе се нервира ако дознае, ама потенцијалната швалерката ќе ја тужи тој за нанесување болка, мајко мила
Абе ајде. Стварно, се' е ова наивен и невин муабет. Ништо нема друго. Не постои "сама си го барала". Да му пишела таа прво, со цел да го предизвика, пеки. Буквално 5 пати му повторува дека нема потреба да се запознаат, не сака да му даде број, не сака да "се дружат" затоа што е женет, на крај и му плеска дека е мочко, а тој упорно прашува ама сакаш лииииии. Не, нема ништо спорно. Женски, бришете, блокирајте, пазете што облакате, пазете како одите, да не ве разбере некој погрешно. Од исто место потекнува се' ова.
Замисли, замисли....само за момент Дека никој не може на никого да го разведе освен самите сопружници, во случајов факманов
А не е дека ни пари бара па да е уцена...мислам стварно не знам од кај дојде мизерноно порталче до информација дека ќе тужеле, работава ем шуто ем боде, се надевам дека ова ќе им биде за памет на напаленине манијаци пред да пишат, а овој дека жена нема да види во животот.
Тогаш зошто ја подржуваат Фроска ако не е во ред што ја објавила жена му? Како од една страна не е во ред што ја објавила,од друга страна браво бе Фроске што го разоткри типов,мамичето нивно машко! Зар не гледате дека се работи за фрустрации од машки пол. Немала право да тужи,жена му? Да ја шернува цел Фејсбук,да ја омаловажува со тоа дека е глупа женичка и вие сметате дека нема основ? Абе ајде. Мизерен е потегот на Фросе,а уште помизерно е лицемерието што од една страна страна ќе ги браниме жените ,а од друга не се брани жената што е јавно објавена од страна на Фросе. Дали било неверство,дали му било дозволено типот да четува,дали го навлекла Фросе ко млад мајмун у муабетот,е небитно. Таа немала право да ја објавува жена му . Крај!
Ама НЕГО имала. Тој и жена му не се една личност. За жена му не е во право, за него е. Јас озбилно следен ќе лепнам вака, без слики од жената. Тројца се во приказнава, и Фроска е жртва, што има он да ја замара?
Добро, ако велиш така. Како не е исто? Се е тоа нарушување на приватност. There are four main types of invasion of privacy, all of which can lead to a civil lawsuit. These include (1) intrusion of solitude, (2) appropriation of name or likeness, (3) public disclosure of private facts, and (4) false light. Како и во кој закон е важен мотивот? И што е мотивот? Ќе ги запре неверстава во светот или ќе го сруши бракот како институција, пошто ете, не функционира? Кај е моментот на girl power за да се воодушевам? Стара сум, не догледувам
А на сопругата и пречи што не ја заматила на сликите? Пошо тие што го знаат него, ќе знаат и која му е сопруга, а тие што не го знаат лично, ете ја видовме жена му на сликите, ама кога не ја знаеме, ништо не значи. Сакам да кажам, за да биде поштедена таа од јавно коментирање, не требаше ич да ги сподели сликите Фросина, не со заматен лик туку ич. Или пак да ги споделеше ама и неговото име сокриено. Инаку исто е.
А што и се случи на "жртвата" што сама си го барала? И има напишано дека доколку не сака, не мора, таа самата упорно го продолжува разговорот.
Та и Стефан и Фроска исто ѓубре ми се. На крајот на краиштата постои опција репорт. За женчево греота ми е, што ја објави и неа јавно. А дека сакаше да и ги отвора очите Фросина чисто се сомневам. Али 5 дена славна ќе биде.
Многу е важен мотивот, за секое дело Толку барем од право знаеме, нели? Никако, ама никако нема да добие на ни еден суд типов, од причина што не е дека Фроска налетала на негови муабети па ги објавила, туку е негов свесен потег муабетот, во кој и таа учествува. Споредба со слики не е на место, пошто многу просто, тоа се смета за порнографија, исто како што не е исто дали ќе споделиш слика од рандом гола цура или рандом голо дете, нели. Судот нема никако исто да гледа, ако на двете е гол човек. Во однос на мотив, рандом слободен дечко да ми пише, мене лично нема да ме вознемири и нема да се изнервирам. Маж кој буквално со жена му има профилна, или му стои оженет, (ќе) ме извади од контакт. Тука изигравам морален судија, јебига. Сите судиме по свој морален компас. За мене доволен мотив е него да го брукаме, зашто да не. Мотивите други на Фросе не ме занимаат, еве јас ти кажувам зашто јас лично следно така ќе постапам. Не ми е гајле ни за бракови, ни за бутур, сакам да посрамам вакви малокурести створења.