А ако ти е жал за сопругата зошто ја нарекуваш "женчево"? Деградирачки збор за човек што ништо не згрешил. Упорно се пишува дека нема таа што да се срами од постапките на мажот и.
Еве еден типичен пример. Имав оглас на фб, продавав нешто. Му одговорив дека е продадено. На што следи -Како си? Што исход очекував, доколку му одговорев. Ене го седи на игнор. Ништо од ова немаше да се случи, доколку не му вратеше ништо. Ниту она ќе се замара со него, ниту ништо. Сега и Фросина ја ругаат, и жената и мажот. Сите се губитници во ситуацијава, освен гладниот народ со желба за скандал.
Всушност, после нејзиното "не мора" тој упорно продолжува Оти БАРА од неа одговор, МОРА да му даде. Таквото понашање од маж, мое е да си побарам, ти одговори ми, живцира. Мажов дома ако не разбира од прва ќе ме изнервира, не па дебил како овој.
Па не го користам никогаш во тој контекст. Со другарка женче се викаме, без никаква лоша намера. И фала богу дека не треба да се срами, ама не знам колку ќе остане рамнодушна ако прочита кој што сѐ пишува.
Тогаш кога и жените ќе почнат вака да смараат, може да кажеме дека е излишно. Се' додека ова однесување е резервирано за дебили, што си земаат за слобода вака да се однесуваат, само затоа што се мажи и им се може, е проблем. Зашто е на тебе одговорноста да блокираш, игнорираш? Зошто воопшто треба да се браниме? И од пораки, и од кеткалинг итн?
Па и јас тоа велам. Ако напишеш "женчево" нема да и помогнеш. Делува ко збор за некоја смотана. А нели цело време викаме нема од што таа да се срами. Па ако нејќеме да се срами, нема што да ја нарекуваме со деминутифчиња
Ама неверство не е прекршување на закон. Нарушување на приватноста некаде е. Дали и во мк, не знам. Ако за нешто друго зборите не можам да разберам.
Јас освен поддршка за неа, не видов било кој да и' се сити. Нема за што да се срами таа. Негов си е срамот. Прво срам пред очи да и' се појави на неа, а после пред сите останати.
@CameliaMiller Каме да те прашам нешто ама право да ми кажиш Да ти пишеше некој копук ко на Фроси- Ќе го водеше разговорот како нејзе? И дали ќе го објавеше така јавно целиот разговор? Искрено и конкретно сакам да кажиш
Епа нема нарушување на приватност, затоа што не му "украла" слики и сл. Јасно си е дека се' што ти е на фејс е од јавен карактер, ПОСЕБНО кога сама бираш да е од јавен карактер. Исклучок се слики со голотија, оти се третираат како порнографија. Овдека е само слат шејминг, ништо страшно, нон стоп према жени го гледаме Изиграваме морални судии, нема основа тој да тужи за нарушена "приватност". А жената, можеби таа би имала шанса, АМА, ни нејзините слики не се украдени, маж и' јавно ги споделува. Ако некој тужи за приватност нарушена, пак него треба што јавно ставал слики со неа. Башка што никаде не е објавено нејзино име. Така што, "нарушување на приватност" во конкретниов случај не постои, си играме морални судии, јебига, само обични луѓе сме.
До сега не, реков од сега да. Само не би ја вмешувала жена му никако. Ни со слики, ни со име, ни со коментари.
Ако не да се забранат социјалните мрежи за да си бидете на раат, м? Да го искорениме ова зло. Само Ердоган за вас.
Не паѓам од никаде, туку изгледа ти не можеш да преминеш некои (општествени) бариери. Покажи ми каде во овие две мислења, и другите почнувајќи од првото цитирање, имаш употребно сарказам кој се однесува на ситуацијата а да е поврзан со општествен морал во Македнија, т.е. мислењето на комшиите? Кога напиша дека жената е направена будала од мажот? Дека е виновна, покажувана со прст? Или кога не сфати дека темава не е неверство, јас не пишав ништо за неверство, а сепак сум ти ги "извртела зборовите"? Те молам... Нема да коментирам за поредната глупава компарација со другите држави во однос на менталитет и број на жители, јер како што кажа- очигледно нема поента зошто да дискутирам со тебе на темава понатаму. Ќе треба да се спуштам на "падната од Марс" ниво во тој случај.
Сум потрошила, но никогаш не сум објавила, реков, штета што не чувам, а и што одамна не користам фејс активно. Сега отворив да видам дали имам месиџ риквест, и од приложеното понапред, имам 4-5. Следниот... ќе се забавуваме
Не го чувствувам како одговорност, едноставно не ми се прави маубет со непознати. И да бев сингл, немаше да вратам, не ми прави разлика. Секој има право да пише што сака, никакво кривично дело не е ,,како си". Но правецот на дискусија ќе биде обострана одговорност. И жена да ми пишела, а не ја знам, нема да вратам. Тоа е исто на пример, седам со друштво, некој не ме ќефа, не му ни зборам.
Злото не потекнува од самите социјални мрежи, туку од злоупотреба на истите. А сведоци сме дека голем процент од корисниците ги злоупотребуваат. Грото мажи вака ко тебе мислат... па после плукаат по жените што се дрзнуваат јавно да објават вакво нешто. Оти егото ви е повредено. Баш ме интересира, ако жена му беше на некој начин тргната од сликата (која самиот ја ставил, значи јавна е), дали ќе ја поддржевте Фросина, или пак ќе плукавте по неа?
Фросе не е жртва. Фросе да има два грама памет треба јавно да и се извини на неговата сопруга што ја направи позната како сопруга на тип кој се допишувал со неа. Самиот потег со објавување нечии приватни пораки е беден. И за НЕГО и за секого. Секогаш има попаметен начин да го решиш проблемот. Ти би сакала да бидеш објавувана,споделувана,коментирана јавно,ни крива ни должна, затоа што твојот партнер имал експлицитни разговори ?! На моја ќерка, ова да и се случи,не тужба,има мајчино млеко да проплаче.