Не е ваљда дека не разбираш што е нарушување на приватност? Се што е на ФБ е од јавен карактер? Ок, имам слика на ФБ да речеме. И утре некој ја зема мојата слика и вели Биља (име и презиме), мажена за овој од онаму(понатамошно откривање на лични податоци) , е гнасна ххх... Мажот и кутар... Оу бејби, и тоа како може да тужам. Тоа што моето име е негде јавно не значи дека е отворено за разноразни манипулации со моите податоци и нарушувања на мојата приватност. Имаше еден случај, со педофил. Оштетените рекоа, да заврши процесот, на сите ќе го кажеме, сегде ќе го објавиме. Не мислам баш дека го објавија, размисли зошто. И не, не е заради тоа што некој поддржува педофилија или не треба истата да биде најстрого казнета. Не постои доволно строга казна за такви ама ете, не можеме да ги убиеме на плоштад.
Јас апсолутно ќе ја поддржев. Ова мене ми личи баш како кон жена му да е наменето, демек види глупа колку си пошто во постот ја има сто пати спомнато, а и во коментарите и се потсмева. Дно дна! И ве молам да не ми реплицирате со глупавото прашање: ако на стефан не му е гајле за жена му, зошто на фросе да му е? оти ќе се отрујам
Се што е воопшто ставено на интернет е од јавен карактер. Чинам дека и твоите слики од телефонот, автоматски на сервер се зачувани и може оттаму да бидат преземени од секој кој има пристап до тој сервер.
Уф, не ме чепкај у ГДПР молим те... Не, не се. И пак не се разбираме. Не го бранам скотот. Ги бранам иљадниците девојчиња на кои може да им се случи или им се случува истото, со нивни слики и податоци, кои нели, тие ,,ги постирале јавно,,. Да, се е тоа онолку јавно колку што тие дозволиле. Ама кога утре нивното име, со фото и резиме ќе биде негде ставено на тапет, на некој фб ѕид, плакат на плоштад, тајна соба, со други зборови на увид на публика со цел да бидат избрукани, омаловажени или на било кој начин компромитирани, имаат право да тужат. Или треба да го имаат тоа право. Ме заболе мене за некој пилиштар неизживеан искрено, ама ете, некое добро во сиот бесцелен сеир- девојки, жени, по истиот основ и вие може да тужите.
Повеќе од очигледно е дека типкава со умисла почнала да го води разговорот така, и моментално ја ужива славава и троловиве, зошто цело време ми вртат нејзини објави. Трол објави. Што за жена му, што за тоа колку е она препаметница и јачина. Ако и беше намерата само тоа оќе, нека заврши фамава. Ама она упорно постира тролови. Многу јадно.
Јас не зазедов страна, нема потреба, постапката, начинот и тоа што го објавила е за најголема осуда, затоа што кога се отвораат кориснички профили треба сите да знаат барем основни правила, обврски и услови за користење, а кај нас освен едукација, многу фали и бон-тон и како сите се однесуваат на нив. Ако може надвор на улица да се културни, може и онлајн, само што некои ги користат мрежите наместо рекреација и како издувен вентил, да пониживаат и таргетираат. Околу неверникот и неговата ситуација исто така нема што да заземам страна. Можеби ве погоди како сопруги но колку што знам неверство и обид за неверство не е кривично или прекршочно дело, иако тука сите се напаливте за да ги ставате неверните во ред, искрено се чудам како мислите да го изведете ова, можеби треба да се упатите при управа на МПЦ, други кои би биле надлежни околу ова, не знам. Еве не сум маж, ама неверни имало, има и ќе има секаде на Земјината топка и машки и женски. Не е лесно само за изневерените страни, уште помалку кога се дознава вака јавно. Пишувајте подршка колку сакате, пишав уште на почетокот, најмалку е проблем срамот кој и дали ќе зборува, едноставно кога те боли некогаш сакаш да се скриеш, не сакаш сѐ да споделуваш и знаеш дека кога-тогаш ќе помине, во случајов жена му на Стефан ќе ја нема таа опција.
Не е тоа злоупотреба на социјалните мрежи туку употреба во рамки на тоа за што се креирани и што им дозволуваат креаторите. Регулација на таквата употреба е возможна, ама не е од интерес на креаторите. Значи, ако ним им одговара така да се употребуваат социјалните мрежи - нема злоупотреба. Во тој случај не се криви наводните злоупотребувачи туку вината е на мрежата, т.е. на креаторите и администраторите на таа мрежа. The social dilemma со таа тематика се бави, и јас по @Biljarkata да почнам да го спомнувам.
Го читам постот на девојката и си мислам: Ако мразиш некој за 5 минути можеш да направиш монтажа за разговор и како девојкава јавно да го објавиш и да му направиш 1000 проблеми!
До некни ги пљукавте оние кои ги злоупотребиле сликите на девојчиња/жени од нет, па ги оцрнувале, па ги препраќале и незнам уште што. Најдете ја темата и препрочитајте што сте пишувале. Дури имаше постови: и гола да ае сликам не смее никој моја слика да злоупотреби за билокакви цели. Сега обратно ... ФросЕ од каде тоа право да постира туѓа слика со текст со таква содржина??
Ја имав одамна ваква ситуација му пишав да не ме замара у спротивно кај жена му ке оде разговорот и пак таа сакаш ли да се видиме него блок а сликата кај жена му жена му ми пиша фала шо ми пиша значи тоа праве коа дреме на комјутерот а лаже играл игри нека си вадат очи
Луѓе, една омажена женичка имаше објавено статус во одбрана на мажов што се швалерисуваше со содржина : што има мене некоја како Фросина да ми го уништува угледот мене и на мојата фамилија, само заради тоа што мојот сопруг пишува на други жени (?!) Како демек ова не било причина за ,,уништување " семејство.. Можеби тоа што таа ја објави и жената не беше во ред, не беше во ред ни тоа што всушност во постот ја опишуваше неговата сопруга како ,, глупава". НО, да бидеме реални, 99% од коментарите беа насочени кон Фросина, не се најде некој да го осуди Стефан (ако се викаше вака ) за постапката. Па дури и објавуваа монтирани слики нејзини само да докажат дека и таа ,,си била мераклика". Возрасна жена, не знам што гледаат тука чудно да има партнер. Аман. Па уште фрчат слики со поддршка за Стефан? Поддршка за што? Зошто никој не и даде поддршка на неговата сопруга? Настрана гестот на Фросина, значи НЕ ми се допаѓа тоа што ја објавила и неговата сопруга, но уште помалце ми се допаѓа тоа што во секоја ситуација успеаја да го величат него, а коментарите за Фросина беа од типот дека и таа си сакала, ваква онаква, се правела светица. Типична македонска реченица ,, и таа си го барала". Страшно.
Па исто кажувам. Сликите ниту се "украдени", ниту е напишано нешто спротивно од тоа што "оштетениот" сам кажува. Буквално не му е нарушена приватност.
а маж ми па да земеш да го отепаш е некогаш ке земе он си пишува со нив и коа ке му досаде ке му каже оти е мажот и одма ги снемува
Едно не ми е јасно. Каде гледаат луѓево кога бираат животен сопатник.... И не трескајте глупости дека е монтажа. Дали е монтажа може многу брзо да се провери. Да беше монтажа одамна ќе беше побиен постот од спротивната страна. Доволно е само господинот или девојката да отворат инбокс. Жално е за детето кое ќе се роди. Да се прашував јас или да беше ова случка во поасална држава детето ќе беше одземено од првиот ден штом ќе се роди.
Не сите знаат со какви (не)луѓе имаат работа пред да стапат во брак. Обично роговите подоцна се покажуваат. Барем јас, сигурно не би стапила во брак со некој што ме изневерил дури сме биле во врска.