Изгледа не се разбираме. Реков никаде не го оправдувам тоа што пишувал. Но ниту нејзиниот начин не ми се допаѓа. Па и уште закани, ќе те разведам, ја знам жена ти и сл. Да убаво е да знаеш доколку некој ти набива рогови и да си решиш што во животот понатаму ама не и до толку јавно да биде понижена. НО во случајов не се направи никаква услуга на жена му. Сигурно на неа сега и е најтешко. Не би сакал да бидам во нејзина ситуација никогаш и да ги преживува овие случки во 7 месец од бременоста. На сите што ја дознаа случката им е жал за жената а тоа е најлошото, кого некој те сожалува.
Ако има дијагноза има место и за нив. Не делува на некоја со растројство ама ќе покаже времето. Ова уште повеќе ќе фрли сомнеж дека била свесна дека нема да одговара и си направила 5 мин слава. Можеби пак стварно е за лечење, непознати се сите за мене.
Зашто би заштитила такво говедо? И кај виде дека жена му ќе ја објавувам/коментирам итн.? Јас не сум Фроска, не можам да зборам во нејзино име. Во свое можам.
Ама баш бидејќи живееме во банана држава го пишувам ова. Свесна сум каде сме, што сме и кои сме. Поради тоа рекив не го оправдувам што пишал, но ниту јавното објавување. Народот ни е сеирџиски. Жена му исто стана предмет за исмевање. Детето уште неродено сите во уста го земаат. Доколку и се обратеше директно на жена му тиа е цеќе друг муабет. Ама моите размислувања се дека трудниците се навистина во блажена состојба и така треба да ја поминат бременост. Да објавеше во друга ситуација може немаше ниту да ме допре ама во оваа мислам дека згреши. Несакам да помислам на стресот кој го прежувува тоа невино суштество и какви се последици може да има. Ама за тоа требало да мисли тој што објавува. Толку ја возвишиа како незнам што да направила. А што доколку се случи нешто со бебето, нема ли да ја гризе совест? Ете маж и веќе бил без совест и направил што направил, и не е за простување и за верување, доволно тој и наштетил но со сите коментари и ние наштетуваме.
Значи жените само доброто воспитание ги спречува да смараат?! Ај да не одиме офтопик, само ми падна во очи бидејќи ми е уште свежа дискусијата. Позз
Spoiler Ги видов само првите мислења, не можам цела тема да ја читам, и бај д уеј еве ви ја истата таа Фросина. Не знам на кој начин али битно поврзана со жута штампа од најнизок калибар, и со очигледно страшно контрадикторен речник и ставови ако глеаме од феминистичка гледна точка. Типот е тешко сељачиште и најмногу виновен во ситуацијата, секако дека никој нормален не би го бранел дека таа му го растурила бракот и слично, ама дајте ве молам не гледајте сè толку црно бело, смешно е ваква особа да прогласуваме за некаква феминистичка икона. За дотичната Фросина ова е јака сензационална приказна што ја стави во центар на внимание, ене ја два дена се бустаат со селебрити и не толку селебрити другар(к)и, репостира мемиња за неа како хероина и како сите ќе се плашеле да ѝ пишат сега, следи и лепи твитови што се пишува за неа. Сето тоа без ни најмалку осет и промисленост кон жената за која наводно го направила ова, не само што можела (и требало) приватно да ѝ се обрати, туку и во самиот текст пристапот кон неа е lowkey потценувачки и со victim blaming. Да, не е баш дека треба да си продолжиш да „го глеаш својот двор“ ако ти се пушта зафатен и јес да е благородна опција да ѝ ги отвориш очите на жена му, ама објавување со идентитет сосе слика на која е и самата таа, јавно пред факинг цела држава - е скроз друга ствар. Јас не можам да се замислам во нејзина ситуација како би се чувствувала, и не е само до државата и менталитетот што би ги обвинил жените, едноставно тоа е личен, семеен удар и предавство за којшто ретко кој би сакал вака да биде на тапет како обична нејавна личност. Дефинитивно најпатетична актуелна тема што избувнала на социјалниве мрежи у последно време...
А мислиш дека неговата сопруга нема никаква вина? Секако дека има, незнам дали со врзани очи и затнати уши го земала. А гледам по сликите прво останала у друго стање па после влегле во брачни води. Се ми е јасно со тоа колку им сече и на двајцата. Далеку од паметна е и таа. Деца се раѓаат и прават после брак. Е баш поради вакви причини. Подобро да се спречи а не да се лечи.
Витали, џабе ни е да ти објаснуваме, животот ќе те научи колку ти се погрешни некои размислувања. Ај, ти препишувам на младелачка незрелост
Значи направивте филмови за жена му каква била што била, можеби го изневерувала и она, свесно го зела, глупа била и што уште не, ај оладете малку со неа. Не знаете од која причина го зела и не, воопшто во ситуацијава (знаејќи ги фактите, не врз база на претпоставки) не е виновна. Ваков кретен неретко сретнуваме по социјални мрежи и надвор во кафичи, и мене ми имаше пишано еден тазе оженет па само на seen го оставив и гледам после ме избришал. Сум имала и други случки ама ајде небитно, мило ми е што го добил тоа што го заслужува, што му е залепена етикетата и што сељачизмот цела Македонија му го разбра. Ама на погрешен начин за жал. Јасно ни е на сите каква е Фросина, се гледа дека сака да се претстави како некоја силна жена, интелектуалка, го понижува машкиот па и женскиот род, некоја посебна жена де феминистка де не е, и она за три дена ќе се заборави, ама греота жена му што ни крива ни дужна тоа и направи, па уште и гнасни теории за неа може и она не чинела и имало во нејзе вина воопшто не доликува да де пишуваат. Приберете се.
Не барам никој да ми објаснува. На разврат животот нема да ме научи, ниту толеранција за развратни дејствија..Животот не ме учи. Се учам сам себеси на дисциплина и морални вредности. Деца се прават и раѓаат во брак. Токму поради вакви случки. Незрели се во случајов дегенериков и неговата му сопруга. Не бре какви филмови. Само спомнав дека не е светица и дека и таа има вина, не во случкава туку таа е виновна што сега треба да трпи таа и тоа во стомакот... Незнам воопшто кој со здрав разум би земал ваков дегенерик па уште и дете направиле. Не е од вчера сигурно занела каков е. По дискусија се познава човек што сорта е. Разбирам 20 години брак па се мрднал со памет се сменил ова она. Ама по 2 месеци.... Немам коментар.
Па во право е ако имал такви пријави што понатаму? Сигурно е воспитувана да не зборе многу ако не ја спречило после се, да се земам со некој што сликал некоја гола и бил пријавен поради манијачки работи? Никако.
Не туку грешно сфаќаш. Таа не е виновна за ситуацијава. Туку е виновна што сега треба да трпи стресови таа и тоа во стомакот. Сигурно со стројници не и го донеле дома на сила да го земе. Логично е. Останала бремена и се земале.
Па добро сите не сме психолози како вас. Вие веднаш и направивте и психолошки профил на жената. Таков ни е менталитетот.Бабетини на чешма.
Е вака во ред. Ама првиот пост што го напиша... Толку им сечело, се гледало каква е, останала бремена па се земале...
Епа сигурно не останала бремена од мастурбација нели? Свесно го направиле тоа и се земале. Човек кој е здраворазумен прво создава услов, наоѓа добар партнер воедно и добар родител за неговите потомци. А не така на слепо ајдеее се фатиле во врска останала бремена и после вака биднало епа ќе биде што очекуваат.
Жената дур сама не се изјасни, ако сака, ние немаме поима што и како таа мисли. Сите тргаме од себе...