Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јавно објавување на приватни работи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од KateKane, 14 октомври 2020.

  1. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Добро, се случило, згрешила, нема назад сега(во смисла за бременоста) ама може да се разведе и да продолжи со колку толку нормален живот. Не е единствена што бремена сопругот ја изневерувал. Тоа е, никој не сака да се најде во таква ситуација ама на секого може да ни се случи.


    Лесно е да солиме памет на анонимен форум, ама јас вака, јас така, па како можела овој да го земе за маж, не гледала ли не слушала ли каков е.. Ете го зела за маж и ја оставил бремена и да се утепа ли сега?
    Валда ќе проба да си го среди животот жената без овој. Ние освен да и посакаме се најдобро нејзе и на бебето, ништо друго не можеме да и поправиме.
     
    На sj *O*, tessie, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.987
    Не, жените се воспитани да не бидат "жигосани".
    Мажите се троа друкше воспитувани.
    Она знаеш, сељачконо, бравата и мастер клучот, и тако то :)
     
    На sj *O*, kim.k, tessie и 5 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.987
    Стварно не е ок да ја "судиме" неа.
    Жената не е никако виновна во ситуацијава, единствена целосна жртва е.

    Едно е да ја збориме госпоЖа, сори, госпоЈца Фроска, и дркојебач.

    @Someonespecial никој не ја велича Фроскава, не знам за други објави, ама и во оваа објава прилично ниско зборува за жената, така што далеку е таа од некаква хероина.
    Арна замисла, тотално лоша изведба, според мене :)
     
    На sj *O*, smooch, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.294
    Допаѓања:
    33.599
    Пол:
    Женски
    Ќе и се поклонев на Фросе ако разговорот и го покажеше на жена му на Стефан или некако ја предупредеше за да ја заштити како жена.

    Вака?! Ми остави впечаток на искомплексирана, исфрустрирана др*ља. Види ме колку сум преинтелигентна, го наведов да каже зошто ми пишува (ко небаре женет маж и пишува за дупликат сликички од животинско царство), сака да ме ебе. Браво.
    Најдно дна ми е моментот кога суптилно целото внимание го трга од идиотот и го насочува кон "неговата кутра женичка". "Уф, цела среќа што не сум како неа, па да бидам заебана." "Препаметна сум за да може некој да ме зезне во животот, затоа јас не се мажам."
    Милион директни навреди кон жена му на идиотов, воедно и до сите мажени жени. Оти сите шо сме мажени сме преглупи. И на 90% од нас што сме мажени, мажите ни се како Стефан, може и полошо, тој почекал барем 1 месец од брак за да пишува на други, нашите можеби ни толку не чекале.

    И колку и да се правиме сите open minded и колку и да се правиме дека уво не не боли кој што би зборувал за нас, јас верувам дека на никој не му е сеедно. Не за муабетите на Жане и Цена од работа.
    Би ме болела мајка ми, татко ми, брат ми, блиските мои. Ова не е повредување и навреда само за жена му на идиотот, за сите нејзини блиски е.

    За идиотот нема да искоментирам ништо, не е ни вреден за коментирање.

    Витали дај брат олади малку.
    Темелот на христијанството е љубовта кон ближниот и простувањето. Не осудата.
    Ич не сакам да сум оф топик, ако сакаш дискусијава ќе ја продолжиме во друга тема.
     
    На sj *O*, Harper, calliope и 22 други им се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Слободно. Во која тема и да сакаш или во лп. Само се е кажано од твоја страна ако мислиш дека според Христијанството развратни дејствија не треба да се санкционираат и слично. За некои од нив и смртна казна следува така да не ја мешај љубовта кон ближниот и простувањето овде.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно некои не се читате што пишувате.
    Туѓ живот од корен да се истражува, кога започнале врска, кога забременила, кога се земале, за со тоа да ја осудиш единствената страна која никако не била инволвирана во амебовидниов муабет, треба тоталка да си без осет. Дали сте вие свесни што правите со овие муабети или само да се пише што ќе ви свирне?

    Заслужувате бан и двајцата кои го пишувате муабетов (се знаете кои сте).
    Траен, затоа што од вакви не мрднуваме од оваа точка на размислувања од 15ти век во која сме вкопани.

    Друго, не постои поглупо прашање од тоа „Ако тој не мислел на жена му, што има јас да му ја мислам?“.
    Не знам, можеби затоа што е decent thing да ја чукнеш тиквата пред да нанесеш зло на недужна особа на начин на кој ќе си ги решиш само сопствените проблеми и потреба за его буст.

    И трето типкава со новиот статус .. дно.
    Не ја коментирам повеќе.
    Доста ѝ е слава.
     
    Последна измена: 16 октомври 2020
    На sj *O*, SandStorm, calliope и 18 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Нека биди колку сака неверен мајмунот, никој не му брани.
    Ама не да оди наоколу и да и' нуди секс на секоја рендом.

    Прв пат и пишува и право сакал да ја ебе.

    Знаеш кој прави така? Оние што си ги покажуваат полжавите по улици.
    Има и име за нив: Манијаци!
     
    На sj *O*, felisitas, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.627
    Пол:
    Женски
    Само вака за дегенерициве гадни.
    Никој се нема стопирано од нечиј блок у намерите да пише на следната која му е на пик, ама затоа со ваков шејминг, и те како ќе се подзамисли. И он и сите оние кои се силат и постираат поддршка за него.
    Кога видов кој се го споделува, се домаќин до домаќин.
     
    На sj *O*, kim.k, felisitas и 6 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Викам јас дека најмалку 90%, барем еднаш изневериле во брак,.
     
    На sj *O*, lovestoneddd, dankee и 4 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.987
    Или барем сакаат :)
    Сериозно, се надевам дека финтициве вакви не палат кај скоро никоја.
     
    На WildMk, sj *O*, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  11. DACIA

    DACIA Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2017
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Машки
    Можеби се изразив ептен недолично во претходните страни на темава.
    Како и да е, во приказнава мислам дека подебелиот крај го крка доточнава. Цел ФБ врие со зафрканции на нејзина сметка.
    FB_IMG_1602824327351.jpg FB_IMG_1602824337267.jpg FB_IMG_1602824346926.jpg
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.548
    Допаѓања:
    115.326
    Пол:
    Женски
    Чекајте малку.. он неа и предлага да се сретнат за секс, нит ја знае нит ја познава, ја спушта на ниво на лесна женска, дека одма ќе му даде јер нели е 21 век, женскава (која и да е не е битно) упорно го одбива и сега зашто има храброст да го избрука пред цел народ, неа ја вреѓате? Ало бре.. ова ко оној вицот : Удри ја Маро швалерката, она нас брак ќе ни растура.
    Типот сам не си ја цени жена му, со профил на кој на профилна има слика од црквено венчавање и се пушта на друга, он не размислува што и прави на жена му трудна, ама некоја рендом девојка или жена која нит ја знае нит ја познава треба да се секира за неа. Ај доста веќе. Каква била Фросе во животот не е битно. Ама баш тие што се премачкани со 1000 бои имаат храброст и вака да направат. Доста е веќе секоја будала да мисли дека е јак ебач и да пишува и да замара..
     
    Последна измена: 16 октомври 2020
    На smooch, Blackandwhite123, SandStorm и 16 други им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.548
    Допаѓања:
    115.326
    Пол:
    Женски
    Види типов се заебал што пишал од вистински профил. Тип кој знае како да вара, а да не се дознае кој е и да се пушта по мрежи, а да не знае жена му, прави друг профил. И прави друг муабет.

    Ама изгледа на гревов му рекле, ооо баци сега со бурма на рака како ке е... на страна. Знаеш каков плен ќе бидеш за жени, уф уф.. и уште мастилото на потпиост не се исушило, он одма си ја сфатил работава готово, сега има партал да правам. Ама не иде бе така друже.. ја утна на велико работата.
     
    На sj *O*, SandStorm, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Нена, никој не ја руга неа како индивидуа и како припадник на женски пол. Туку го спори делото.
    Тоа е исто како на силувач, да му го попушиш со согласност, завршите работа исто со согласност, и на крајот од сексот го оптужиш за силување. Дури и судот би бил на страната на ,,силувачот", затоа што постоела согласност, но сплет на околности решава жртвава да мисли дека е. Границите се поставуваат од старт, или го сакаш нештото или не, ако не сакаш да бидеш мета на вакви личности, нема воопшто да навлагаш во дискусија. Мислам што очекуваше на нејзиното прашање ,,Ти се ебе?". Не, бе, ме чешаат јајцата само. Секој ќе одговори дека му се ебе.
    Јас дадов пример пред некоја страна, едноставно не сакам да се замарам со личности кои не ги познавам. Типката знае каде води разговорот, не е глупа и намерно го води со цел да извлече информација.
    Воопшто не е невин потегот. Токму затоа не сакам да го оправдам делото.
    Значи не го оправдувам него, туку секој може да си проба, без разлика дали е женет или не. Ако некој треба да суди, тоа е неговата сопруга, за неа можеби е во ред да си пишува со други и тоа е целосно нејзино право.
     
    На ElenaOfRivendell и Pixi5 им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.548
    Допаѓања:
    115.326
    Пол:
    Женски
    Ама зашто ја мешате сами жена му??Зашто?? Еве и да го навлекла на муабетот, кој е крив тука? Кој е женетитот со обврски тука?? Тоа дека на некоја ќе и е гајле за жена му на некој рендом лик мало морген. Зашто и како го објавила, дали ќе има тужби или не тоа не се замарам ама дека ова беше супер за да се замислат пред да досаѓаат во инбокс, супер е.
     
    На sj *O*, SandStorm, senza.parole и 8 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.987
    Ами за мене не е право да си пишува кој стигне и да замара.
    Затоа реков, работава станала работа и на Фроска, тогаш кога и' пишал.
     
    На sj *O*, Nausicaa, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Тој е женет со обврски, но не према мене или тебе. Затоа велам, да ја оставиме жена му да му суди.
    Ја мешам жена му, затоа што и Фросина ја меша. Целиот разговор е затоа што он е женет. Тебе, мене не би ни се допаднало нашите партнери да пишуваат со други, меѓутоа некој нема ништо против.
    Пак ќе дадам пример, ми пишува некој така. Едно обично, како си. Ако продолжам со комуникација и му кажам на сопругот, одговорот ќе биде, па што му враќаш, пушти го, будала.
    На крајот од денот, мене совеста ќе ми биде чиста, а за неговото дело, друг нека му суди.
     
    На BloodElf му/ѝ се допаѓа ова.
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Е за ова се согласуваме целосно.
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.987
    Па еве моја работа станува кога некој женет ме замара, и иритира тоа.
    Можеби тебе ти е најарно игнор, и ок, твое е тоа.
    Ама ако на Фроска, или било која друга жена, и е преку тасе од таквите, нема зашто да не го руга НЕГО.

    Нема што жена му да ја мешаме, таа нема врска со ништо од ова, ама пошто тој некој нас не' вмешал без да побараме, можеме да го изразиме нашиот револт од неговата постапка.

    Каква е Фроса е скроз небитно, не е ова нешто што само неа и' се случило, која и да е и каква и да е, има право да биде револтирана од вакви мрсулковци.
     
    На sj *O*, kim.k, SandStorm и 6 други им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    А како тоа да не ја мешаме жена му, кога самава Фросина ја зборува во пораките и во постот.
    Ако некој ви се заканува, ве следи, омаловажува...слободно објавувајте го и ставете го на тапет. Да ставите на тапет личност дека ја изневерува жена му, а со тоа и жена му, апсолутно не е ваша работа. Не знам како не сфаќате. Па уште погоре некој пишал одма да го разведе. Самата ќе си одлучи како ќе постапи под свои околности. Дошло ред рандом луѓе на интернет да и кажуваат што да прави.

    Читам демек мажов сликал девојчиња ли тепал не знам што. Ако е тоа вистина, тогаш токму тоа треба да се објави. Во моментот е само рекла казала да се добие некоја друга димензија на случајов.

    Пак ќе кажам. Дали нечиј партнер е или не изневерувач, апсолутно не е наша работа, се додека другиот партнер не побара од нас мислење. Вака сме ко стрини на селска чешма. Зошто тоа беше финтата на објавата нели, дека е изневерувач. Не дека ја напиња, не дека ја навредил, туку тазе женет ја барал нејзината матка. Што и нема везе муабетот, пи*ка бара не матка, ама ај.. И ајде сите добивме лекција дека нашите мажи прават вака, а они никад нема да пишат на друго девојче. Смешки живи
     
    На sj *O*, Harper, calliope и 12 други им се допаѓа ова.