Абе жена на жена волк и тоа било ок... Фросето како жена, која многу лесно може да се најде во иста ситуација како засегнатата страна без разлика она што лупета, она што можела таа најдобро да направи е да ја исконтактира жена му. Сепак таа се одлучува да прави сензација од тој брак и ја обележува девојката за навек, не само неа, туку и нероденото дете. Од сега натака сите што ја знаат жена му, ќе велат "абе ја знаете таа на времето маж и скандал што имаше со една на интернет" и за детето исто - "абе тој/таа е син/ќерка на тие со скандалот на интернет ти текнува?" Да маж и е говедо и апсолутно не ја ценел, ама па која е Фросе да прави таква јавна сензација од истото?
Нема вина!! Што е таа виновна што овој се сељачел. Па можеле и да се земат па после година две да остане трудна и тој тогаш да го направи истото. Тогаш немаше да е виновна или? Не ни навлегувам веќе во дискусија. Типов сељак стварно ама ние бетер сељаци. Цела анализа се направи, па пријави имало за него, па таа била со дијагноза, боже сачувај испадна работава. Штета на лошата изведба ама ете сепак доби на популарност. Се повеќе ќе пропаѓа со своите муабети и статуси и ќе се сили ама ќе падне ниско. Мене нејзините муабети ми се ниски. И во суштина ако несака да и пишуваат има опција и за тоа а не да прифаќа и познати и непознати бидејќи секогаш ќе се најде некоја будала што ќе пише.
@GrimTheReaper Јас знам за ситуација каде слободна девојка и пишува директ на жена му. Знаеш што се дешава?? Женава не ја остави после на раат , ти не знаеш какви закани имаше девојкава. Сакајки да и укаже да биде нели совесна да не ја брука во јавност си налепи таква беља, подобро да не знаеш. Инаку јас сум слободна, не сум мажена и не можам да ти опишам што не сум добивала во инбокс. И до сега колку бракови ќе сум разведела. Ама ете не сум јас како дотичната да објавувам зашто не ми требаат овие стресови. А она си знае зашто и со кој памет објавила и напишала.
Уште ова ќе го додадам. Кога жената ќе го фати мажот како го изневерува сите совети беа во стилот "ама нема што ти да пишуваш на швалерката" "ти си имаш проблем со мажот" " не паѓај ниско за да и пишеш или кажеш дека знаеш" и бла бла. Зошто никој тогаш не посоветува оцрни го копилето што вара и таа што се фукса со женет. Зошто никој не рече објави јавно и сл. Па уште ако пишеше трудна сум маж ми ме вара. Сите одма не се замарај мисли на бебето. А сега мислеше ли некој. Ја оставивте ли на раат. Цела Македонија се распрдава со слики и статуси од нив.
Ама кој ја поддржа Фросина во сликите/коментарите за жена му? Ако ја читаш темата, ќе видиш дека никој не вика брао Фрос, така и' треба, напротив. Апсолутно можеше се' ова да го направи без да ја замешува, ниту слики од неа да става, ниту да ја коментира. А за него што сака тоа ќе каже, пошто сакала или не - тој веќе и' се обратил.
Е така де, ја цел реферат пишав за тоа. И тоа јас го искусив на своја кожа. Затоа треба да знаеме само кај ни е на нас чергата. Тоа не е наша работа, ако некој сака да биде будала и да му мачкаат очи, јас немам ништо против, ама ништо. Не е мој брак, не е мој партнер. Доволно ми е да си го гледам мојот живот.
Леле па од ова твитов коа испадна со мислењево: Што има некоја да мисли на жена му, коа он не мисли на нејзе, па сега као сите се водите според тоа. Ми се крева косата. И реално да така е, ама не ја гледате позадината на Фроса и затоа така размислувате. Типката сакаше да стекне само слава и да го сврти вниманието кон себе со лажен феминизам. И еве успеа во тоа, веќе цела недела се збори за неа секаде, еве и тука скоро 40 страни се испишаа, целта е постигната. Плус најлошо нешто е јавно да оцрниш некоја личност која е ни крива ни должна за тоа.
И уште една работа што сакав да ја споделам. Идејата на фејсбук е да склучуваш пријателства. Кога беа почетоците на фб, во пријатели имав само странци од цел свет, ќорав македонец немаше. Женети, неженети, секакви. Комуницирав со сите, си го вежбав англискиот. На некои им го дадов и скајпот. Си зборевме за различните култури, филмови, буквално се, обични невини муабети. Само доколку ни дојде некој дома, со куро в'рака, тогаш може да го окарактеризираме како вознемирување. Немаме избор, пред врата ни е. На социјалните мрежи, со оглед дека постои опција блок, сето тоа е упростено. Доколку не сакате да склучувате пријателства на социјални мрежи, ви преостанува да ги избришете своите акаунти. Секој ќе се обиде да комуницира со вас, побогу тоа е и идејата. На профилна слика не ви пишува, стоп за женети, идиоти, силувачи. Единствената заштита е апстиненција од социјални мрежи.
Добро утро. Да видите какви сограѓани имате, нешто менталитет ау бау што кршев прсти да објаснувам, зошто е потребно да се спречи фри пас за некој оти има машки род, зошто не треба да се дефокусираме од него, зошто да се води дискусијата за тоа колку не ги мислат виновни голем дел од популацијата и сл. Пред да ме нападнете, ова се ЈАВНИ коментари на ЈАВЕН портал, што значи секој што ги пишува ЗНАЕ дека можеме сите да ги прочитаме.
Сите коментари се само доказ дека работава е иаклучиво за сеир, тепање досада и немање попаметна работа. Ништо нема да смени во основа.
@KateKane ај батали. Одовде морници ме лазат, еве не можам да разберам зошто имате потреба да ја пуштите таа поганост дома, на монитор, на мобилен, кај било. Не мислам дека 90% од популацијата е таква. Мислам дека 90% од ФБ популацијата е таква. Ко да немаме доволно отрови во животот, уште да им придаваме гласност и видливост на тие што требало да си седат во пештерата и да немаат пристап на интернет.
Биљарке, ради стокава што Кате ја постирала, престанав да користам фејс, зашто е плодно тло за сељачаана, простаци, манијаци и затуцани жентурии. Зашто црева ми се превртуваат. Ама дали е решение да избегнуваме платформа, тоа е прашањето. Оттаму беше и споредбата со се' останато, дали нашата слобода треба да ја ограничуваме поради идиотите околу нас?
Камелија, слободата воопшто не ти е ускратена. Постојат алатки за приватност. Блок и заштита на профилот да го гледаат само пријатели, да ти праќаат понуда само пријатели на пријатели. Секој има право да има социјална мрежа, поентата е ти како би се заштитила себе од предатори. Зошто го пишувам ова вака лабаво... затоа што се штитам сама себе. Edit. Пораките од не-пријатели, стигаат на друго место во сандачето. Слободно може никогаш да не го отвориш.
Решение е, кога плаформата е крива за таквото однесување, уште и го промовира и самиот модел на платформата директно придонесува за тоа. Зарем ќе отидеш во локал или на настан кај што е истата таа екипа? Сигурно не. Зошто тогаш да се ставашна нивни досег. Апсолутно не мораш да ги имаш за пријатели, не мораш да им одговараш на пораки, доволно е да ги погледнеш рекламите со кои те таргетира мрежата, вестите кои доаѓаат до тебе и коментарите под тие вести и ти веќе си бомбардирана со мислења како горните. И не може ни една да ми каже дека не ја афектираат, дека не чувствува лутина, нервоза, бес на таквите мислења. Зарем свесно секој ден ќе се изложуваш на таков стрес само за да "бидеш на платформата". Ајде, јас и ти сме возрасни жени, нејголем проблем е како тие платформи афектираат тинејџерки, девојчиња кои тек се во развој, чии ментален склоп се уште не е доволно силен да се одбрани од такви навреди, и напади. Првото нешто што ќе научат тие е дека се гадни затоа што се жени. Прво што ќе прочитаат се чисти навреди кон жените. Тоа е непоправлива штета. Чист отров.
Типот е идиот,ама и таа Фросе лошо постапи. Никој не помислува на здравјето на трудната жена. Не е во ред јавно да се објавуваат приватни разговори. Понекогаш мислиме дека со објавување на некоја информација ќе направиме некому добро,ќе му отвориме очи,а попатно и некој друг ќе спасиме.Но,не помислуваме дека може да се случи обратното. Може да се случи повредената страна да страда и да си наштети себеси. Приватните проблеми не се проблеми на јавноста.Јавноста не треба да ги знае,туку само засегнатите страни.
Тоа и го реков, баш заради тоа што ме афектираат, престанав да ја користам платформата. Те разбирам, ќе избегнам локал кај што се збираат морониве, ама дали треба и да поминам од другата страна на тротоарот, за да ги избегнам? Пак е тоа ограничување на моја слобода на движење, за оставање простор на ваквите. Како да сум јас крива, а не тие.