Те разбирам. Не си ти крива, ти си умна. За жал интелигеницијата и репродукцијата се обратно-пропорционални, како што знаеме од рекламата за наталитет на ВМРО Дај законот @WildMk ќе ти кажам што мислам до вечер
Погледајте го документарецот на Netflix Social dilema . Нема приватност на социјлни мрежи. @WildMk не со тие куршуми. Аман , па видиш дека во вукојебинава Фросе е курвата, жената светицата а ропакот јебига си барал , негово право.
@Biljarkata стварно ли мислиш дека само 10% од популацијата вака размислува во Македонија? Па мене ми се чини да стварно беше толку друга држава ќе бевме, и може немаше сите да бегаат надвор. Популацијата на фејсбук е истата што е на улица. Социјалните мрежи се просто платформа за тоа што си лежи внатре се истури и надвор, и на начин што ќе допре и до мене и тебе и секој што ќе го види скрин шотот, за разлика од на улица каде што веројатно не ни имаш контакт со некој таков. Социјалните мрежи и те како го извадија на изволте најтрулото од менталитетот, и подобро такви скриншотови да стојат како потсетник. Можам да избришам фејс, може да не читам такви работи ама ништо нема да го смени фактот дека добар дел од луѓето што ми биле и соученици, и тие со кои се возам во бус и со кои ќе седнам во ист кафич, главното што би го извадиле од приказнава е дека Фросе е *тиит* (внеси сочна и дескриптивна придавка по желба). Само зашто не ми се блиски, не значи дека не ми се во близина, и искрено бар мене тој факт ми е страшен, и не е зошто сум нежна снегулка. Шовинизмот е страшно нормализиран.
Што ќе ти е, кога можеш да се заштитиш. Таков закон е доволен, само доколку се работи за наивни и невини деца и педофилија. Ти си возрасна и си свесна во што се впушташ и би требало да знаеш за условите на приватност. Проблемот е на улица како да се заштитиш. Тука со еден блок си целосно заштитен, а на улица? Капуера, пепер спреј, што? Инаку, кога бев помала заебавав еден по телефон. Ми се јавија од полициска станица, навистина, затоа што бројот го проверив на информации. Така да, обрати се на право место и ќе ја имаш.
Да, ако тоа е решението. Сепак, главната цел ти е себе си да се заштитиш. Постојат секакви психопати и ќе продолжат да постојат. Луѓе знаат дека можат доживитно да завршат во затвор, па пак крадат, убиваат, силуваат, итн. За многу не постои лекција, спас, помош. Тоа е реалноста. Наше е да се заштитиме себе си на секаков можеш начин, макар и некористење социјални мрежи, што и не е така страшно решение уствари.
Кој закон? Веќе постоечки? Возрасна и свесна бев, па ме силуваа. Има предатори што напаѓаат и возрасни жени.
Па јас ти зборам за на социјална мрежа како да се заштитиш. А на улица, каква сакај биди, можеш да бидеш мета на секого, е таму јас не знам како да се заштитиш.
Не е само наше Поинаку е ако има закон. Не сите се толку храбри да го кршат. Плус, правдата значи правна санкција, не одмазда со објавување туѓи информации (како во случајов), или да го претепаш тој што ќе ти згреши. Правниот систем е измислен за луѓето да не се одмаздуваат еден на друг. .... и не е совршен и треба да се адаптира на секое време и новите околности во кое функционира одредено општество.
Со закон. Според кој ќе може да го тужиш тој што те вознемирува. Дури сум и за означување како сексуални престапници и на оние кои на интернет сексуално вознемируваат.
Не се согласувам, знаеш зошто? Зашто од ова мислење стигаме до тоа - сама си го барала, кратка ѝ била сукњата.
Јас така гледам, останување е покорување на тоа малтретирање кое секако ќе го доживееш ако си на мрежата. Не постои ефективен механизам за борба и спречување затоа што креаторите на мрежата не ги интересира, ниту имаш регулаторно тело кое ќе ја преземе во свои раце таа регулација. Социјалните мрежи се насилни кон жените, милион истражувања тоа го имаат потврдено. Посебно Фејсбук, Фејсбук е дно. Нема поента постојано да се изложуваш на непосакувано насилство. Не сме мазохисти ваљда. Има напори од луѓе да се создадат попријателски социјални мрежи, тие напори вреди и да се разгледаат и да се поддржат. Точно дека нема да бидат Фејбук, ама додека не се донесат чисти регулативи, зарем ќе седиш и ќе се изложуваш на насилтво само за да бидеш "некаде"? Има причина зошто креаторите на тие социјални мрежи и луѓе кои работат на нив внимаваат на нивнотото користење, затоа што се свесни за нивната моќ. Едноставно, треба да имаш можност да се заштитиш од зборови кои не сакаш да ги чуеш. Дали уклучуваш вести по цел ден на ТВ затоа што имаш право да бидеш информирана, без разлика што содржината на тие вести не ти одговара и не сакаш да ги слушаш?
Лол, не. Не мораш да се согласуваш но факт е дека за многу ментални пореметувања нема лек. Тоа не значи дека е оправдување, едноставно има психопати. И џабе испревртуваш зборови кога воопшто не велам дека некој сам си го барал. Поентата ми е ако нешто што е просто како блок на фб, некористење на социјални мрежи или преминување на другата страна од улицата со цел да се заштитиш, тогаш паметно е тоа да го направиш.
Абе жено, како ќе те вознемирува некој ако не му дадеш пристап? Ај логички вака. Зошто мене не ме вознемируваат, туку разговорот останува на неговото како си. Па и слика со полов орган да ми прати, ќе се изнасмејам, ко да не сум видела во животов. Ти кажав проблемот единствено се малолетници, за нив треба возрасниот да укаже што е правилно и истите максимално да бидат заштитени и во виртуелен свет и во реален.
Абе нема шо јас да се исклучам од светот, оти имало манијаци. Тие се проблемот, не јас. Шо ако сакам да ми се отворени пораките? Има луѓе со кои комуницирам, а не ми се во пријатели, има луѓе кои ќе ме најдат после 20 години негледање и сакаат да ми се претстават кои се во порака. Не ја префрлај одговорноста на жртвите, треба да е на грбот на престапниците.
Ќе го цитирам само ова мислење: Затоа што Дајла кажала сѐ што мислам. Не е решението - не користи фејс, не иди во таа-и-таа кафана, не пуштај тв... Тоа се луѓе што живеат со и меѓу нас, не се некои таму, виртуелни фацки, па можеш да ги исклучиш од животот. Да, јас ги филтрирам со некористење на фејс, но само ги пикам под тепих, не ги отстранувам вистински, затоа што не можам сама да ги отстранам вистински.
Па пораките од не пријатели ти стигаат надвор од сандачето за пријателите, кладба? Шо мајка бараш да отвораш, ако знаеш дека е некоја будала. Треба метеор да не акне, за да ја спречиш таа појава. Како ќе дејствуваш на цел свет и на сите будали?
Не испревртувам ама баш ништо. “Паметно“ е да не носам сукњичка, за да некој психопат не си помисли “аууу, види ноџе, си бара сама дољичкава“, а не дали ти ќе помислиш дали сама сум си го барала. Како да се заштитам? Да не носам кратки сукњи? Јас сум крива што е тој психопат?