Реков луѓе што не ми се во пријатели. Не треба метеор, треба закон кој ќе санира барем дел од проблемов.
Нема врска то. Изговор е. Знаеш... Имам пишувано како бев облечена кога ми се случи, тоа што ми се случи. Фармерки, кошула од татко ми, патики, без шминка и косата во репче. И познаник ми беше.
И пак ќе повторам, потребни се законски регулативи. Нешто што 100 пати го реков. Ама до тогаш - најпаметно ти е таа борба да ја водиш ВОН социјалните мрежи, не НА нив. Плус моделот на социјалните мрежи е таков што не се погодни за активизам, никако. Затоа што ако како жена си се довела во ситуација да вршиш некој активизам на ФБ, а не доживуваш напади, 99.99% си западнала во echo chamber кај што истомислени другарки само се тапкате по рамо. Пак ќе кажам, фали едукација и за користење на социјалните мрежи кај нас, и за заштита кога сме на нив. Не е само отвори профил и се е кул. И најмногу најмногу од се сме должни да ги заштитиме децата затоа што Фејбук нема филтер на соджината. Кога ти се даде опција да филтрираш што читаш и што слушаш на ФБ, тогаш можеме да зборуваме за етичка мрежа. Во секоја кафана можеш да отидеш, ако си со друштво кое ти одговара, ама на ФБ без разлика од "друштвото" не можеш да се заштитиш од насилни коментари, однесувања и слично. Тоа е разликата. И мислам дека никако не можам да ви доволма дека не е проблем ни менталитет, ни однесување, ни луѓето. Проблем е мрежата што го дозволува тоа однесување. Зошто би била на нешто и би се борила за нешто што дозволува такво однесување?
Тоа локално го сметаш? ЕУ и САД се толку различни во регулативите што таа твоја изјава ми е тотално смешна.
Па тоа де. САД не покрива законски, ЕУ да. Не е битно во која држава каков закон има, ние можеме да си воведеме наши закони. Конкретно зборувам за ова што го дробам на темава.
Што основа ќе има тој закон објасни ми? Кога ќе изгубиш на суд, со самото твое враќање на пораките. Предаторот ќе биде пак заштитен. Туку треба едукација, не закон. Како да се заштитиме од предатори на социјални мрежи. Пак потенцирам, би играло улога само кај малолетници. Не знам ние како стоиме, но има една балканска група за откривање на педофилија на фб, што ги открива педофилите. Истите разговори се носат до полиција, има основа, и потоа следи затвор. Секој ден објавуваат и мило ми е што таквите си го добиваат тоа што го заслужиле. Ама тоа се деца!!! Ти како возрасна треба да знаеш дека не треба да си го ставаш животот на тапет и да споделуваш свашта со секого. Ако ништо друго, знаеш како да се едуцираш. Тоа е таа разлика. Не враќајте, блокирајте, мир за вас, мир во куќа, фрустрација за него.
Не е битно дали ќе му вратиш на некој или не. Битното е што има луѓе кои вознемируваат уште во прва порака. И ако до сега не си го науччила бенефитот од постоење на правен систем, тешко дека јас ќе ти го објаснам. Не е нов концепт, уште од Римското царство се практикува.
Не 'како си'. Оди читај по интеренетот, изгледај некое видео за опресијата на жените денес... придобивки од имање правен систем... зошто цел цивиллизиран свет има закони, и се осудува виџеланте правдата. Многу има за објаснување. Немам време.
Па џабе објаснуваш, кога немаш основа на своето барање. Друго е ти во реален свет да бараш правда. Ама за социјална мрежа? Смешно е. Никој со сила не те тера да имаш, ако се вознемируваш. Реалниот свет не можеш да го избегнеш, ама виртуелниот, И ТЕ КАКО.
Како бе мене не ме вознемируваат, јас не знам, навистина е ,,тешко" да се прилагодиш на виртуелноста. Едно знам, вратиш на таква порака, си го барам. Толку. Игнорирањето е мајка, да се вклучиш во дискусијата е маќеа.
Вака. Ти мисли си ко шо мислиш и остај ме мене да ја промовирам идејата во која верувам. Мислам дека ни треба додефинирање на законот за сексуално вознемирување, кој ќе важи и за на социјалните мрежи/интернет.
Не ми кажувај кај да ја промовирам идејата, може? Пошто форумот е место за размена на идеи и мислења. Зарем мора сакој пост да го објаснувам? Ако сакам да “дебатирам“ вака, ќе направам форум за деца до 14 години.
Фросе не е светица и жртва напатена. Убаво е што обзнанила, ама што ви е крива жената, зошто нејзиното лице да седи таму, па згора да биде нарекувана во деминутивчиња и исмејувана поради туѓа грешка? Цел комшилук и фамилија што ги знае ко најдомаќини, им се дешаваат вакви ствари. Глупи ли се? Не можела да се исече сликата на делот кадешто е жената, од таа круната ќе сфатевме дека е женет? Или замаглена слика од силуета на жената ако сакаме да повикаме на одговорност јер е момата евидентно бремена. Spoiler А за наназад шо се збореше за шо мислеше коа трудна остана, да ви кажам дека во првиот период од поранешниот брак не внимавав, мислев дека би била правилна работа, потоа кога почнаа прашалници во глава за некои нешта, внимавав и набљудував и тоа што излеговме од тоа без деца го сметам за резултат на работа и на аклот и на ксметот. Затоа никогаш не судам никому на темава. Ова е Македонија. Жената е и ќе биде сожалувана и угледот ѝ е нарушен јер во чкљ менталитет опстојуваме, не дека и направила услуга па да излезе срцка и многу елиџибл па одма сеа Супермени ќе се јават, туку не мал дел се со кај го нашла овој, што муабет го поттикнала и авторката.