5 минути слава. Не и требало потегов со јавно објавување. Ова се прави на фин, културен начин со директна комуникација со жената. Па она нека си реши што понатака. А зошто воопшто цурава навлегла во муабет ако била свесна дека типов ја бара само за секс И мене ме аднувале и ми пишувале мажи кои имаат профилна со жена и деца и знаете што ? Никогаш не сум им враќала на пораките. Зошто воопшто да губам време? Ова е намерно направено
Не му го оправдуваат? Отвори кај приказни од булеварот и читај коментари? И се плескало на оваа само сакала позната да се направи, ружна била и за плескање само, лебарка, не постоеле машки што не пишувале (од лик со двете негови деца на профилна слика), е шодека и пишал не ја изебал, да не претерувала, секоја жена требало правилно да биде изебана за да не и текнуваат вакви работи јавно да споделува итн итн. Отворете, јавен е профилот, слободно прочитајте. Oвде те цитирам, да не полниме СДК. Точно. Ќе пишуваш, ќе блокираш, ќе вмешуваш полиција која никако нема да реагира, ќе шернуваме, ќе бараме поддршка. И ќе наидуваш на коментари како погоренаведените. Затоа што со ќутење, неадресирање на проблемот, пикање на вакви работи под тепих имаме општество кое толерира вакви господа. А со јавно зборување и адресирање на проблемот, со отворени дебати и јавни форуми кои веќе почнаа невладини нашироко да ги организираат се даваат аргументи зошто ваквото размислување е погрешно. Ваквите работи се тие што го менуваат светот, почнало со тоа дека жените што носат црвен кармин не се вештерки,тоа поминало, за денес ова да е еден модерен проблем за кој исто мора да се збори. Мора, мора да се искорени тоа дека маж го личи да пишува, дека ова е нормално и дека жената што го објавила ова е курва, а таа што е изневерена е недомаќинка и неспособна мажот да си го задржи па затоа тој бара нешто на страна. Со ќутење не се искоренува нажалост. Ете Џони, гледаш на кое дереџе сме жениве? За жена да излезеше вака дека пишува на маж имаше да ја растргнат од сите страни, да и ебат матер, немаше да има пост во кој нема да ја плукаат. Овие истиве од машки домаќински муабети за браќата нивни прст од мала нога ќе дадат, ама ако изневерениот човек беше маж имаше очите на таа што изневерува да и ги извадат. Тоа е светот во кој живееме. И мора да се смени тоа. Пак ќе повторам, иако сметам дека нема поента да се брише оргиналниот пост бидејќи е јавен и досега многу пати споделен, ако модераторите сметаат дека тоа е адекватно слободно нека го направат тоа. Ама јас пак ќе речам, јас лично не гледам поефективен начин да се спречи тоа ем ебан, ем тепан освен јасно дигање на глас на социјални мрежи. Без разлика дали ќе се избрише оргиналиот фејсбук пост или не, сметам дека ова е една убава дебата да се види до кај сме и што сме.
Во коментари кај оној Булеварот (ако стојат уште) Не е исто обичен чет со експлицитни фотографии, не дека е и она во право, можела бар ликот на жената да го сокрие ама не може да се споредуваат.
Исто е. Приватна информација, е приватна информација. Абе ко да сакате да ве шпиунираат!? А за тоа што прислушкуваа разговори, не ви чинеше. Мислете тро да му се сневиди. Не валидизирајте криминал.
https://www.facebook.com/385541621464400/posts/3651265881558608/ Оди Европо, не не чекај. Може потегот на Фросина не е во ред, ама коментарите на постот се 100 пати помножено со тоа. И не, не оти е жена.
Ете го општеството за кое зборам јас, нажалост. Одма се преврти цел свет неа да ја оцрни, да ја омаловажи, да и извади валкан веш, а него да го оправдаат дека е машко и го личи да пишува на други. Ех...
Ама таа сама им даде дозвола со тоа што таа објави. Ако смее таа, смеат и другите за нејзе да објавуваат. Просто е ко грав.
Не ги знам точно полисите на фб, ама профилите се јавни секако, ако идеме во таа насока, кривично дело имаш само за објавување лични податоци, четов не знам како би се класифицирал(башка што е лично нејзин) Од друга страна сликиве се ширење и дистрибуција на порнографски материјал, сосема друго дело.
За да друг мајмун што исто многу веројатно ремети жени по пораки, не ти направи монтажа? Мислам дека целта на тоа да се објави јавно а не само да ја исконтактира сопругата, е фактот дека вакви има со лопата да ги ринеш, и се жив отров. Ако почнат да се објавуваат со име и презиме ама онака на редовна база од повеќе девојки, може ем нивните партнерки да ги шутнат ко што им треба, ем други девојки ќе знаат да бегаат што подалеку од нив, ем многу веројатно помалку ќе замараат. Само гласно размислувам.
Жал ми е за сопругата, жртва обострана. Кај тој мајмун мајмуносан, ама и оваа attention whore, шо и е крива жената, цела Македонија да знае за нивниот брак. Двајцата глуперди.
Фросина му пишувала и на министерот Димитров. Министерот има жена и дечиња. Ако и ова е вистина, тогаш стварно немам коментар. Срамно е некој-а во брак или слободен, да се пушта на некој-а во брак или вон брак.
Така е Вајлд. Со самото тоа што таа објави дека женет маж ја бара за секс, а ваму има богородици на фејсбук, икони и фрла отров веројатно кон се што е женско и нарекува курва и споделување и дистрибуирање порнографски материјал е исто. Да продолжиме да учествуваме во ваков менталитет, каде океј е да пишуваат, замараат жени и нив никако да не им текне да писнат околу тоа пошто одма другарчињата ќе рипнат во одбрана и ќе го нормализираат сето тоа. Да си продолжиме со ќути машко е, сите пишуваат, ќути и гледај си го бракот, ќути и не дозволувај некоја од страна да ти го расипе, ќути оти го личи, ќути си и биди благодарна што дома пари ти носи, за се ќути си. Цел живот ќути за да не си мета на македонштина. Немој син мајкин одговорност да треба да сноси. Имаше на твитер пред некое време сличен ваков случај, каде еден на жена и имаше цел реферат напишано што и како сака да и прави, иако жената неколку пати му имаше речено да прекине. Коментарите долу хихихих, хахахаха, па се е јасно напишано, па што става слики ако нејќе да и пишуваат.... И после оти јавни соби, оти никаква правна одговорност кон администраторите, оти шејмање на жени, оти се што трпиме оти не сме се родиле со ху.
Пуштање по социјални мрежи не е ништо ново и нешто невидено. Секојдневие ни е, има и мрежи само за таа намена. Сосем нормално е низ цел свет. Не е дека дечкото е прв кој е женет и пишува на други жени. Неверството постои и ќе постои. Конкретно за ситуацијава, се сложувам дека Фросина прво требало да ја извести жена му, а потоа доколку има потреба да се објави на фб. Ова со скриновите не може никој ништо. Отворете разни јутуб драми и видеа кои се полни со скринови од конверзации. Ги разбирам и двете страни искрено. Но, треба да се престане со тоа дека ако е маж да се пушта на се што мрда. Сум имала лични случаеви со мажи, упорни кои ни ги прифаќам ни и враќам. Блок е решение, да. Ама до кога? Додека не те види на пат и не ти каже нешто? За коментарите на сликата што ја ставив ми се повраќа. Овие се мажи, татковци. Така ги воспитуваат ќерките дома? Да враќаат на секакви психопати? На крај на денот никој не го навреди со погрдни зборови (како к*пиле) овој Стефан кај Фросина. Ама, менталитетот смешен нема за што да се фатат па прават лажни конверзации и ја вреѓаат на личен изглед. Крајно бедно.
Не прописите на фб, до принцип е. До закони е. Закон за заштита на приватни податоци. На кого сеуште треба да се работи, пошто сме назад 50 години, ко за се' друго.
Кејт, пишав погоре, и друг пат сум пишувала, ни некој има право да ми испрати експлицитна слика, без јас да му побарам; Ни некој има право да објавува туѓи приватни податоци. Не знам што не ви е јасно?