@tessie сите го осудивме споделувањето на слики од/со сопругата, како и сите (било какви) коментари за неа. Никој, ама баш никој, не ја поддржа Фроска во глупостите за жената напишани.
Промовираш или сакаш? За промовирање чекаш друг да проба да се избори за тој идеал, ако сакаш, тогаш по некоја логика, превземи иницијатива, т.е стои на чело на толпата. Јаки сме сите зад тастатури, ама кога ќе дојде момент да се превземе нешто, чекаме од друг. Ако немаш намера да објаснуваш, зошто си на форум. Мене ми е интересно да ти пишувам.
Не, туку од твоето мислење произлегува тоа. Од тоа дека едно "здраво" е сексуално вознемирување после жртвите не ги сфаќаат сериозно и мислат дека преувеличуваат исто како тебе.
Ако човек земе за партнер таков сељак и дегенерик самиот си е виновен и треба да ги сноси последиците. Проблемот е што луѓе свесно се земаат со вакви дегенерици.
Еј дојде денот да се согласам со тебе, види тиии. Уште ако се точни тврдењата дека дегенов бил пријавуван за манијакање и претходно, за вознемирување на комшиката... Едноставно не може да не знае. Не секој е за жалење и по секоја цена.
Којзнае дали е вистина дека поднеле тужба за Фросето. Медиумиве сега очи ќе извадат се што треба и не треба да напишат.
никако не е во ред , ако толку сакала да и отвори очи на девојката пиши и приватно не вака, кај ја избрука девојката и самата себе се избрука ..
Погрешен пристап и најмалиот крај го изеде мажот. Најмногу етикети на жените се залепија од коишто сопругата ама ич не си го бараше. Додека натпревар меѓу жени и пет минути слава се поважни од вистински феминизам и држење на жените меѓу себе и сестринска љубов, ќе има уште многу вакви случаи.
И ти кралице на форумот, само ти имаш право да изнесуваш мислења. Сестринска љубов, колку убаво звучи.
Некои од твоите идеи се утопија. Ова е една од нив. Интернет е една работа. Социјална мрежа е друга работа. Како да ти објаснам. Интернет е автопат. Социјална мрежа е автобус. Прилично голем ама автобус. Некому припаѓа и тој некој ги дефинира правилата ВО автобусот. Автобусот треба да вози според дефинираните сообраќајни правила на државата, ама што се дешава внатре...хм... останува на шоферот. Отприлика. Постоеше автопат и пред автобусот. Многу подобар беше, од многу аспекти.
Тој твитот кој ја предупредува жената на возачот на автобусот, што го објаснував пред некоја страница заврши со ,,Сестринската љубов меѓу жените ќе победи." Прекрасен гест завршен со прекрасен детал.
Едно прашање имам.. Ако на улица некој ви каже здраво а притоа не го знаете и е маж тогаш што правите? а) Го игнорирате и си продолжувате по патот; б) Му одговарате со здраво, започнува комуникација, ви се пушта, го прашувате дали му се ебе... Потоа кревате врева викате дека ве вознемирува сексуално и цела јавност ве дознава?
c) Се јавувам одма кај некој близок да ми прави муабет на телефон и се молам на сите светци манијакот да не ми направи нешто пошто ако ми направи имам неколку опции, ниедна што не оди во мој прилог. Опција 1, да го пријавам во полиција, без никакви докази да не можат ништо да му направат оти видовме на насилници кои снимени претепаа девојче колку месеци им траеше казната. И по некое чудо ако го осудат, казната ќе биде минимална, а дури да го осудат шеќер ќе треба да качам. Идентитет негов нема да се дознае, ќе стравувам цел живот што ќе направи кога ќе излезе. Регистер на педофили и силувачи јавен немаме. Опција 2, да снимам и да објавам, па да можам да си добијам тужба оти го снимам без дозвола, да го објавам тоа и да предизвикам имплозија на интернет каде јас ќе бидам виновна ради различни работи, дали сама сум одела, дали сукња сум носела, што сум барала таму, маж бил да си пробал итн итн. Може и да ми извадат муабети што сум си правела некад, скриншоти, едно друго, да ме фотошопираат, да ми го загорчат дополнително животот. Опција 3 да кажам без да го снимам каде нема да ми се верува, веројатно сме се гледале, па сеа сум сакала да се одмаздам, ехехех, веројатно и се смачил на курвата затоа сеа плука по него. Да ми се извади сиот прљав веш што го имам досега пошто како смеам неговото височество, синот мајкин да го оцрнам, сум си го барала, што сум си надробила - тоа ќе си сркам. Опција 4 да ќутам, никој никогаш да не дознае, така ми се зачувани угледот и честа, никој не знае, можам да продолжам со животот, со тело кое нема да можам долго време да си го гледам, со нарушено ментално здравје, со трауми за цел живот. Ама честа и угледот ќе ги имам. А тој ќе си биде слободен на друго девојче да му го направи истото. Која од која поубава опција.
Тоа со обвинувањата дека се криви што можат да им пишуваат сите, т. е не им идат пораки во спам е исто како кога некоја жена ќе ја нападне на улица манијак и ќе речете Сама си е крива, што носела патец на лево, тоа го запалило затоа ја нападнал, го испровоцирала.
Не е исто воопшто. Тоа јас не го кажав и не сакам мојот став да се злоупотребува. Можеби толку сме опседнати со интернетот, што не знаеме да разграничиме виртуелно од реално. Во виртуелен свет, имаш моќ да превенираш, пред да се случи штетата. Во реален, немаш избор, ако некој те намерачи, бегај додека те држат нозе. Затоа и не го гледам како опасност, не е пред мене, не може да ми наштети, не знам како да објаснам. Ама знам дека не е во ред, да ги споредуваш моите мислења со нешто толку гнасно (за ситуацијата), затоа што никогаш не сум го помислила тоа.
Не е утопија да има закон кој регулира сексуално вознемирување на интернет. Има држави во кое е регулирано тоа. Лани во САД средношколка ја осудија за (некоај верзија) на убиство, затоа што булиувала соученичка која на крај си го одзеде животот. Само поради тоа што и' пишувала на интернет дека треба да се самоубие. ... не пак за сексуално вознемирување. Не е научна фантастика.